10.04.2012, 17:25 Нема ништо чудно во „чудото“ во „Свети Димитриј“
Ако свети Димитриј нема никаква директна врска со настаните во неговиот храм, тогаш причините за појавата на „чудото“ треба да се бараат на сосема друго место и од сосема други причини
Коста Балабанов
Најблаго речено, ме изненадија информациите што ги слушнав и прилозите што ги видов на неколкуте телевизии завчеравечер. Прво помислив дека станува збор за некоја заостаната шега од првоаприлските, меѓу кои морам да признам имаше и духовити. Потоа, наивно помислив и верував дека посегнувањето по чуда веќе поодамна не се наоѓа во арсеналот на оружјата со кои христијанските цркви се борат во време на економски кризи и кризи од друг вид. Но, не било така!
Во коментарот на една од телевизиите беше речено дека се појавило чудо и дека чудото е во тоа што ѕидните слики во внатрешноста на храмот „Св. Димитриј“ во Скопје се самоисчистиле и дека сега златото и ореолите и одеждите на светителите, насликани поединечно или во композиции, сјае со голем интензитет, а претходно, само два-три дена, тоа било потемнето и без очекуваниот златен сјај.
Од конзерваторска гледна точка, оваа појава е одамна позната и евидентирана. Така што, по мое мислење, нема никакви и најмали можности, од аспект на конзерваторската наука и практика, оваа појава да биде третирана како „чудо“. Што се однесува, пак, исто така, до одамна познатата и евидентирана метода одредени цркви и манастири, не само кај нас во Македонија, туку и пошироко во христијанскиот свет, кога ќе западнеле во тешки, најчесто финансиски проблеми, спасот да го бараат, а често е, и тоа е веќе вистинското чудо, и да го наоѓаат во појавата и дистрибуцијата на различни „чуда“.
Најчесто „чудата“ се врзувани за ликовите на најрепрезентативните светители (Богородица со малиот Христос во рацете, Исус Христос распнат на крстот, или со некои, меѓу верниците популарни локални светители, со улога на заштитници, пустиножители и покровители), независно од тоа дали станува збор за икони, работени на дрвена подлога, сликани со темперни бои или, пак, со ликови на светители во рамките на ѕидното сликарство во храмовите (изведено во fresco или secco техника), вообичаено градени од цврсти материјали.
Случајот со „чудото“ во „Св. Димитриј“, според мое мислење, непосредно е врзано со претпразничното генерално велигденско чистење на храмот. Ваквото чистење редовно се прави секоја година, при што на камениот или на бетонскиот под се истураат поголеми количини вода, со што во голема можна мера се зголемува влажноста во внатрешноста на просторот. Температурната разлика помеѓу температурата на ѕидовите и температурата на воздухот во објектот предизвикува појава на кондензација врз ѕидовите, која најчесто е видлива и со голо око. За појавата на зголемена кондензација придонесува и релативно малата кубатура на внатрешниот простор на храмот.
За разлика од некои од претходните години кога задолжените за хигиена во храмот ја практикувале истата постапка, користејќи исти средства за одржување на хигиената (вода), а „чудото“ не се појавувало, оваа година влажноста во Скопје е значително зголемена, за што укажуваат и извештаите на метеоролозите, а од друга страна, оваа година, што не беше случај со изминатите, околу храмот „Св. Димитриј“ беа подигнати неколку повисоки згради, кои го запреа или пренасочија циркулирањето на воздухот на овој дел од левиот брег на реката Вардар.
Покрај тоа, улицата која води од Камениот мост кон Старата чаршија подолг временски период е преградена со висока лимена ограда (поради изведување градежни активности за споменик на тој простор), со што дополнително е прекината циркулацијата на воздухот, кој несомнено има влијание врз сушењето на ѕидовите на храмот. Подолг временски период, на овој простор, а во непосредна близина на храмот „Св. Димитриј“, имаше ископ на земја во длабочина од два три-метри, каде што преку зимата, и подоцна со дождовите, во длабината на овој простор навлезе поголема количина вода која, може да се претпостави, значително ги зголеми подземните води, што доведе и до зголемена влажност на темелите на храмот.
Како резултат на гореспоменатите можни причини, деновиве енормно се зголемила кондензацијата на влагата врз ѕидовите на храмот посветен на св. Димитриј и таа зголемена кондензација сега претворена во покрупни капки вода почнала да тече по ѕидовите на кои се насликани светители и сцени од теолошката програма на храмот. Зошто светнале единствено златните ореоли и златните украси на облеката на светителите кои требало да бидат насликани со златна фолија.
