02.05.2012, 20:56 Ренова победник на фудбалскиот Куп на Македонија
Тимот од тетовско Џепчиште во финалето на 20. издание на ова натпреварување, попладнево во финалето во Штип го совладаа Работнички со 3:1
Фудбалерите на Ренова од тетовско Џепчиште за првпат во историјата на клубот му го донесоа трофејот од Купот на Македонија. Тие во финалето на 20. издание од ова натпреварување, попладнево во Штип го совладаа Работнички од Скопје со 3:1.
Головите за победничката екипа ги постигнаа Муарем Бајрами (12.минута), Душан Симовски (65.минута) и Арџент Гафури (90+3 минута), додека Борче Маневски погоди за Работнички во 52.минута.
За скопскиот тим ова беше четврти настап во финалето и остана со два освени трофеи, а за „гипсарите“ прва куп победа.
Ренова освен пехарот кој им го предаде градоначалникот на Штип Зоран Алексов и златните медали обезбедени од Фудбалската федерација на Македонија, како победник во Купот обезбеди и учество во 1.квалификациско коло од Лига Европа.
|