18.04.2012, 16:12 „Партизанска“ окупирана со семафори
Во план е да се постават нови шест пешачки семафори заради полесно минување преку булеварот, но и за побрз проток на возилата
Деспина Трајковска
На булеварот „Партизански одреди“ семафори почнаа да никнуваат како печурки по дожд. На потегот од Драмски театар кон Соборен храм, од двете страни на сообраќајницата се поставени неколку семафори на пешачките премини. Иако тие се' уште не се во функција, пешаците, а особено возачите веќе почнаа да предвидуваат како ќе се одвива сообраќајот откако ќе проработи светлосната сигнализација. Возачите сметаат дека таа уште толку ќе предизвика метеж во сообраќајот. Велат, непотребно е на булевар да има толку семафори, оти, со тргни - застани, ќе се забави возењето. Пешаците, пак, се радуваат на дополнителните семафори, бидејќи се надеваат дека тие ќе помогнат за побезбедно и побрзо минување преку булеварот.
„Време беше да се постават повеќе семафори зашто само со нив можеме да дојдеме на ред да ја минеме улицата. Сообраќајната култура се' уште ни е под ниво, па ретко кој возач ги пропушта пешаците. Вака, тие ќе бидат принудени да го сторат тоа“, коментира една граѓанка која секојдневно минува во овој дел од градот на патот кон работа.
Во текот на идниот месец и пешаците и возачите ќе го почувствуваат позитивниот „фит бек“ од новите семафори, уверуваат од ЈП „Улици и патишта“ кои ги поставуваат семафорите. Велат, досега е поставена половина од предвидената нова сигнализација. Очекуваат за најмногу еден месец да завршат со монтажата на сите семафори и потоа да ги вклучат.
„Убедени сме дека нема да има поплаки бидејќи семафорите се од заеднички интерес за сите учесници во сообраќајот. Пешаците ќе можат слободно да ги минуваат улиците, а возачите доколку го фатат зелениот бран, ќе можат да возат како на лента“, смета Синиша Ивановски, директор на „Улици и патишта“.
Тој вели дека досега теренците ја завршиле половината од предвидената работа. Ги поставиле семафорите кај Драмски театар и продолжуваат со монтажа на сигнализацијата на пешачките премини кон Соборниот храм. Ќе има вкупно шест семафори. Сите се нови, а се монтираат со современа техника, при која не се сече асфлатот, но, бараат подолго време за инсталација.
Инаку, досега ваков семафор е поставен на булеварот „Климент Охридски“. Тој функционира веќе неколку месеци и од претпријатието велат дека ги дава посакуваните ефекти. Освен овој и планираните шест на „Партизанска“, засега не е во план да се постават пешачки семафори на други локации во градов.
Семафори и во Аеродром, Автокоманда...
Градските власти информираат дека се прават проекции за поставување на уште пет пешачки семафори на „Партизанска“ и наскоро ќе биде решено каде ќе бидат поставени. Покрај овој булевар, со пешачки семафори ќе бидат опремени уште пет локации на неколку фреквентни булевари, како што се „Јане Сандански“, „Александар Македонски“ и „Гоце Делчев“.
„Првите семафори на булеварот ‘Партизански одреди‘ треба да бидат пуштени во употреба на 1 мај, кои ќе бидат вклучени во зелениот бран“, најавуваат од Град Скопје. (Дс.Т.)
|
|
Статијата е прочитана 2885 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Реалист, 19.04.2012 01:56:21 | Задолжително треба да постојат тастери за пешаци на овие семафори, а ако надлежните не стават, тогаш или немаат појма од проблематиката или нашите фирми што прават семафори незнаат како да го изведат тоа, па си ги буткаат единствените решенија. Тастер е потребен за да навечер, овие семафори покажуваат нон-стоп зелено, и се префрлуваат во црвено само кога некој пешак ќе стисне. Во спротивно, доколку нема тастери, цело време ќе се случува автомобили навечер да стојат на црвено а во радиус од 1 километар нема жив пешак, затоа што синхронизацијата ретко работи! |
| Viktor, 19.04.2012 02:09:09 | Ако семафорите се само за пешаци, тогаш зошто не се направат да бидат на копче... нема смисла семафорите да работат и кога нема пешаци. Зелениот бран во голема мера ќе се компромитира, бидејќи семафорите ќе трупаат возила, а средната брзина на поминување на булеварот ќе опадне.
