Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
01.05.2012, 17:30

Сити изби на чело во Премиер-лигата

„Граѓаните“ го совладаа Манчестер Ј. со 1:0 во 162. градско фудбалско дерби на Манчестер со погодокот на Компани во 45. минута

Сити го победи Јунајтед со 1:0 во 162. градско фудбалско дерби на Манчестер. Голот на Винсент Компани во 45 минута на крајот се покажа решавачки за победникот, а многу веројатно и за шампионската титула во англиската Премиерлига со оглед на распоредот што го имаат двата тима до крајот на сезоната. Составите на Роберто Манчини и сер Алекс Фергусон се израмнија по бројот на бодови (83) на врвот на табелата, но на челната позиција изби оној на италијанскиот тренерски стручњак поради подобрата гол разлика. Токму тој, сепак, и натаму вели дека Манчестер јунајтед е фаворит за титулата.

„Победата беше извонредна, но пред нас се уште два тешки меча, а Манчестер јунајтед има две лесни задачи. Свонси и Сандерленд немаат за што да играат. Шанси за титула имаме бидејќи зависиме са��о од нас. Манчестер јунајтед останува фаворит“, коментираше Манчини по натпреварот.

„Среќен сум што сме на врвот повторно меѓутоа оваа победа не менува ништо. Бевме лидери во 28 кола и заслужуваме уште една шанса. Ништо не е готово. Ако го помислиме тоа ќе направиме голема грешка“, дополни Манчини.

Голманот на Манчестер сити, Џое Харт, признава дека не очекувал вечер без работа меѓу стативите.

„Одбраната беше цврста како тврдина. Имавме голема поддршка од трибините затоа што навивачите знаеја дека ќе прикажеме добра партија. Не морав да бранам ништо што секако не очекував. Не мислив ниту дека Манчестер јунајтед ќе не' прегази, но одбраната навистина беше фантастична. Ова е тимски успех во кој и напаѓачите дадоа свој придонес. Професионалци сме, нема да се занесуваме“, вели Харт.

Сер Алекс Фергусон се сложи дека неговиот тим не заслужи ништо повеќе од пораз на „Етихад“. Шкотланѓанецот не бега од слабата игра на фудбалерите.

„Не го тестиравме нивниот голман доволно. Добро почнавме, во воведните 15 минути го имавме поседот врз топката, но како одминување првото полувреме ми се чинеше како едвај да чекаме пауза“, рече Фергусон чија екипа прими гол во секунди пред одморот.

„Ми пречи го примивме гол од прекин. Во ова ниво на фудбал не смее да ни се случува такво нешто. Примивме погодок во погрешен момент. По него Сити можеше мирно да чека на контранапади. На крајот не можам да се пожалам на исходот“, дополни трофејниот шкотски фудбалски менаџер.

На крајот се осврна и на можноста за Манчестер сити да го сочува првото место во последните две кола.

„Сега се зависи од нив што не ни оди во прилог. Ако победат во двата меча ќе бидат шампиони. Ние може да се потсетиме на поголем број дуели, но најпрво треба да се сетиме на оној со Евертон. Во последните седум минути бевме смешни, примивме два гола кои може да не' чинат титула“, заклучи Фергусон.

За „граѓаните“ ова е втор првенствен триумф над „црвените ѓаволи“ по есенските 1:6 на „Олд Трафорд“. До крајот на сезоната Манчестер сити ќе игра против Њукасл и Квинс парк ренџерс, а Манчестер јунајтед со Свонси и Сандерленд. Во случај на бодовна израмнетост ќе одлучува вкупната гол разлика што досега не се случило во историјата на Премиерлигата. Ако јунајтед ја освои титулата таа ќе биде 20 за тимот од црвениот дел на Манчестер, Сити, пак, е во очекување на третиот трофеј по 1937 година и по 1968 година.


Статијата е прочитана 2684 пати.

Испрати коментар



„Џезерите“ лесен залак за Сан Антонио
Милан само на поен од Јувентус
Чех и Челзи ќе го запомнат Сисе
„Кралевите“ ја обезбедија шпанската круна
Шампионско сефте за МЗТ Скопје
Ренова победник на фудбалскиот Куп на Македонија
Македонија подобра од Ерменија
Скопје во маратонски сјај
(ФОТО) Англија полага големи надежи во Хоџсон
Атлетико на Лазаров на мегдан на Копенхаген
Наполи остана во трка за третото место во Серија А
„Биковите“ немоќни без Роуз, Лејкерси поведоа 2
Хелсинки последна олимписка шанса за Митров и за Вранези
Работнички по хет-трик, Ренова по прв Куп-трофеј
Оклахома поведе со 2
Тенисерите во група со Црна Гора и со Ерменија
Финалистите од Каракас одат на „дрим-тимот“
Барселона постигна седум голови на гостувањето кај Рајо
Неверојатен кам-бек на Клиперси
МЗТ Скопје на една победа до првата титула

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Четврток
Локални грмотевици со дожд
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |