02.05.2012, 16:53 Медиумите на албански јазик со сомнежи за „Монструм“
Во написите се наведува дека меѓу уапсените има пензионери и жени, кои ни оддалеку не можат ниту да заличат на терористи
Медиумите на албански јазик настапуваат со сомнежи со доза на иронија во написите посветени на акцијата „Монструм“, во која беа уапсени 20 лица. При известувањето, новинарите особен акцент ставаат на тоа дека меѓу притворените има лица кои на полицијата, најверојатно, и' личеле на терористи. Се наведува и дека уапсените се под сомнение за петкратното убиство кај Смилковци, а дека кривично се гонат за тероризам.
„Пензионери, една повозрасна домаќинка од Липковско и граѓани со разни занаетчиски професии е билансот на акцијата на МВР изведена во понеделникот рано наутро“, пишува весникот „Коха“, во кој е пренесен и профилот на дел од уапсените. Овој весник се издвојува по тоа што има повеќе написи, информации, но и анализи за акцијата на МВР. Во вчерашното издание, не само печатеното, туку и електронското, покрај другите, се забележува и насловот „Убијците божем биле радикални исламисти“, кој уште во самиот почеток упатува на сомнежи. Во него се издвојува изјавата на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, дека се уапсени сторителите на петкратното убиство кај Смилковци“, но натаму додава дека „притворените се радикални исламисти кои се бореле во Пакистан и во Авганистан на страната на талибанците против НАТО“. Во пошироката анализа на овој весник се истакнува и дека Јанкулоска признала оти обвинетите немале мотив за петкратното убиство, туку дека го направиле за заплашување на населението“. На крајот од овој поопширен текст се прави и споредба со случајот „Раштански Лозја“ од пред десет години, во кој беа убиени Пакистанци, наводно, под сомнение за поврзаност со Ал Каеда.
Телевизијата Алсат-М информира повоздржано, пренесувајќи дека приведените вчера биле изведени пред истражен судија и дека се очекува да им биде одредена мерка притвор. Истовремено, истакнуваат и дека нема докази дека тие биле дел од петкратното убиство, но дека ќе биде поднесена кривична пријава за „тероризам“.
Неколку сомнежи се наведуваат и во едиторијалот на весникот „Лајмпрес“ во кој, исто така, се поставува прашањето каква може да биде улогата во терористички чин на 63-годишен човек или на повозрасна жена од Липковско, која живеела сама, бидејќи нејзините синови емигрирале во странство. Според овој весник, уште поголемо е сомневањето дека МВР немало сознанија за лицата кои се бореле против НАТО во Авганистан и во Пакистан, но и се додава дека можеби се работи за тоа дека полицијата знаела за нив, но дека чекала да ги разоткрие кога би имало случај како овој кај Смилковско Езеро. (Св.У.) |
|
Статијата е прочитана 5394 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 03.05.2012 00:23:39 | Pa ne samo Albanskite mediumi, i drugi mediumi, domasni a i stranski, pisuvaat za akcijata *Monstrum* so somnez. Ostanuva da se nadevame deka somnezite ne im se opravdani i deka celata akcija e na dobar kolosek. Dokolku ne e taka t.e somnezite ispadnat opravdani, togas ovaa Vlada, a so toa i celata drzava, ke se soocat so strasni rizici koj za da se odbegnat ke bide potrebna pregolema vestina pa i sreka. Se nadevam se dobro ke se odviva i dobro ke se zavrsi. |
| И., 03.05.2012 00:43:05 | Очекувано. Нема коментар за памфлетите од УЧК. Тоа, претпоставувам, не им се чинело вредно за споменување на медиумите на албански јазик. Секогаш е во прашање апсење невини граѓани. Типично. |
