Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
02.05.2012, 17:14

Тројца пукале во жртвите

Тројца директни извршители и двајца партнери, кои им помогнале да пребегаат во Косово, добија кривични пријави за тероризам

Горан Адамовски

Двајца од тројцата осомничени кои го извршиле петкратното убиство кај Смилковско Езеро се во бегство. Уапсен е еден од нив, како и двајцата помагачи, кои им помогнале да пребегаат во Косово. Ова се последните неофицијалните информации од истрагата на МВР. Полицијата поднесе кривични пријави за тероризам против овие пет лица, а уште петмина се осомничени за нелегално држење оружје, откако во нивните домови беше пронајдена муниција и оружје. Против десетмина е поднесено поднесок и се' уште се собираат докази против нив за да може и тие кривично да се гонат. Според Министерството за внатрешни работи, дваесетина уапсени се дел од група што го поддржува радикалниот ислам и прецизно избирајќи го денот, начинот и последиците кои би можеле да следат, го испланирале и го извршиле незапаметеното злосторство, без воопшто да имаат каква било поврзаност со жртвите. Целта им била да предизвикаат страв и несигурност на населението. Сите уапсени, кои се на возраст од 24 до 54 години, денеска беа однесени пред истражен судија, кој се очекуваше да им одреди притвор. Обвинителството веќе најави дека ќе побара максимална казна.

„Полицијата поднесе кривични пријави против пет лица поради основано сомнение за сторено кривично дело тероризам, од кои две се во бегство“, изјави министерката Гордана Јанкулоска.

Според информациите од истрагата, 27-годишен скопјанец и двајца браќа од Скопје на возраст од 32 и 33 години, со автомобил „опел омега“ дошле кај Смилковско Езеро и со две автоматски пушки и пиштол свирепо ги егзекутирале петтемина рибари. Потоа, со автомобилот стигнале до местото Вражји Вир, а со помош на двајца скопјани, илегално ја минале границата со Косово. Едниот од браќата и уште еден извршител на злосторството се во бегство. Нема информации дали тие се' уште се во Косово, ниту, пак, кога еден од сторителите се вратил во земјава. При претрес на неколку објекти во Скопје, запленети се автоматска пушка, четири пиштоли, бомба, куршуми за „црна стрела“ и „тромблон“, шест рамки за автоматска пушка, десет маскирни униформи, седум тактички елеци, три фантомки и три радиоврски, возило, десетина илјади евра, компјутери, мобилни телефони и картици.

„Во тек е вештачење на оружјето, по што ќе биде познато дали меѓу запленетото оружје е и она со кое биле извршени убиствата“, рече Јанкулоска.

Поднесен е и посебен извештај за 10 лица до Основното јавно обвинителство и за нив ќе се побара краткотраен притвор додека се соберат потребните докази против нив. По апсењата во Скопско и во Кумановско, полицијата нема дилеми дека дваесетчлената група го организирала и го извршила петкратното убиство. Колку време се подготвувал нападот и дали затаиле безбедносните служби, кои не го превенирале крвавиот инцидент?

Во МВР немаат директен одговор, туку велат дека тероризмот и во светски рамки не се открива лесно и потенцираат дека сите служби на министерството будно ја следат ситуацијата, внимавајќи да не дојде до влошување на ситуацијата. Бидејќи истрагата е се' уште во тек, не се соопштува ниту од каде се финансирала групата и дали планирале слични напади како тој на Смилковското Езеро.

Најголем дел од дваесеттемина уапсени се македонски државјани. Откако ноќта кон понеделникот ја минаа на распит во неколку полициски станици, утринава беа изведени пред истражен судија. Распитот, кој почна пред пладне, се очекуваше да трае до доцна во ноќта, по што се очекуваше на осомничените, меѓу кои и четири жени, да им биде одреден притвор.

Акцијата за апсење на бруталните убијци ја извршија 800 припадници на полицијата. Надлежните се уверени дека имаат несоборливи докази со кои успешно ќе ја заклучат истрагата, која, како што велат, се' уште е во тек.


Статијата е прочитана 8065 пати.

Испрати коментар



До каде допира радикалниот ислам во земјава
Koj e советник за државна безбедност кај Иванов?
Реакции - Виновниците имаат име и презиме
Ќе барам доживотен затвор
СДСМ WANTED
Среќен роденден, претседателе!
Обама лично помагал за името
Медиумите на албански јазик со сомнежи за „Монструм“



evropa, 02.05.2012 21:52:55
ovie radikali islamisti stalno patuvat po bliski istok i pakistan a nikoj ne gi prati sto pravat tamu,imasm videno na skopski aerdrom pominuvat kako da se previligirano a nas gastarbajteri koi sme 40god na zapad ni gledat vo pasosi i prasuvat kolku sme na zapad i zosto kako da sme jangolemi kriminalci....
jovan, 03.05.2012 00:05:10
Spored preziminjata na edni od osomnicenite, ima ne samo Albanci, nego i Bosnjaci/Sandzaklii, koj gi znae sto se.
Kostadin, 03.05.2012 01:18:49
Ako e vistina odlicno e no da ne e i ova od tipot na bratot Ljube so pakistancite? se zivo namesteno? ako e taka toa e sram za makedonija.
astro, 03.05.2012 05:55:49
dobro rece eden vo komentarite tie sto rabotat po 40 godini kako robjasi gi cedat i kaj nas i vo tie zemji sto rabotat na nih im ostanuva samo plakanjeto a tie sto se bavat so droga i kriminal oni si prodolzuvat i ponatamu gi rabotat tie prlavi raboti na takvi monstrumi ne znam sto ke im sudete tesko na familite na zaginatite vo najdobrite godini da im go odzemat zivoto.premnogo e zalosno.
nekoj pameti, 03.05.2012 06:52:11
800 policajci? Ova mora da se jaki krimosi, koga go ubivaa Dime Postarot angaziraa samo 200....
Pit, 03.05.2012 08:24:35
Ako se navistina islamski radikalni teroristi, togas se sledbenici na Abd al Vahab, (vahabisti) i mozebi treba da go viknete na razgovor vo MVR i onaj vahabist, koj gi prevzemase dzamiite vo Skopje. Mozebi istiot znae mnogu raboti. Inakum toj im e ideolog na vahabistite vo Makedonija, a vahabizmot e direktno podrzuvan od Saud. Arabija i nekoi od arapskite emirati.
ФЕЛИКС, 03.05.2012 08:29:04
Нормална ненормална реакција на оние кој се утепаа да го одбранат певливиот лидер на ОМ од решеткастиот епилог,но сега кога се впрегнуваат сјајната акција да ја обезвреднат истиот го земаат како негативен пример на местенка.Место да се поздрави акцијата имаме опозициско,,абе да не е местенка,,очекувано мизерно однесување,а се од јад што некој работи и сработува кога се апсат терористи.Ова терористи исто така ги нервира опозициските коментатори,те биле вакви,те биле онакви ама за терористи ептен им е голем сомнежот.Инаку ако вака продолжат со обезвреднувањето можат да ги ,,налутат,, експертите од МВР па да се впрегнат и да откриат кој тоа детонираше автомобил врз експреседателот,настан кој тие успешно не го решијаа можеа.Оти нели кога тие се на власт врие од разни експерти по се и сешто.
Jovanka, 03.05.2012 08:48:04
VISTINATA izgleda ke bide po tepih, a ovie koj znae koi se,
MAJKA, 03.05.2012 09:08:41
se nadevam deka ova se vistinskite ubijci.sepak vomene postoi mal somnes.site se vo pritvor samo zenata kaj koja imalo golemo kolicestvo oruzje ja pustile poradi bolest.i koga bea uapseni novinari od a1 televizija bremenata zena ne ja pustija vo domasen pritvor kade i go zagubi deteto,a ovaa ja pustile poradi bolest.golema greska i nepravda.
slartibartfast, 03.05.2012 10:06:05
I jas se prasuvam istoto Kostadine. Se taka mi deluva celava rabota.
baltazar, 03.05.2012 10:33:40
Ovie somnicavi komentatori me podseaat na vicevite od ednoumieto a pokasno raskazani od razbirlivi pricini.Pa taka,,Tito ne e Tito tuku Lazo,a Lazo ne e Lazo tuku Kardelj,,Mesto da napi[at ,,bravos MVR,,tie lupaat kako onoj Maksim.
elena, 03.05.2012 10:42:14
pozdrav do specijalcite sram za obvinitelstvotozosto e zenata koja e sorabotnik na egzekutorite ispratena doma.ovie od a1 skapaa vo pritvor posebno mislam za zenite.ovaa zena zarem nema svoi deca nema li ni malku cuvstvo na vima da ja prasam nejze kako majka kako bi i bilo nejze a i majkite na egzekutorite. vo sekoj slucaj zgrozena sum od ovie nastani i samo da se nadevame deka ubijcite ke dobijat kazni za koi zasluzuvat. dokolku ne se zamesa nekoj faktor od zapad za nivna odbrana
tomce, 03.05.2012 14:02:05
nema bosnjaci --brakata ubijci ne se ismailovic tuku Ismaili-imaat profii na FB
До Фаликс, 03.05.2012 15:02:02
Певливиот лидер ти го чекаше на аеродромот , заедно со твојот пастир! Потоа доби наредба, во акцијата “Десетка со кромид’’ да го плукаш.Онаа бабата од Отља личи на ептен голем терорист! Читам дека веќе денес десетмина се пуштени.А , зошто беа уапсени ? Работите ми личат на „ О , лозје , лозје , раштанско лозје“ . А , убијците можеби се сончаат некаде!
LIC, 03.05.2012 16:10:24
Ovie vmrovcive kako od partizansko vreme-Vikaj ura i trcaj napred!!!! Projde partizanskoto vreme,mnogu vidovme,projdovme i ne projdoa pa zatoa sega se misli. A bravo se vika koga rabotata ke se zavrsi brate Feliks ,a uostalom mene nikoj ne mi vika bravo koga ke si ja srabotim rabotata. Aj vrati se nanazad ovie 6 god.i preraboti gi i proanaliziraj gi site akcii na MVR.Sam bi trebalo da svatis deka nisto ne e konecno.
Ајван Доктор®, 03.05.2012 17:37:09
Тројца пукале во жртвите,уапсени се дваесет луѓе,во акција во која учествувале 800 полицајци,а само против петмина има кривични пријави!?Ајде,ќе чекаме да испливаат на виделина резултатите од истрагата!Дотогаш ќе се трудам да не коментирам многу на оваа тема!И замислете,Феликс ни порачува дека „експертите“ќе се стегнеле да разоткриваат кој тоа се обиде да го убие Глигоров!Немаа ли време до сега?!Или не беа доволно налутени?Ајде,да ги налутиме!Можеби ќе престанат да убиваат невини (М.Нешковски,Т.Беќиров...),а ќе се зафатат со пронаоѓање на вистински убијци и криминалци!Што е со предупредувањата,со денови пред тоа,дека шетаат вооружени терористи на теренот на кој беа убиени жртвите кај Смилковци?Каде беа да реагираат?Јавно изјавувам дека најслободно шетаат имигранти низ земјава,многумина ги имаат видено,а тие - „успешно“открија десетина души и веднаш се пофалија!
Ek, 03.05.2012 17:49:33
Искрено се надевам дека МВР ги уапси вистинските убијци. Ама некои работи ме бунат цело време. Министерката Јанкулоска веднаш на прес конференција изјави „ги уапсивме сторителите“, полицијата може да има уапсено осомничени, а судот ке отцени дали се виновни „сторители“. Друго, велиме станува збор за радикални исламисти, не ми е јасно како професионалци и радикални исламисти се уапсени од страна на полицијата без да биде испукан ни 1 куршу, како тоа зарем ако беа професионалци радикални исламисти немаше да дадат никаков отпор при апсење?
fani od germanija, 03.05.2012 20:41:15
Kako i poveketo citateli i jas sum skeptik.Ne mi se jasni mnogu raboti i se prasuvam -dali uapsenite se navistina ubijcite ili se samo osomniceni!!!???Ako se samo osomniceni togas ne moze da se kaze deka se ubijcite od Smilkovo,toa e rabota na istrazniot sudija koj treba da dojde do nekoj zaklucok,a ako se ubijcite,za sto smetam deka e rano za taa definicija,togas zborot osomniceni treba da se izostavi.I ne mi e jasno taa zenata zosto vednas ja pustile kako i nekoi drugi,so toa sami se dviraat,zar nemozea da pocekat nekolku denovi.Daj Boze ovaa akcija da ispadne uspesna i da ne dozvolime da ne ismejuvaat narodite okolu nas.pozdrav

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 25°C

Ведро

Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |