02.05.2012, 13:31 Кејт Бланшет и Сели Хокинс во новиот филм на Вуди Ален
Ѕвездата на серијалот „Мамурлук“ Брејди Купер, исто така, ќе се појави во ова остварување на Вуди Ален, додека Бланшет заедно со Сели Хокинс ќе ја имаат главната улога во филмот.
Австралиската глумица Кејт Бланшет и британската актерка Сели Хокинс ќе играат во новиот филм на Вуди Ален.
Хокинс, која е позната по улогата во филмот на Мајк Ли „Happy Go Lucky“ и која одигра мала улога во филмот на Вуди Ален „Сонот на Касандра“, ќе глуми „невротична жена која е забавна и малку несмасна“.
Ѕвездата на серијалот „Мамурлук“ Брејди Купер, исто така, ќе се појави во ова остварување на Вуди Ален, додека Бланшет заедно со Сели Хокинс ќе ја имаат главната улога во филмот.
Филмот ова лето би требало да биде снимен во Сан Франциско и Њујорк.
Ален, кој оваа година доби Оскар за најдобро оригинално сценарио за филмот „Полноќ во Париз“, минатиот месец го прет��тави својот нов филм „За Рим со љубов“, во кој глуми со Пенелопе Круз.
|