Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.01.2012, 17:27

Македонија очекува креативност од ЕУ

Директорот за проширување на ЕК, Стефано Санино, вчера беше во Скопје

Во 2012 година Македонија очекува креативност од Брисел во изнаоѓањето решение за нашето зачленување во Европската унија. Тоа на директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Стефано Санино, му го соопштиле петтемина министри на заедничката средба вчера во Скопје. Со Санино разговарале вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи и министрите за внатрешни работи, за правда, за надворешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Блерим Беџети, Никола Попоски и Миле Јанакиески.

Главна тема на разговорите биле реформите во 2012 година - судството, јавната администрација, борбата против организираниот криминал и корупцијата и прашањата во врска со слободата на медиумите.

„Останува силната и стратегиска ориентација кон побрзо интегрирање на Македонија во Европската унија. Веруваме дека ЕУ ќе продолжи да биде наш силен партнер и дека ќе покаже креативност во однос на наоѓање решение за забрзување на процесот на проширување и на членството на Македонија во Европската унија“, изјави Арифи по средбата.

Санино ги повтори вообичаените изјави дека стратешка ориентација на ЕУ е колку што е можно побрза и целосна интеграција на Македонија во Унијата. „Се надеваме дека во 2012 година ќе завршиме колку што е можно повеќе работи, да затвориме колку што е можно повеќе прашања на дневниот ред за колку што е можно побрзо пристапување на Македонија кон Европската унија“, рече Санино.

Тој посочи дека заедно со Владата е изготвен Акцискиот план, односно утврдени се приоритетните активности што ќе се спроведуваат во следните неколку недели и месеци. „Ја почнувам посетата на регионот од Македонија и се надевам дека ќе се постигне поголем прогрес во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ оваа година“, рече Санино.

Запрашана дали ЕУ-интеграцијата останува стратешки приоритет на Владата по изјавите на премиерот Никола Груевски, вицепремиерката Арифи нагласи оти нема дилеми во однос на овој процес. „Најбитна и најзначајна ориентација се ЕУ-интеграциите. Тоа го докажуваме со нашите активности“, посочи Арифи.   

Претходно министерот за надворешни работи Никола Попоски посебно се сретна со Стефано Санино. На средбата, како што соопшти МНР, Попоски ја нагласил потребата од одржување на кредибилитетот на процесот на проширување со оглед на фактот дека Македонија не доби датум за почеток на пристапни преговори и покрај препораката од Европската комисија. Ова, заедно со избегнувањето на употребата на придавката „македонски“, доведе до значителен пад на довербата во европските институции кај македонската јавност (според последното истражување на Евробарометар).

Попоски очекува премин на Македонија во втората фаза на имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, признавање на статусот на „функционална пазарна економија“ и употреба на придавката „македонски“ според праксата во Обединетите нации. Министерот Попоски нагласил дека Македонија доследно ќе ги почитува одредбите за визниот режим со ЕУ. Директорот Санино изрази големи очекувања од пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ, кој треба да се одржи во периодот февруари-април оваа година. Тој се согласи дека Македонија ги исполнува главните претпоставки за добивање статус на „функционална пазарна економија“ и нагласи дека ЕК уште еднаш ќе се наврати на ова прашање со вклучување на ЕКОФИН, соопшти МНР. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 886 пати.

Испрати коментар



Владата фатена на крадење
Јанкулоска ќе се брани усно



vladimir perovski-xarizanov-SCHEPANOVIC, 17.01.2012 07:49:54
vizi vo septevri najdocna 100%
пријател, 17.01.2012 09:13:08
По смешен наслов не сум прочитал-МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВА КРЕАТИВНОСТ од ЕУ во ИЗНАОЃАЊЕТО решение за нашето зачленување во ЕУ???Македонија МОЖЕ САМО ДА СЕ НАДЕВА дека ќе биде примена во ЕУ,а КРЕАТИВНОСТ може од Македонија ДА БАРА ЕУ!Македонија бара прием во ЕУ,а ЕУ поставува услови за прием,ОЧЕКУВА КРЕАТИВНОСТ и оценува дали се исполнети условите.Ние треба да покажеме КРЕАТИВНОСТ ВО ИЗНАОЃАЊЕ НА РЕШЕНИЕ за нашето зачленување во ЕУ,а не ЕУ да ни` изнаоѓа решение за наше зачленување!
Алхемичарска задача, 17.01.2012 11:10:16
Не можам да знам што мислела Евроинтегративката, кога барала Креативност од ЕУ, но, имајќи ги предвид условите кои треба да се исполнат (судство, прогон, медиуми, администрација, корупција-цекаде ...) само алхемичарски успеси не вадат.
Sime, 17.01.2012 11:35:41
Kakva lakrdijaaa. Dosta e bre neseriozni.
pile, 17.01.2012 11:46:57
Dobro bre prijatel, kako ne ti e jasno, pa 5 : 1 eden e vo korist na kreativcite i kreatorite na ovaa mizerija-ekonomska dokazana vo ,,Ekonomist``,spored sistemot za nadglasuvanje, potseti se za rabotata na komisijata za lustracija samo, a politickata mizerija doprva ke sledi,kako sto ja poumereno najavi G-din Fuere samo so poumetnicki tonovi.A samo kako najava oddese kritikata sprema G-din Fule od strana na premierot, na denot na dostavuvanje na Izvestajot na EK za napredokot, a vistinskata kreativnost ke sledi, ako sustinski ne se smenat sostojbite,odnosno: borbata protiv visokite oblici na kriminal da se podobri, vladeenjeto na pravoto da bide neselektivno,odnosno Pravoto i pravnata drzjava da funkcioniraat sustinski a ne deklarativno,podobruvanje na sostojbata so javnite mediumi, departizacija na instituciite, togas ke nema tuzba od strana na EU kako sprema Ungarija(denesen ,,fokus`` Lj.D.F.), tuku poednostavno, seknuvanje na site Evropski fondovi, sprema R.Makedonija.
bhc, 17.01.2012 20:12:36
G-ga Arifi ocekuva kreativnost od EU !!!!!!! G-ga Arifi ne treba da ocekuva treba da ja zapri kreativnosta na nejziniot shef koj shto raboti mnogu kreativno za nevleguvanje na Mekedonija vo EU.Da gi spreci negovite kreacii so pravosudstvoto,administracijata,zdravstvoto,obrazovanieto,mediumite.Inaku,i taa ke bidi soucesnik vo kreativnite kreacii na nejziniot shef. Ako e iskrena vo zellbata, Makedonija da vlezi vo EU,togas nejzinata partija treba da ja napusti koalicijata so VMROvcite.Ednostavna i efektna kreacija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Слаби снежни врнежи

Недела
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -8°C

Понеделник
Сончево
Макс: -2°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |