Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
01.05.2012, 15:38

Градежниците работат турбо, новите станови одат како алва

Статистичките податоци велат дека на еден новоизграден стан се склучуваат 2,7 брака

Сања Наумовска


Во Македонија секоја година се градат над 5.000 нови стана. Огромната продукција на новоградби, сепак, не ги задоволува апетитите на граѓаните, поради што новите станови се продаваат уште додека се во градба. Статистичките податоци велат дека на еден новоизграден стан се склучуваат 2,7 брака. Со оглед на новите трендови младите семејства заедничкиот живот да го започнуваат самостојно, оправдана е заинтересираноста на инвеститорите токму во овој сектор во последните години. Најголемата продукција, која ги диктира и цените на пазарот е во главниот град, но последните години со менување на навиките и жителите на помалите градови преферираат да си купат стан отколку да ја делат семејната куќа со родителите. И покрај намалената куповна моќ на населението, сепак, недвижниот имот засега се смета за една од најсигурните инвестиции.

„Продажбата на станови која расте секоја година ги мотивира претприемачите да ги насочуваат инвестициите во овој сектор“, смета генералниот директор на Стопанска банка, Глигор Бишев. Според него, таа активност не е одржлива на долг рок, а компаниите ќе треба да се насочуваат и кон други дејности што ги бара пазарот.

„Најголемата активност е во градежништвото, односно во станбената изградба и според нашите податоци што ги имаме во 2011 и во 2012 градбата на станови е за 50 отсто повисока и од најдобрата, 2008 година. Таквата активност, најверојатно, не е одржлива на долг рок. Влијанието на проектот за купување прв стан во тоа е незначително, бидејќи станува збор за градежни објекти започнати пред 10-12 месеци, не денеска. Тоа укажува дека македонските претприемачи не се насочуваат во други пропулзивни дејности што се бараат на другите пазари. Недвосмислено ова покажува дека моделот на раст на работењето на компаниите мора да се смени“, вели Бишев.

Пазарот моментно бара станови, велат и во Стопанската комора на Македонија, а потврда за тоа е фактот што во поголемите градови како што се Скопје, Битола и Охрид нема непродаден новоизграден стан. „Колективното домување е тренд последните години, но и добра инвестиција. И покрај интензивната градба, неколку години наназад во Македонија нема хиперпродукција на станови, за што показател е стабилноста на цената на квадаратот. Логично е што во Скопје се градат и се продаваат најголем број станови, но не заостануваат ниту градовите во внатрешноста, бидејќи се менува стилот на живеење, а младите сакаат да бидат самостојни“, објаснуваат во Комората.

„Нема хиперпродукција на станови и на објекти во нашата градежна компанија, бидејќи понудата ја следи побарувачката, што се темели на комплексни анализи на локациите каде што се градат станбено-деловните објекти, на можностите, потребите и желбите на граѓаните“, вели Ванчо Чифлиганец, сопственик и генерален директор на „Адора инженеринг“. Тој објаснува дека на пазарот на високата градба ќе останат само инвеститорите кои не штедат средства и брзо градат висококвалитетни станови. „За дел од становите што ги градат неквалитетно некои компании има хиперпродукција, но за квалитетно изградените станови нема хиперпродукција“, вели Чифлиганец. Во изминатите десет години „Адора инженеринг“ има изградено повеќе од илјада стана и околу двесте деловни објекти во Скопје, Охрид и во Струмица. Во сите објекти, голем дел од становите се продаваат уште во фазата на проектирање, а сите се продаваат во текот на нивната изградба.

„Двете нови згради во Ново Лисиче во Скопје, кои ќе им се предадат во употреба на станарите, одае'мна се целосно продадени, а граѓаните се' уште таму бараат станиви. Тоа н насочи неодамна да купиме уште пет нови локации од државата во Ново Лисиче, каде што деновиве почнуваме со изградба на пет нови станбено-деловни објекти со повеќе од 300 стана, кои уште сега се продадени во солиден процент. Луѓето сакаат да купуваат станови на атрактивни локации, поткрепени со развиена инфраструктура, по цени од 900 евра за квадратен метар“, објаснуваат од компанијата. Освен во Скопје, „Адора“ гради и на Билјанини Извори во Охрид и во Парк во Струмица.