| Сите се невини нели, 03.05.2012 01:49:47 | Па вие отсекогаш сте се криете позади жени и деца. Погледнете ги снимките од СНН од 1999 и ќе видите кој се во првите борбени редови, жени, деца и старци. |
| dedo dimo, 03.05.2012 05:44:57 | Edno e sigurno .Albanskite novini kakoi sekogash gi podrzuvaat Abancite duri i togash koga se krivi ,vo sprotivno ,Makedonskite novini i komentari kako toj prviort e napagaat vlasta i odelor na ministerstvoto za vnatreshni rabotii milicijata .Na zalost ali toa e toj Makedonski sindrom.I koga se pravi dobro i koga se pravi zlo za po nekoj luge, sve ne e dobro. Izlezeni od pogreshna dupka. |
| Mihailo Malme Svedska, 03.05.2012 05:47:20 | Albancite mora da se branat kako umeat i znaat zatoa sto spored tezinata na deloto se frla sramna fleka i se stavaat na tapet preku niv site Albanci. Jas im cestitam na site subjekti koi ucestvuvaa vo rasvetluvanjeto na ovoj monstruozen i bezumen cin na nasilstvo. No istovremeno i stravuvam od scenarioto na rastanski lozja zatoa sto so Albancite nema sega i ne sakam ni da pomislam na posledicite ako se ispostavi deka policijata lisila od sloboda lica koi nemmaat nisto so ubistvoto na pettemina nevini Makedonci. Tuka ke ima nesogledlivi posledici za Makedonija kako na nacionalen taka i na megjunaroden plan. |
| mene, 03.05.2012 06:48:12 | Sto znaci da uapsish i da obvinish nekoj bez dokazi t.e. da obvinetiot ima dokazi i svedoci deka za vreme na ubistvoto na petoricata ne bil involviran.Od ova proizleguva deka ova diktatorska vlast ,koga apsi nevini(ushte ne e dokazhano so FAKTI deka tie bile involvirani),pogotovo gragjani od albanska pripadnost,po avtomatizam tie se krivi.Ako na ova praksa ne se sprotistavime ,utre nekoj gragjan od makedonski etnikum ke bide osuden bez fakti.Neka izleze nekoj od vlasta so dokazi da negira deka vo minatoto nemalo montirani procesi.Pozdrav |
| emili, 03.05.2012 07:02:02 | А кога албанците ќе кажат дека убиците се тероористи никогаш, па во 2001 година не знаееа што се случуваше во селата па и во косово 1999 година!!!Па албанците се борци за човекови права тие можат да пишуваат букви на грбот на луѓе, да вржат дваица вработени во хотел и заедно со хотел да ги разнесат,да вадат органи од Срби во косово и да ги криумчараат!!И сега кога ги кршеаа продавниците на Македонците во Гостивар никој албанец не ги осуди па тие се борци за човекови права и затоа можат да тепат човек пред неговото девет годишно дете!! Е тоа се борци за човекови права !!!!
ПС Имаат голема подршка од соросоидите и нивните портали и весници!!!! |
| Трпе, 03.05.2012 07:32:49 | Самобендисаната и пропагандна влада не вложува во патиштата тие им се дупка до дупка.Човек кога вози неможе да ужива во патувањето.Исто не вложува и во пругите за безбедна железница.Локомотивите несакајки им возат по иста пруга,само господ може да спаси поголем инцидент.Им откала техниката во 21 век. |
| Ohrid, 03.05.2012 07:59:48 | Sramota za bilo koj medium elektronskiili stampan da predpostavuva nevinost za vakvo delo terorizam,Policijata sigurno rabotela vrz osnova na dokazi, a ne na rekla kazala,ponataka ima istrazen sudija pa zavisi od negoviot naod,se odi po procedura,
Albanski mediumi od RM vo najmala raka sledetego primerot na ministerot Bujari |
| Читател, 03.05.2012 08:14:04 | Работава испаѓа дека терористите имаат одреден стил на облекување - маскирно секако, професионално се занимаваат со тероризам па идат на „работа“ секој ден од 8 -16ч и ако имате во комшии терорист одма ќе го препознаете. Барем тоа може да се заклучи читајќи го текстов. Да беше така, одма ќе го исчистевме светот од тероризам. В однос на сомнежите само може да кажам дека се надевам дека полицијата добро си ја завршила работата, обезбедила необориви докази и дека вината успешно ќе биде докажана на суд. Имавме веќе случај на укинување на пресуди за други терористички напади, и се надевам тоа нема да се повтори повеќе. А условите да не се случи тоа е професионално и фер судење и способен обвинител. |
| Avni, 03.05.2012 08:37:25 | Зрелоста и објективноста треба да се одлика на едно гласило. Зошто се демонстрира сомнеж и пристрасност етнички мотивирани. Ниту возраста, ниту полот на човекот не може да бидат услов за априори амнестирање на некого од одговорност. Вака интонирани информации одат свесно на реалцијата да се прават огради, да се релативизира вината дури и за вакви монструозност. Не е битно дали секој од дваесетмината стрелал во жртвите. Не е помала вината и на оние што биле дел од една организирана група верски фанатици. Тенденциозните новински информации треба да се толкуваат како злосторничка тенденција. |
| jimmy1, 03.05.2012 09:15:18 | Od gluposti nemoze nisto drugo da slusnime od ovie banditi. Zosto sekogas i za sve sto ke napravat siptarite nastojuvaat da gi zastitat, zarem ova nee dokaz deka mozebi imaat podrska ili se organizirani od nekoi sto imaat biznisi. Vo uapsenite imalo penzioneri, zeni i deca. Pa ako se penzioneri, zeni i deca zarem nemozat da pravat terorizam. Nema dokaz deka ne se vkluceni vo toa samo oti bile penzioneri, zeni i deca. Kolku zeni i deca imaat ucestvuvano vo samoubistveni napadi, im nema broj. Zosto ednas ne bidete realni i da gi okrivite za ona sto go imaat napraveno, zversko ubistvo. Zosto sekogas gi zastituvate ako se vasi, siptari, pa neli siptarite nasekade pravat najgolemi problemi, droga, ubistva, kriminal i red drugo, a vie gi stitite. Toa go pravat samo onie sto na nekoj nacin sto se vmesani vo toa, a ne medium, ako taka treba da ve narecam.
Opismenete se malku i treba da svatite deka ne se zivee uste vo 15 vek, bidete malu sovremeni i poasolni. Na vakvi treba narodot da im sudi |
| зоре танески скопје, 03.05.2012 09:23:55 | Па што очекувавте драги мли да почнат да фрлаат дра и камења по под наводници нивните браќа.Не би било чудно во тие медиуми се разбира дека има и по некој исламски фундаменталист и радикален исламист и вехабисти од висок ранг.Страчно но вистинито.Во македонија се е можно драги мои.Застрашувачки е што и некои од македонските новинарчиња потајно се сомневаат во веродостојноста на исказите на миснистерката Јанкуловска.Слушаат ,гледаат и не им се верува.Дали е тоа можно |
| Kantar, 03.05.2012 09:41:43 | Ako ne se ovie, togas sigurno znaete koi se. Predajte gi na policijata i nema da se cuvstvuvate vinovni site. Ili, celo vreme ste vo podrum i ne znaete sto vi se slucuva vo semejstvoto, vo sosedstvoto...? |
| ilir, 03.05.2012 09:42:10 | vcera napisav eden komentar vo vecer.mk vo vrska so apsenjata. Bev sreken, pravo da kazam, zatoa sto mislev deka konecno se fateni tie koi ubija nevini mladinci, za sto MORA da se najdat vinovnicite za ovaj masakr.
Medjutoa, koga podocna vidov kakvi luge se uapseni, site vo sportski odeli, stari i zeni, nikoj ne licese na islamski radikalen sekt, stvarno se somnevav.
Iako e mozno da nekoi od niv da bidat storitelite na masakrot (posto seuste ne znaeme za dokazite), kako e mozno da ministerkata dava toliko cvrsti izjavi deka se fateni islamski radikalci koi vojuvaa protiv NATO...
Jas licno pocnuvam da veruvam deka seto ova e napraveno da se dobie nekoj bod pred samitot na NATYO vo Cikago, kako bozem nie sme na vasata strana i gledate deka gi fativme tie sto se protiv vas, vo nemok da se fatat pravite storiteli na masakrot.
|
| Кадавер, 03.05.2012 09:51:29 | многу бргу се заборава случајот Сопот каде загинаа и војници на КФОР... тогаш имаше остри реакции од мегународната заедница да се фатат виновниците и да се ликвидираат бандите ... ама некако легнаа на брашно, веке не ги засега тоа.. а имаат развиени известувачки служби ( не само ЦИА), се знаат ама си играат со нас куклен театар ... а хистеријата кон радикалниот исламизам е присатна и во западните држави, но едновремено нивните тајни служби имаат и заеднички бизнис со радикалните елементи ако им требаат, уште од борбата на Бин Ладен против Русија која навлезе во Афганистан, па се до соборувањето на Гадафи ... циркусот продолжува... мене а и сите други граѓани на РМ битна ни е секојдневната сигурност...овакви убиства нема секој ден, ама секој ден има маса други деликти кој треба да се санкционираат... |
| sime, 03.05.2012 10:07:27 | Deka se raboti za terorizam koj znae kolku drzi,megjutoa deka e delo na uck ili slicna organizacija ima indicii po nacinot na deluvanje.Bitno e koj naracal? |
| Realist, 03.05.2012 11:19:51 | Alo Albanski mediumi,svestete se,kogo branite ubijci ili babite i dedovcite,a ste slusnale li za jastuci ili se pravite na udreni,za vas samo Americki zakon,zatvarat celo selo ako treba,setete se na Wacol koga unistija celi pokolenija zaradi terorizam. |
| pile, 03.05.2012 11:22:19 | Koj veli deka DUI nema da glasa za noviot Zakon za lustracija.Sto napravivme,za smetka na eventualno nekolku delikventi za koi trebase da se otvorat sudski procesi od Haskite slucai, liderot na Dui go stava Makedonskiot albanec da bide zalozjnik na politikite na DPMNE i ostanatite koalicioni partneri cija vina ne e nisto pomala, za sostojbite vo Drzjavata.Vakvata sostojba da ne e strasna za site Makedonski gragjani bi bila komicna.Vlada na nacionalno edinstvo e neophodna za nadminuvanje na sostojbite. |
| ФЕЛИКС, 03.05.2012 11:35:03 | Не можат да се разберат медиумите на албански јазик кој се трудат сликата за етничката припадност на терористите ја засенат со несмасниот и крајно непродуктивен сомнеж за исправноста на акцијата.Секој кој резонира како што треба не се ни труди да ја генерализира вината и таа да падне целиот етникум.Но кога еден како Јovan се труди во иста насока но од различнен мотив ја обезвредни акција говори за сета мизерија проткаена со опозициски сенс.И тука не генерализирам но евидентно е да вакви поединци исползуваат од опозициската жабокречина и се трудат со подметнување никакви и неточни тези сето ова го обезвредат.Еве нека наведе еден сериозен странски медиум кој има сомнеж во акцијата.Токму ваквите-никакви се ризик за партијата на која и припаѓаат, и креираат слика на дружина завидни изгубенковци. |
| Ози, 03.05.2012 11:59:15 | Тоа што се радикални муслимани и имале оружје дома не е никаков доказ дека тие го извршиле злосторството. Според оваа логика 90% од луѓето од западна Македонија треба да се уапсат под истото обвинение. Најповеќе ме загрижува.што поради оваа фарса вистинските убијци ќе останат неказнети. |
| Astibo, 03.05.2012 12:52:54 | A ....slucajno ,ovie mediumi da ne raspoznavaat koi se i kako izgledaat troristite???
Veke e sramno i mnogu prozracno nivnoto tolkuvanje na SE vo ovaa nasa Makedonija.
NIKOGAS nema da bidat lojalni na drzavata,i sekogas ke teglatkon golema Albanija. |
| silvester sidnej, 03.05.2012 13:32:46 | Jovane koj drugi vesnici pisuvale za somnez vo akcijata mostrum? Vesnicite od Novi Pazar ili koj? Mislev oti si popameten. |
| Kristijan, 03.05.2012 16:58:08 | Tie od etnickite i jazicni albanski mediumi vo Makedonija, ako imaat skepticizam za toa deka privedenite se nevini, togas sigurno znaat koi se zlostornicite, pa neka gi kazat. Predlagam policijata da gi podlozi na soodveten tretman, pa da kazat dobrovolno ili so primena na odredeni soodvetni sredstva za slucaj na terorizam. Inaku, za nedovolno upatenite i za onie koisto seuste se premnogu dobronamerni kon albanskiot ekstremizam, ova e tipicen slucaj na terorizam so povekje celi: zaplasuvanje, vnesuvanje nesigurnost kaj naselenieto, etnicko cistenje itn. itn.
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Делумно облачно
|
Четврток
Локални грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|