Трајно и најисправно решение се подземни премини. |
| minco, 19.04.2012 08:48:42 | Uste edno pausalno resenie, tehnicki neizdrzano,kako i odredbata za prioritet vo minuvanje na pesacite vo odnos na vozilata.Taka vo grad so na.pr. 2000 semafori sega sekoj pesacki premin stana crven semafor.Sega gradot ima 15000 semafori Popusti se siroki ulici koga pesacite skokaat po pesackite premini i isteruvaat pravda. Namalen protok na soobrakaj, trgnizastani, narusena bezbednost, zgolemena potrosuvacka na skapi goriva, zgolemena emisija na gasovi,toa e rezultatot. No zakonite i odlukite gi nosat lica koi ne go izvadile nosot podaleku od svoeto rodno maalo. Nadzemni premini so eskalatori na senzori za dvizenje,pokrieni so lexan,nesto nalik na skalilata po aerodromskite pisti za kacuvanje na patnicite,toa se resenijata a ne nekakvi preskapi podzemni premini ,mesto za grabezi i mokrenje na vospitanie gragani. Se drugo e eksperiment! |
| filipMKD, 19.04.2012 09:04:55 | Точно е дека нема сообраќајна култура кај возачите, но ја нема ниту кај пешаците. Сите велат вака било на запад така било на запад (демек штом помислиш да стапнеш на пешачки, возачите кочат) ДА, но од друга пак страна пешаците чекаат да се присоберат неколку пешаци па да ја поминат улицата се со цел да не го блогираат непотребно сообраќајот. Се разбира ова кај нас не е случај секој пешак некаде брза нели. ;)
@Реалист, проблемот со копчињата за пешаци на пешачките премини мислам дека кај нас уште долго време нема да профункционира поради поради недостиг на општа клутура кај граѓаните и истите тие ке станат предмет на игра кај неклутурната младина.
Не заборавајте дека западњаците не се по културни и попаметни од нас заради самиот факт што се запањаци туку поради едноставиниот принцип на функционирање на методот Стап и морков културни се само порад високите казни кои сто неможе никој да ги скине ;) |
| Bojan, 19.04.2012 09:15:40 | Ако може супер да фунционира на Илинденска зелен бран може и на Партизанска - моментално на Партизанска е тртгни застани на секој 20метри кај Буњаковец. |
| Mitre, 19.04.2012 09:28:40 | @Viktor, @Realist,
Zatoa shto semaforite kje bidat sinhronizirani so zeleniot bran ... Kopcheto kje mu prechi na zeleniot bran.. :) :) |
| elena, 19.04.2012 09:31:29 | da se predvidat za postavuvanje t vakvi semafori i vo vlae bidejki pominuvanje na pesackiot premin tamu e strasno i decata nemozat da ja pominat ulicata za da stignat na uciliste bidejki se vozi mnogu brzo i mnogu cesto ima zrtvi na ovoj pesacki premin |
| jovan, 19.04.2012 10:22:05 | Ako ovie semafori ne se so taster koj ke moze da se aktivira, da receme, na sekoj 2-3 minuti, togas badijla se stavaat ovie semafori. Ke bide isto kako na onoj pesacki semafor kaj starata Amerikanska Ambasada, nema zivo pile, a semaforot se uklucil crveno i kolona vozila stoj bespotrebno. Isto taka, ovoj pat bi podrzal edna vladina kampanja/reklama, preku koja ke se *obrazuva* ovoj narod kako se koristi pesacki premin, pogotovo semafor na taster. Poveketo vrska nemaat, pa ke izletuvaat na takvite pesacki premini, mislejki deka mozat so mobilen na uvo da setaat na pesacki koga sakaat i kolku sakaat. Isto taka da im se *objasni* i na vozacite deka pred i okolu takov pesacki se vozi vnimatelno i posporo, a ne da *letaat* mislejki deka ako e zeleno, dozvoleno im e da vozat brzo. Da ima kazni i za pesaci koj ne pocituvaat crveno svetlo za pesaci. |
| Zoran, 19.04.2012 10:40:30 | BRAVO OVA TREBASE POODAVNA DA SE NAPRRAVI,SAMO TIE STO NE ZIVEAT TUKA OKOLU PARTUZANSKA NE ZNAAT KOLKU ZRTVI IMA PORADI TOA STO IMA MNOGU GOLEMO RASTOJANIE POMEKU SEMAFORITE ,I DA VIDAT KAKO SE LETA NA ULICATA .POGOTOVO KAJ UNIVERZALNA SALA KOLKU IMA POVREDENI I ZAGINATI PESACI.JAS ZIVEAM NA 10 METRA OD PATIZANSKA PA KOJ SAKA NEKA PROVERI KAKO POGOTOVO NAVECER IMA FORMULI PO PARTIZANSKA . BRAVO PODOBRA IDEA BESE SAMO PODZEMNI PREMINI AMA I OVA E SUPER.
|
| Dac, 19.04.2012 10:46:55 | Гледам експертите кои коментирале бараат тастери за премин,да ве прашам кога тој семафор ке биде зелено за возачите преку ден кога нонстоп ке поминуваат пешаците и ке притискаат без прекин?Тастер се поставува некаде кај што нема многу пешаци.Глупост е во прв план што се поставуваат семафори на секои 100м, никој ли не мисли колку ке се зголеми потрошувачката на гориво поради тоа тргни застани? а за гужвата да не правам муабет.
и за крај,не се пишува фит бек, туку фидбек или feedback како што е. |
| mkd, 19.04.2012 11:05:57 | Stavanje na taster za pesaci e 5 minuti rabota na sekoj postojan semafor no toa nekoj treba da go znae.
Daj stavete semafor na raskrsnicata Zeleznicka so Juzen bulevar kade nevozmozno nekoj da pomine ili svrti.Vo Skopje ima mnogu idiotski soobrakajni resenija koi nepismeni gi pravele. |
| Александар, 19.04.2012 11:17:24 | Катастрофа.
Од една страна дечкото се залагал за поголем проток на возила и демек гради булевари од друга страна на секој чекор семафори!!
Пешакот и вака и така ќе чека нема ништо да му смени
Ситни души, за семафори се фатија... |
| Petar, 19.04.2012 11:25:38 | Katastrofalno resenie. Treba da se resi so pesacki mostovi a ne so semafori na sekoj 100 metra.
Ne veruvam deka nekoj ke fati zelen bran zatoa sto na partizanska nekoi vozat so 50 nekoj so 80 nekoj so 100 na saat, sepak ke ima guzva, a i samata sinhronizacija na semaforite nema da se otstvari.
Mislam deka resenieto so postavuvanje kopce e mnogu poprifatlivo.
Uste edna rabota. Gi kaznuva li nekoj pesacite sto minat na crveno na pesacki, i gi kaznuva li nekoj velosipedistite sto mislat deka gi vladeat lentite za vozila? Ili samo nie so avtomobili go krkame? |
| gjorgji, 19.04.2012 11:44:39 | semaforite ke bidat sinhronizirani(se nadevam) taka da seedno e dali kolite sto cekaat ke se rasporedat na site semafori ili ke cekaat pred krajniot. ova vazi samo ako se dobro sinhronizirani inaku samo so taster |
| Трајанка, 19.04.2012 13:50:22 | Ако веке не сме експерти по се, постои логика. Не ми е јасно од каде заклучокот дека семафорите за пешаци ќе го загрозат зелениот бран...напротив, зелениот бран ке тече без проблем, нема да има пешаци кои ќе ги застануваат автомобилите кога тие возат во зелен бран. Ако се стават тастери, значи кој кога сака ќе го вклучува црвеното за автомобилите а со тоа тие излегуваат од зелениот бран и наравно повеќе застој во сообраќајот. Господинот кој кажува за вечерната програма, да тоа се прави но со друг систем, се пали Зелено светло на семафорот на сензор од светлата на автомобилите, значи кога ќе наиде автомобил се пали зеленото за нив. Поздрав до акцијата за семафоризација на пешачките на партизанска |
| Stardust, 19.04.2012 15:04:26 | Toa e kako da odis vo noken bar i baras da te sluzat grav! Sve si ima svoja namena, i pesacite treba da svakaat deka toa e soobrakajen pat, ulica, napravena za dvizenie na VOZILA, pesacite ja imaat cela ostanata povrsina da se dvizat kako sto sakat, vozilata imaat samo toj ogranicen, zgusvan, i okupiran prostor po koj treba da se dvizat. Mnogu e idiotski da ne svakame deka dodeka nemoze da letame so vozilata, treba da se dvizime po asfaltirani povrsini nameneti za soobrakaj na vozila, sto ke bide sledno ke baraat setalista za pesacite srede ulica za tie da se custvuvaat bezbedni? Idiotski, sosema idiotski! |
| Dimitar Belgija, 19.04.2012 15:21:38 | Segde na zapad pesakot i velosipedistot se bogovi za kolite. Na pesacki, pesakot e Car i pominuva noga pred noga i kolite cakaat. Za vas novopecenite tranziciiski Skopjani i vozaci mozebi vi smetaat semaforite. Ubavo da si se vratite vo mestata od kade ste dosle vo Skopje i tamu da besneete so kolite. Kade ne ugusivte so stambeni zgradi vo sekoe maalo i sekoja bavca sega pa i sakate da se trkate po ulici. E nema uste semafori i uste velosipedski pateki vo Skopje kako segde vo svet. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 28°C
Делумно облачно
|
Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|