Статијата е прочитана 2854 пати.

Испрати коментар



Германците помалку работат, а повеќе произведуваат
Бишев
Шпанија влезе во рецесија
Намален бројот на вработени во индустријата
Ќе се реализира ли проектот „Набуко“?
Србите заради работа се селат и на крајот на светот



jovan, 02.05.2012 00:21:32
Kogo lazete. Pa pola novi zgradi, i toa zavrseni/izgradeni uste pred 2-3 godini, imaat neprodadeni stanovi. Nekade i do pola od stanovite se seuste neprodadeni. Ovie segasnive sto se vo izgradba isto taka imaat problemi so prodazbata. Drug problem e i toa sto del od izveduvacite namesto pari, im plakaat/ dobivaat stanovi, pa potoa i oni maka macat za da gi prodadat i zemat pari.
gOJDO, 02.05.2012 07:46:56
@jovan Odi prosetaj malku niz Debarmaalo, Karpos, Vodno, Crnice, Karpos i Park i prasaj dali ima neprodaden stan na veke izgradena zgrada, pa potoa komentiraj. Vo Park i Debarmaalo poveketo od zgradite se so kompletno rasprodadeni stanovi, t.e. uplati od po 75%, pa duri potoa se stavaat temeli.
Miki, 02.05.2012 09:17:49
Hm, i mene mi izgleda na naracan napis..Od licni kontakti so poznanici-investitori znam deka situacijata e malku poinakva od prikazanava. Osven Centar, Kapistec i Debarmaalo drugi tesko se prodavaat. Na primer Soravija i drugi na Vodno imaat stanovi na pretek i nikoj ne se tepa..Vo sekoj slucaj cenite imaat(i ke imaat) nadolen trend, dogodina verojatno 10 do 15% poniski od sega..
Sale, 02.05.2012 09:23:10
U Debar Maalo onie shto imaa kukjarkjinja go dadoa mestoto za zgradi in naselbata stana Mapet Show. Sekade rasflrani razlichni formi golemini i boi. Mestoto e taka ubavo urabanizirano shto so komshiite od sosednata zgrada preku prozor moze da se igra shah, da se ide na gosti, domakinkite da si podavaat brashno, vegeta, biber... Ubaini bre...
Milovan, 02.05.2012 10:17:27
Utrinski, ve molam, ne go lazzete siromasskiov narod. Nikoj bas ne se rastrcal da kupuva stanovi, a baska ne novi koi se po pravilo nekvalitetni. Se kupuvaat glavnom stari pomali stanovi koi se sosema renovirani i pristojni za zziveenje zasto tie zgradi se dosta kvalitetni,a ovie novive zgradi se, ne daj Bozze, kako melem za nekoj skopski zemjotres. Stanovite se znaci kupuvaat, ama ne kako alva, tuku onaka voobicaeno.Ne krevajte panika!!!
Od mene, 02.05.2012 11:31:14
Bravo za makedoncite se kupuva stanovi so nenormalni ceni pa duri i se odnapred rasprodadeno i toa vo najskapite naselbi po mene najnatrupani i sega nekoj ke rece makedonija e siromasna ma kakvi be makedonija e bogata koga imaat lugeto i se tepaat za stanevi od po 1200,1300 evr za kvadrat ......samo napred i da ne se pozalal nekoj deka nema pari!!!
сале, 02.05.2012 11:57:15
@jovan Прошетајте низ расадник, па да видите што се полупразни згради, а изградени пред повеќе години. Последните не ги ни довршуваат, од „голем“ интерес за купување станови.
bezanec, 02.05.2012 13:37:12
Вмровска пропоганда и популизам.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ведро

Петок
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Мо��ерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |