Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
02.05.2012, 14:07

(ФОТО) Англија полага големи надежи во Хоџсон



Од новиот селектор се очекува да го одведе Гордиот Албион до врвот на претстојното Европско првенство

Рој Хоџсон е именуван за нов селектор на Англија во наредните четири години, со што им се стави крај на повеќемесечните шпекулации за тоа кој ќе ја води фудбалската репрезентација на Европското првенство во јуни. Искусниот 64-годишник, кој го води премиерлигашот Вест Бромвич Албион од февруари минатата година, стана 13. перманентен повоен англиски селектор, наследувајќи го Италијанецот Фабио Капело.

„Ова е многу горд ден за мене. Јас сум многу среќен човек, кому му е понудена можност да ја води својата земја и одвај чекам да почнам да ја извршувам задачата“, изјави Англичанецот, за кој Фудбалската асоцијација соопшти дека бил едногласен избор на Одборот, на прес-конференцијата на „Вембли“. „Секој знае дека тоа не е баш лесно, но се надевам дека сите, фановите и по��држувачите, ќе застанат зад тимот. Тоа е тим што вреди и јас ќе дадам се' од себе за да го подготвам најдобро што може за задачите што му претстојат“.



Капело го напушти местото англиски менаџер во февруари, четири години откога ја презеде таа улога од Стив Мекларен, и покрај успешните квалификации за ЕП 2012. Оттогаш репрезентацијата привремено ја водеше Стјуарт Пирс, селектор на тимот до 21 година, а тренерот на Тотенхем, Хари Реднап, се сметаше за фаворит за функцијата. Претседателот на ФА, Дејвид Бернштајн, одби да зборува за тоа зошто отпадна Реднап, претпочитајќи да зборува за квалификациите на Хоџсон.

„Откако ја разгледавме скратената листа, Рој излезе како најприфатлив кандидат на сите“, објасни Бернштајн. „Ние се состанавме на ’Вембли‘ во понеделникот и брзо се согласивме дека Рој е вистинскиот човек за да не' води на Европското првенство и на идните натпреварувања. Сакам јасно да ставам на знаење дека ние бевме едногласни во изборот на Рој. Тој е менаџер со огромно искуство во репрезентативниот и во европскиот фудбал. Всушност, ова е прв пат ФА да именува менаџер со какво и да е претходно репрезентативно искуство и, според мене, тоа ќе му биде од голема корист при преминот од клупскиот менаџмент. Рој има извонредни контакти и може да се појави на кој и да е терен за тренинг низ светот и да добие почит“.

Вест Бром потврди дека Хоџсон, кој лани го замени сегашниот тренер на Челзи, Роберто ди Матео, ќе го води тимот во двете последни кола сезонава - на гости кај Болтон и дома против Арсенал.

„Назначувањето на Рој за селектор на Англија секако дека е разочарувачка вест за клубот, со оглед на тоа дека сакавме да го продолжиме договорот со него, за што преговорите беа во тек“, изјави претседателот на клубот Џереми Пис. „Но, ние ја разбираме желбата на Рој да ја води Англија и тој ќе не' напушти по натпреварот со Арсенал на 13 мај со најдобри желби од наша страна. Воодушевени сме што ќе ја доврши сезоната со нас“.



По речиси безначајната играчка кариера, помината делумно во англискиот нелигашки фудбал, Хоџсон ја почна својата 40-годишна тренерска кариера во Шведска, преземајќи го Халмстад во 1976 година и оттогаш се промовира во еден од најпочитуваните тренери во светот. Водејќи клубови во Шведска, во Швајцарија, во Италија, во Англија и во Данска, тој има освоено осум шампионски титули, а има работено и како селектор на Финска, на Швајцарија и на Обединети Арапски Емирати.

Најголемите успеси во репрезентативниот фудбал Хоџсон ги оствари со Швајцарија, која ја одведе на Светското првенство 1994 и на ЕП 1996.

Неговата богата кариера како клупски тренер вклучува и по две навраќања во Интер, во Блекбурн, во Копенхаген и во Фулам, кој го одведе до финалето во Лига Европа пред две години, прво во клупската историја. Меѓутоа, неговата најголема клупска работа во Англија заврши со разочарување кога го напушти Ливерпул со заемна согласност во јануари 2011 година по само 31 меч на клупата. И покрај разочарувачкиот престој на „Енфилд“, каде што никогаш не ги придоби навивачите, Хоџсон си ја обнови репутацијата во Вест Бром, водејќи го клубот од Мидленд до безбедната зона во минатата сезона и до средината на табелата сезонава.

Во однос на ЕП, каде што Англија ќе игра во група со Франција, со Шведска и со соорганизаторот Украина, а кое почнува за нешто повеќе од еден месец, Хоџсон се соочува со набиен распоред, вклучувајќи ги и селектирањето на тимот и подготовката за пријателската средба на 2 јуни со Белгија на „Вембли“.

„Се разбира дека ќе биде тешко, но имам доволно време за да ги донесам потребните одлуки“, вели тој. „Работев во Премиер-лигата во последните пет години, па играчите ми се доста добро познати, имам работено со многу од нив и ќе истражувам колку што можам од моментов до крајот на сезоната“.



Статијата е прочитана 378 пати.

Испрати коментар



„Џезерите“ лесен залак за Сан Антонио
Милан само на поен од Јувентус
Чех и Челзи ќе го запомнат Сисе
„Кралевите“ ја обезбедија шпанската круна
Шампионско сефте за МЗТ Скопје
Ренова победник на фудбалскиот Куп на Македонија
Македонија подобра од Ерменија
Скопје во маратонски сјај
Атлетико на Лазаров на мегдан на Копенхаген
Наполи остана во трка за третото место во Серија А
„Биковите“ немоќни без Роуз, Лејкерси поведоа 2
Хелсинки последна олимписка шанса за Митров и за Вранези
Работнички по хет-трик, Ренова по прв Куп-трофеј
Оклахома поведе со 2
Сити изби на чело во Премиер-лигата
Тенисерите во група со Црна Гора и со Ерменија
Финалистите од Каракас одат на „дрим-тимот“
Барселона постигна седум голови на гостувањето кај Рајо
Неверојатен кам-бек на Клиперси
МЗТ Скопје на една победа до првата титула

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Делумно облачно

Четврток
Локални грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |