02.05.2012, 12:37 Наполи остана во трка за третото место во Серија А
Горан Пандев беше еден од најдобрите играчи на теренот во триумфот од 2:0 над Палермо, по кој клубот од Неапол направи чекор напред кон Лигата на шампиони
Наполи за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев по синоќешната победа над Палермо со 2:0 остана во трката за третата позиција на табелата во Серија А која обезбедува учество во квалификациите од Лигата на шампионите.
Стрелци на головите во победата на Наполи беа Едисон Кавани од пенал во 16.минута и Марек Хамшик во 35.минута. Пандев учествуваше во двете акции при постигнувањето на головите. При неговиот центаршут беше направен пеналот, а при вториот гол тој му асистираше на Хамшик.
На првиот вчерашен дуел од 36.коло Киево и Рома одиграа нерешено 0:0.
Денеска се играат останатите средби од оваа рунда. Двојките се: Милан - Аталанта, Катанија - Болоња, Џенова - Каљари, Парма - Интер, Јуветус - Лече, Фиорентина - Новара, Лацио - Сиена и Чезена - Удинезе.
Табела: Јувентус 77, Милан 74, Наполи 58 (натпревар повеќе), Удинезе 55, Интер 55, Лацио 55, Рома 52 (натпревар повеќе) itn.
|