Овие точно одредени морало да бидат посебно технички обработени од страна на зографот, за разлика од облеката сликана во земјени бои. За да се добие саканиот ефект од нанесената златна фолија, таа да ја одбива правилно насочената светлина, тоа место на насликаната облека или ореолот првин требало многу солидно да се израмни, да се доведе до перфектно израмнета површина (зографите за гланцање на овие места употребувале алатка изработена од рог на елен).
Во оставнината на зографот Атанас од Крушево, открив две такви алатки.. Така обработените, однапред фиксирани места, овозможуваат златната фолија да легне врз подлогата без да се појават дупчиња или нерамнини кои неправилно би ја одбивале светлината. Меѓутоа, со време, врз насликаните светители на ѕидовите на храмот се таложеле прашина и саѓи од чадот на свеќите што придонело тие да го изгубат сјајот, односно да потемнат. Посебно тој ефект се одразил врз местата на ореолите и облеката покриени со златна фолија. Сега, кога зголемената количина вода од кондензацијата потече по сликаните ѕидови, најлесно и најбргу се растопија саѓите и правот од местата покриени со златната фолија, со многу мазната метална површина и поинаквата температура на металната фолија, така што тиа светнаа, додека другите површини работени со земјени бои кои не се мазни, туку се со рапава структура, се разбира, не го постигнаа во толкава мера ефектот на миење, односно на отстранување на правот и саѓите.
Чудото во храмот на солунскиот војвода Димитриј во Скопје ќе престане, според мое мислење, со намалувањето на влажноста, која колку што можев да видам, сепак, не е единствена причина за толкаво и многу бргу и ефектно светнување на ѕидните слики во храмот. Мислам дека на кондензацијата и на ефектот на миењето на ѕидните слики во случајов помогнале и одредени интервенции од страна на човечки фактор. Тие, веројатно со употреба на мокри крпи или други алатки, едноставно помогнале да се забрза процесот на чистењето, односно светнувањето на другите слики, затскривајќи го овој чин (инаку, недозволен од аспект на Законот за заштита на спомениците на културата) со појава на „чудото“, со самомиење на ликовите на светителите во храмот.
Некои од учесниците во создавањето на ова „чудо“ во скопскиот храм, се разбира, знаеле за житието на светителот, кому му е посветена црквата - дека тој е великомаченик и чудотворец и дека, меѓу поголемиот број, едно од најзначајните чуда е одбраната на градот Солун од нападите на Словените кон крајот на 6 и во 7 век.
Единствено за мене останува нејасно што сакал да каже св. Димитриј, остварувајќи го ова „чудо“ со самочистењето на правот и саѓите од ѕидните слики во неговиот храм во Скопје ако, се разбира, тој би бил единствениот реализатор на „чудото“. Ако, пак, на некој начин се покаже дека тој нема никаква директна врска со ова дејства, тогаш причините за појавата на „чудото“ треба да се бараат на сосема друго место и од сосема други причини. Веројатно, некои индикации ќе се појават откако ќе се сумираат финансиските ефекти од „чудото“ во црковната каса, кои понекогаш, како што покажуваат одредени примери во христијанската екумена, имаат ефекти над разумните очекувања.
Стручните лица не објаснуваат „чуда“
„’Чуда’ не објаснуваат стручни лица. Треба ова ’чудо’ да и' го оставиме на црквата, на религијата, на свештенството и да сметаме дека тоа е така за нив. Нема што за тоа да кажува науката, бидејќи таа не се меша во состојби што ги прокламираат црквата, религијата и свештенството.
Не би сакал со образложението на стручните лица да им се наруши верувањето на луѓето во ’чудото’ во црквата ’Свети Димитриј‘“, изјави вчера Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. (К.Б.)
(Авторот е историчар на уметноста)
|
|
Статијата е прочитана 33281 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 11.04.2012 00:12:20 | Za zal so ova se pokaza kolku e prost Makedonecot. Nazad e vo sredniot mracen vek, i ne e cudo zosto go igra sekoj kako stigne. Zgora na se pa uste drzavni visoki *cinovnici*(kako onaa Valentina Bozinovska, direktorkata) izleguvaat na TV i kazuvaat kako Gospod mu se javuval na Makedonskiot narod pred golemiot praznik. Ova go nemalo vi no srednovekovieto. Inaku vakvi *cuda* ima skoro vo site crkvi(ili onamu kade sto ima zidni sliki), pa ako se promeni ventilacijata (poradi klimatizer itn) se menuva i sostavot na zidot, i slikite. Pravo *cudo* e kako na nikogo ne mu tekna da otide na prvata benzinska stanica i da vidi kako benzinot otide nad 90den. a naftata na svets.berza paga. Prost narod, mnogu volna. |
| Itar Pejo, 11.04.2012 00:24:22 | Greska imas, cicko Kosta. Vistinata e nesto poinakva. Noviot brend Mr Brikolage sakal da si napravi reklama za svojot proizvod za cistenje Mr Propre. Arno ama rabotata izleze od kontrola. Koga vidoa deka i Premierot i Predsedatelot nasednaa na prikaznata, sega Mr Brikolage cuti i se pravi kako nisto da ne znae.
|
| mojso, 11.04.2012 00:44:55 | Cicko KOCE je car.FIskalizacija jok.Drzavni penziji mozit.Naskoro lebceto 40 denari benzinot 110, ami jajcata veligdenski. za narodot se znae pod MANTIJA |
| EU, 11.04.2012 01:02:51 |
I od Pasko ako e, sepak e premnogu. Vo slucajov ne stanuva zbor za voskresnuvanje na Isus, Bogorodica ili nekoj drug svetec, za cie tolkuvanje e nadlezna Crkvata, tuku za vidliv zemski fenomen. |
| MacBug, 11.04.2012 01:23:41 | Site sto bile da go vidat cudoto, da si gi baraat parite nazad. |
| Da se konslutira ekspertot Milenko, 11.04.2012 01:27:30 | Ne znam zosto se javuva g. balabanov da go negira ova cudo so koe eve Gospod resil da go usreci narodot pred Velgden. Pa za toa imame svetski ekspert Milenko,. Toj vo svoiute procueni emisii , govorese za mnostvo cuda, duri pronajde i piramidi vo Makedonija , za koi ne znaevme pa mislam istiot pod itno da sprovede eksprestko istrazuvanje i vo edna emsija seto toa da go objasni na narodot.Mozi kako sovetnik da go povika i janko, bidejci i toj e dosta upaten vo ovaa oblast. |
| USA, 11.04.2012 01:30:26 | Prosti mu Boze. Ne znae sto zboruva. |
| Alex, 11.04.2012 01:32:33 | Treba da mu se ovozmozi na avtorot na tekstov da gi ima istite uslovi kako vo Sv. Dimitrie,pa prakticno da ni pokaze kako moze da se sluci toa,vaka negoviot tekst e samo edna prosta spekulacija...zgradite,ogradata,veterot...mozda i spomenicite ????
|
| vernik, 11.04.2012 01:40:59 | Gospod da ti dade uste mnogu godini zdravje i um,pocituvan Balabanov:) |
| Risto/, 11.04.2012 02:11:07 | Ateisticki, ubavo objasneto. No, neka ja poseti vasiot srucnjak crkvata i neka proveri dali se razlikuva malterot kaj oreolite na svetitelite so ostanatiot del ili toa e edna celina. Vlaga i dozdovi imase i drugi godini. Imavme i poplavi no ova ne se sluci.Zatoa, ostavete gi vasite tolkuvanja i ne branete mu na narodot da veruva vo toa sto saka da veruva. |
| mitko dmitrovski, 11.04.2012 06:50:51 | Covek ne terba da se zgrozuva od komentarite na ateistite i slepo poslusnite komunjari,tuku toa e realnosta deka vo ovaa drzava ima vernici no i nevernici,ima patrioti ima i predavnici i toa e realnosta.Za sreka se pomalku se i tie sto ne veruvaat vo boga ,a i predavnicite ! |
| меглена, 11.04.2012 06:55:13 | Посмешно научно објаснување за феноменот -здравје. Човеков апсолутно нема поим како настанува кондензација, а целиот процес го објаснува со кондензација. Но дури и да дозволиме тоа да се случило, секој што видел кондензација на оџак знае дали со такво нешто се прочистува оџакот или мора да го фарбате за да го исчистите. Повистинито изгледа чудото отколку објаснувањето на овој историчар на уметност. |
| Igor, 11.04.2012 07:44:14 | Kosta Balabanov kazuva Како резултат на гореспоменатите можни причини. Mozni. Zosto i nesto drugo da ne bide mozno? Daj malce iskulirajte se i ne si gi napregajte mozocite so de vladata ili de crkvata bila vakva ili onakva. Samo plukanje i nisto drugo. Podobro da ne pisuvate za nesto otkolku samo i vie samite da povikuvate razno razni mozni eksperti. |
| XXX, 11.04.2012 07:53:42 | Gospodine Balabanov,
tekstiv vi lici na izvadok od epizoda na Discovery kanalot kade sto imaat epizodi od nastanokot na svetot pa se do toa kako bi bila idninata.Samo sto vo niv isto i kako vo vasite ne davaat sto vsusnost se slucilo ili ke se sluci so sigurnost tuku mozni raboti sto se slucile ili ke se slucat.mislam deka imate sigurna idnina vo toj sektor.
so pocit |
| bb, 11.04.2012 08:02:59 | vernik sum,no vo nieden moment ne poveruvav vo cudoto,ne sum strucnjak vo ovaa oblast no razmisluvav od sto moze da e ova. i bez da go procitam napisot od gospodinot balabanov isto pomisliv deka e od parea.Jaden nas narod duri vo redici ceka da go vidi ova |
| Nikola, 11.04.2012 08:05:30 | Dobro e sto se javi naukata! Ne dolikuva na denesniov covek da se zanimava so praznoverie i cuda! No, jas ne mislam vo taka naivni pricini za vlijanieto na covekoviot faktor. A da ne slucajno Ivanov, Gruevski i familijata izmislile nov nacin na izmama za da ja napravat Makedonija mesto za hodocasnistvo? Ne bi me cudelo! |
| Miki, 11.04.2012 08:12:05 | DO USA I SLICNITE: Gledajte CNN_Pretsedatelot na Peru licno ja vodi operacijata za spasuvanje na zatrupanite rudari! A ovde-Lazniot Pastir se iscuduva na laznite cuda! |
| igor i., 11.04.2012 08:17:41 | makedonceto e najgolem neveren Toma. I samiot gospod Bog da se pojavi nema da poveruva , tuku ke kazi deka toa e nekoj prepraven covek koj sakal da gi izmami. |
| Бранко М, 11.04.2012 08:21:15 | Почитуван Балабанов, по ваше ако убави ве разбрав, није сите ко ќе сакаме да ги исчистиме дома треба само да истуриме вода по паркетот и не треба ич да варосуваме? Ова е многу „паметен„ патент од вас особено за куќи каде што има пушачи и специјално за кујните каде што се готви.
Како тоа да во ниедна друга црква во Скопје, Македонија и целиот христијански свет ова не се случи? Вероватно сакате да кажите дека од иљадници цркви од христијанскиот свет, само во Св. Димитрија е чиста црквата за Велигден, а другите јок.
Трето интерсен е вашиот „патент„ ко ќе треба да се врша конзерваторски зафати, треба само да подигниме лимени огради околу црквите и завршена работа.
Госпо да ве поживи! |
| xxx, 11.04.2012 08:23:29 | Ma cudo e celata nacija koja si go gubi vremeto na vakvi gluposti. Pa imate vernici, pa eminentni profesori koj naucno go osporuvaat ova, pa cicko Pasko koj ke lupne nesto i ke ostane ziv, pa i vie mediumite uste poveke dajte mu na znacenie. Koga bi gi poglednale dlaboko vo vistinskite i sustinski problemi na naseto opstestvo i sekojdneveniot zivot togas ke svatite deka e cudo sto uopste postoime i egzistirame u 21 vek so ovoj pamet. |
| Dejan, 11.04.2012 08:25:01 | И Галилео Галилеј беше прогласуван од црквата за еретик па сепак како и во сите милион случаи науката секогаш излегуваше како победник над црквата! На здравје нека ни е 100 денари бензин. Додека има овци, ке има кој и да ги бричи. |
| Suzana, 11.04.2012 08:26:36 | Kako mozete i pokraj SVE da bidte taka sebicni i zli so Vasite razmisluvanja??? Kako mozete da kazete deka e od vlagata... pa kolku Crkvi se napusteni..vlazni.. (edna od niv e vo Mavrovo) no sepak ne se slucilo ova !!!
Samo GOSPOD NEKA NI PROSTI !!! |
| Athee, 11.04.2012 08:30:13 | ПРОСТ НАРОД=СЛАБА ДРЖАВА |
| od ostrijot, 11.04.2012 08:34:54 | toa e namerno ili izmisleno cudo zadase skrene vnimanijeto na lugeto od stvarnite cuda stone opkruzuvat naprimer visoki ceni mali plati i slicno. |
| Makedonka, 11.04.2012 08:37:47 | Komentar od obrazovan covek sto si ja znae rabotara i sto mentalno e stignat vo 21-ot vek.
Cuda ne se slucuvaat, se slucuvaat samo nastani za koi ima objasnuvanje ama sekoj ne ja znae pricinata.
Ziveeme vo 21 vek, vremeto za misterri e daleku zad nas, bar nekolku vekovi... |
| Bogomil(ec), 11.04.2012 08:44:36 | Во педесетите години на минатиот век, се појави едно вакво религиско чудо. најнапред во Велес на стаклата од прозорците се ,,појавуваше,, расплакана Богородица, мајката Христова, а потоа почна да се појавува и по селата. ,,Чудото,, траеше десетина дена. Богородица си се врати во храмовите, а меѓу народот почна да кружи приказната дека некои досетливци ставале масло или сапуница на прозорските стакла при што се разлевале разни форми, меѓу кои и со ,,ликот,, на Богородица, доколку верникот успевал да го улови. Посебно, кога очите и солзеле...Ете и атакви чуда се случуваат во овој се уште задреман и залелеан свет, кој поради грозоморието во реалноста, бега во виртуелности и празноверија. |
| Prolet, 11.04.2012 09:01:06 |
Господине Балабамов, немојте со ваквите ваши изјави да им ги расипувате идеите на портпаролката на МВР госпоѓа Јанкуловска и премиерот Груевски кои сигурно се подготвуваат ова чудо да го искористат како своја заслуга во нивниот мандат на владеење, тогаш кога народот го доведоа на работ на егзистенцијата! |
| Nikola, 11.04.2012 09:08:53 | Toa sto se slucuva so freskite vo Sv. Dimitrija ne e nikakvo cudo. Cist hemiski proces so vodena parea. Oreolite na svetcite naslikani se so boja koja sodrzi fosfor i pri hemiska reakcija so parea najubavo se gleda efektot na cistenje.
Gospod place koga gleda kakvi sektasi vladeat vo Makedonija. I koga gi gleda negovite reprezentativci opieni so blud, razvrat, bespromerno uzivanje vo izobilie i ucestvo vo politicko-profitni procesi. |
| Vernik, 11.04.2012 09:13:19 | Fala Bogu sto uste imame umni luge. Da se molime u Sevisniot za nivno zdravje i zivot. Bog ke ne usliza. A Pasko i dalje neka brise freski i ikoni u docnite nocni casovi. U matica monografija ke mu stampat. |
| пријател, 11.04.2012 09:31:03 | Правите Христијани не бараат да видат чуда и не веруваат во чуда. Самиот Исус Христос рекол :„Зошто овој род бара чудо?Вистина ви велам:нема да се даде чудо на овој род.“(Марко 8,12),а според Матеј(12,39),Христос уште поостро реагира кон иние кои бараат да видат чуда.Тој вели:„Лукав и прељуботворен род бара знак:но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона;“ и продолжува:„оти како што Нона беше во утробата на китот три дни и три ноќи,така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи“. |
| FELIKS, 11.04.2012 09:43:31 | Како прво повеќе сум атеист отколку загрижен теист,затоа што ако верував во чуда и чудеса ќе поверував дека на Бихаќевците им поминал климактериумот.Како второ да се бара мислење од историчар на уметноста а сосема нерелевантно оти ова спаѓа во доменот на конзерваторите.Само тие можат да го дадат стручното мислење за овие оплакнати ,,чудеса,,.Затоа би било мудро да попричекаме да поминат празниците и откако гужвите ќе поминат конзерваторите ќе го дадат стручното мислење. |
| slavica, 11.04.2012 10:03:57 | Чудо како нашите слики и лустери не почнале сами да се чистат! Ние живееме на 200м од црквата... истата кондензација на воздухот... стаклата се со мазна површина...Чудо! |
| Hristijanin, 11.04.2012 10:10:08 | Ke ve molam stvarno ne ni e potrebno mislenjeto od eksperti koj saka neka veruva,a ako mu preci na nekoj taa ubavina na ikonostasot vo crkvata e negov problem. |
| termo inzinjerce, 11.04.2012 10:14:02 | Mislam deka Pasko za prvpat vo svojot zivot e vo pravo. Religijata ne se bazira na fakti tuku ednostavno na veruvanje!!!
Inaku gledano od inzinerska tocka objasnuvanjeto na Balabanov e logicno i najverojatno 100% tocno. |
| Ванчо Дојранлиев, 11.04.2012 10:20:07 | Спремен сум на Македонскиот народ да му презентирам брзо чистење на икони во која сакаат црква и тоа пред камера.Истото можи да го направи секој кој добро ја познава хемијата .
Сето ова има тешка позадина...
Секој образован Македонец инаку размислува за ова фарса... |
| ВЕРНИК, 11.04.2012 10:24:23 | Читам и просто не можам да поверувам колку далеку забегале неокомунистите и нивните учени кадри?! Па, зарем е можно да не постои нешто на светов на кое тие ќе умеат да се израдуваат?! До толку ли забегале со умот?! Што и да се случи убаво и добро во Македонија ним им пречи, за се нешто тие имаат одговор и стручно толкување! Како не ви е срам, безбожници неокомунистички? А, тој стручњакот (историчар на уметноста) нека запали една свеќа во црквата Св. Димитрија и нека се помоли пред Бога да му прости за неговата клевета! |
| Makedonka, 11.04.2012 10:28:15 | Со сета почит кон Вашето образование Историчар на уметноста, но ова ми налукува на една обична Приказна, со која верувам можете на повлијаете на оние кои не веруваат во Бога, немате никаков доказ пишувате само претпоставки. Па зарем во ниедна друга црква во светот нема влага, околу ниедна црква не се градело, нема ископаници и не се чистела.....па ве молам г-дине ОВА СЕ СЛУЧУВА ВТОР ПАТ ВО СВЕТОТ и за Вас не е ЧУДО..... Претпоставувам дека сте атеист а тоа е Ваше право, но немате право да им судите и да ги навредувате другите кои не мислат како Вас. |
| Владимир, 11.04.2012 10:31:12 | Прво, давате шпекулација дека тоа е нормална работа и е одамна познато, кажете ми кај ви е на друго место познато па да идеме да видиме заедно. Второ, авторот е историчар на уметност и ништо повеќе од тоа. Ве поканувам кај мене дома сите ѕидови да ги нацртате така па со свеќи да ги затемните па да ми дадете датум кога ќе се прочистат за да ви поверувам иначе ова ваше тврдење би било рамно на глупост. |
| Димитар Митков, 11.04.2012 10:41:57 | Значи , секој што не е глуп , е предавник! |
| Tina, 11.04.2012 10:48:03 | Почитуван, на сите ни е јасно кога се чисти несто валкано со вода тогаш задолжително истекува прљава вода надоле. Овде такво несто нема, нигде нема бразди од чад или кал. Вода по иконите НЕМА сите икони се исчистени идеално. Зошто Ви е тешко да поверувате во постоење на повисока СВЕСТ, и не размислите на пораката која ни се праќа туку давате овоземски несоодветни и чисто лаички објаснувања. Иконите сами се исчистија и ја симнаа темнината од себе, дали ние ќе си ги исчистиме темните и мрачни мисли и ќе се прочистиме духовно? |
| saso, 11.04.2012 10:51:40 | Aman od vakvi penzioneri.Dodeka bea na vlast site proekti gi sobraa. A da go prasam strucnjakov.Da bese cul deka ova e vo Japonija , ke dobiese odma sponzor , ke sedese 6 meseci na trosok na drzavava i ke napisese kniga za Japonskoto cudo. Faktor vreme treba da se pocituva, a potoa ke izleze strucen tim od ludje i neka donese zaklucok.Se sto e izbrzano, ne e dobro.A i poentata Sto i da se sluci vo Makedonija , makedonceto ke se potepa od pusta ispolitiziranost |
| Јован АН, 11.04.2012 11:13:28 | Феноменот во црквата Св.Димитрија да го оставиме во сферата на духовното.Експертите (колку убаво звучи!) нека не се мешаат.Објаснувањата од типот дека “црквата ја помага сегашната власт заради бензините или слично“ се чиста глупост на партизирани индивидуи.А и ова со пареата чудно звучи. |
| Sonja Kuleska, 11.04.2012 11:18:17 | Normalno deka ne veruvaat vo cuda LUKETO PROTIV CRKVATA BOG neka vi prosti ne znaete sto zboruvate |
| Nie, 11.04.2012 11:24:38 | Ha, Ha, Ha !
Covekot zboruva bez veza!!!
Kolkavo poznavanje od naukata ima ovoj covek? Citam deka e : istoricar na umetnosta. E, tie istoricarite na umetnost se mnogu profesionalni, se mesaat ama bas vo se i sesto |
| нерелевантно од кого е коментаров, 11.04.2012 11:24:51 | Зошто Господинот историчар на уметноста со истата техника и механизам (кој го објаснува во случајот на храмот Св.Димитрија) не ги измие и прозорците под сводот на соборниот храм во Скопје. И на тие прозорци има насобрано саѓи, прашина и испарувања од свеќите а стаклото исто така е многу мазно ако не и помазно од малтер израмнет со рог. Нека ја употреби таа техника што ја елаборира па нека повели со ладна вода да ги исчисти тие прозорци. Сигурно дека од црквата ќе му бидат многу благодарни и во финансиска смисла.
Дали уредниците на Утрински весник биле на часови во училиште кога се учело дека парафин (или восок) не се меша со вода па да може со ладна вода и да се измие? |
| video, 11.04.2012 11:33:56 | Go citav i go analizirav komentarov se je vo red no ako imalo vlaga i vlaznosta na vozduhot go storile svojeto togas je lesno da se vidi dali postojat protekotini od vlaznosta sto izvrsila perejne na reckite i ikonite, prasinata ne moze edno stavno da ja snema samo oti bila vlaznosta prisutna,sekako bi trebalo da ima tragi na priliv od prasinata i od cadot koj se talozel dva tri veka vo crkovniot hram.Jer sekoj normalen covek znae da ako mijes bilo sto treba so deterzenti i razni hemikali da nesto zamrseno vo slucajov kako sto je so svekite i na krajot treba dobro so protecna voda da se dobro ispere da bi nemalo tragi. Ako je bozjo codo BOG KE GO DOKAZE veruvale ili ne. |
| Mite, 11.04.2012 11:37:41 | Gospodinot Balabanov da ne se iznenadi ako vo naprednite denovi mu opnat edna lustracija. |
| dedo dimo, 11.04.2012 11:38:06 | Aftorot mozda e vo pravoa mozda i ne.Bez razlika toj dali veruva ili ne ,iljadi luge veruvaat a isto i jas.Jas doziveav sluchaj koj nemozam da go zaboravam a toa se desi na MITROV DEN a svetec e SV DIMITRIJA Solunski.Rabotata shto nemozev da e izvrsham ,toj tokmo na denot Mitrovden e izvrshi za mene. Od dedo prededo Mitrovden e nasha slava. Jas sum blagodaren na Sveti DIMITRIJA.Ve molam ne se sheguvajte so svetcite. |
| Goce USA, 11.04.2012 11:56:45 | Ne mi se veruva kolkav e redot za vleguvanje vo crkvata??!!...
Neverojatno e kolku sme glupav i lekomislen narod! Od umot si stradame.... |
| Olga Arbuljevska, 11.04.2012 11:58:13 | Vcera bev vo Sv. Dimitrija i ne sum vcudovidena od fenomenot,kolku sto sum zaprepastena od napisot na K.Balabanov so koj samiot si gi stavi elenskite rogovi(spomnati kako alatka vo negoviot napis)na svojot ekspertski oreol ! Tolku nedolicno kvazi tokuvanje ne ocekuvav od eden takov,naucen avtoritet koj se voodussevuvasse od japonskata tehnologija a koj za zzal ne otisol podaleku od krpata i sungerot i nema poim so kakvi se ne moderni tehologii bi mozelo da se izvedat nekoi ccudesii ... VCERA SE UVERIV DEKA VO CRKVATA SV.DIMITRIJ SE ODVIVA SILEN ENERGETSKI PROCES !!! |
| Martin mxn, 11.04.2012 11:59:38 | Сигурно во Германија или некаде во Скандинавските земји ќе имаше илјадници луѓе преку работна недела да бараат чуда и да се молат... |
| Risto Andov, 11.04.2012 12:07:16 | За време на мојод осум децениски живот бев свидетелна на повеќе чуда слични на овој во црквата св. Димитрија. На приме, непосредно по војната, вераватно како одговор на растечкиот атеизам, настана еуфорија со препознавањето на иконата на св. Богородица по прозорците скоро на секаде. Појавата на спектрални фигури по прозорците и потоа продолжи, ама помина еуфоријата за препознавањетона икони. Не си спомнувам каде беше, ама ете заплакаа некои икони на св, Богородица, што се покажа како подвалана некој поп. Еве да ја спомнам и еуфоријата со машката вода во Босна, која се покажа како измислица за да се продуцира туризам. Што ќе се случи со чудото кај нас , ќе видиме со текот на времето. Во секој случал, вероватно ќе се разоткрие наекаква заднина! Впрочем, времето на чуда одамна е поминато. |
| Ајван Доктор®, 11.04.2012 12:10:19 | Од сè,нека ми прости ценетиот професор Балабанов,но најјако е објаснението на Паско!Ме скина од смеење неговото „научно“образложение:„науката не смее да се меша со состојбите што ги прокламираат црквата,религијата и свештенството“!Секако,Паско!Може да се случи да им се откријат „чудата“на поседување материјални богатства со божја волја!Ех,за жал тој на истиот начин („со божја помош“) ни го прикачи и Ацевиот идентитет!Баталете ука и наука,блејте во „чудото“! |
| skopjanec, 11.04.2012 12:15:19 | Vo dnesno vreme za vakvi glupi raboti moze da veruva samo nepismen, prost, planiski neciviliziran covek. Na zalost na vakvi glupi raboti nasednaa predsedatelot i premijerot. Dobro rekle ,,verata e opijum za narodot,, |
| историчар на уметноста, 11.04.2012 12:22:27 | јас ќе му донирам на колегата цистерна вода, црево, крпи какви сака, ќе земам и некој апарат за зголемување влага во воздухот, ќе појдеме во која сака црква, а тој нека презентира како се чисти парафин со вода и со влажност во воздухот.
ми ја уништи стурката со еден текст. |
| Игор, 11.04.2012 12:36:59 | Дали Коста е атеист или не е?
Ако е, тогаш е добро својот текст да го почне со реченицата „Јас сум атеист“. Така на сите нас некои работи ќе ни бидат појасни. |
| ile, 11.04.2012 12:49:14 | Do mitko dmitrovski:
Patrioti i predavnici nema nikakva vrska so toa dali nekoj e ateist ili vo zabluda. |
| mkd, 11.04.2012 13:01:54 | Mene realno mi e vazno sto ludjeto se vratija vo ovaa crkva vo ogromen broj a utre koga ke se napravi i plostadot ke bide i turisticki magnet bidejki ke ima ubava prikazna. |
| marija, 11.04.2012 13:09:46 | novinar ateist go kontaminira mediumskiot prostor..sramoten e ovoj tekst gopsodine...Bog e kreaotr na zivotot i svetot..eve zemi ti gospodine novinar vidi od koi elementi procentualno e sostaven covek i napravi covek ako mozes..ke sfatis deka Bog e sozdatel a ne materijata...i ova e delo na Bozjata raka po molitvite na svetecot sv.Dimitrij..neka e na pomos na site vernici |
| lala, 11.04.2012 13:19:19 | На тие што им се верува нека си веруваат и нека си ќутат, останатите нека игнорираат.
Барем досега низ историјата се видело што прави црквата и од какви побуди со инквизиции и сл.
Нели Исус одел бос и живеел аскетски живот, тогаш зошто неговите *претставници на земјата* носат златни круни, и седат на престол и зошто РАЈАТА оди да им го бакнува здолништето позлатено и згора на тоа пари да им дава??? Што се тие повеќе од обичниот човек да се величат до таа мера? Ама сето тоа им го овозможува РАЈАТА!!!
Во кое време живееме еееј светот оди напред ние пред носот си гледаме, и се што ни се случува сме си заслужиле зошто сме го дозволиле тоа. Така ни треба. |
| Панда, 11.04.2012 13:19:59 | Од сите глупави коментари најсмешни ми се оние кои ја оспоруваат стручноста на д-р Балабанов. Човекот е автор на над 200 трудови за средновековната уметност во Македонија. Секоја фреска во манастирите и црквите ја знае напамет. Од 1981 година работи во заводот за заштита на спомениците како конзерватор, господине Феликс.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Коста_Балабанов |
| агностик, 11.04.2012 13:23:53 | Проблемот во теоријата на уважениот стручњак е само во тоа што не постои растекување на саѓи и нечистотија.. |
| James, 11.04.2012 13:37:22 | Populus vult decipi, ergo decipiatur!
... или кажано на нашки Луѓето сакаат да бидат излажани, затоа излажи ги!
Мислам дека оваа мисла кажува се и натаму нема потреба да се коментира, но мора да додадам дека е греота во 21 век, во времето толку големиот техничко-технолошки напредок (дрн, дрн)... и овој степен на развиеност на цивилизацијава, кога западниот свет се врти кон патувањето кон Марс и погледите се насочени во Deep Space со помош на очите на Hable, кога Hawking размислува за имагинарното време, а Kaku за паралелните универзуми од релативниот свет на Einstein во кои Schrodinger, Heizenberg, Bohr и останатите ни ја објаснија квантната природа на нештата уште пред 100 год., .... ние да бидеме толку слепи и неуки и да се покоруваме на добрата воља на боговите на нашите предци... кружејќи околу некој метеорит во Мека....
Страдањето и немоќта, тие ги создадоа сите задгробни светови! - Така зборуваше Заратустра (читај Ниче)....
|
| VK, 11.04.2012 13:42:14 | Pa tokmu poentata na religijata e da veruvas!
I sekoj koj veruva vo Gospod znae deka ova e cudo ! I taka treba da e. |
| Mudrec, 11.04.2012 13:45:37 | Aman vekje od istroshenive komunjari. Ako e parea, zosto nema tragi od voda i zosto na dopir ikonite se suvi? I kako pareata ja menuva crvenata boja vo zlatna? Odete vo sv.Dimitrija i poklonete se na chudoto namesto da shirite nebulozi. I prestanete nas vernicite da ne smetate za prosti lugje, nie imame i um i verba, a vie ateistite ni edno ni drugo. |
| Boro, 11.04.2012 13:53:29 | До историчарот на уметност
Ако навистина сте историчар на уметноста и ја негирате теоријата на авторот статијата, треба да си го напишете цело име и презиме и да дадете образложение за ваквите и слични настани во светската историја. Очекувам ваш одговор. |
| dzale, 11.04.2012 14:00:29 | A zoshto ne ja patentirate metodata za restavracija? Taka site crkvi bi bile chisti i ne bi imalo potreba od eksperti kako vas. Naka iskopaat malku, neka dignat pregradi i nekoja cistacka konzervator neka vrli nekoja kofa topla voda. Genijalno! Patentirajte go ova, onaka ekspertski, neli vie ste ekspert, pa i kje zarabotite neshto. So vakov um, vi posakuvam uspeh pri patentiranjeto.
|
| bt_korzo, 11.04.2012 14:12:26 | Ne e nitu ateistichko nitu diletantsko objasnuvanjeto na gospodin Balabanov. Jas lichno mu chestitam za napisot. Ednostavno koga narodot ke go dopre samoto dno na mizerijata, obichno za spas bara pomosh od Boga. Nikako da se svesti deka spasot e vo dvete race sto gi ima so koi moze da napravi praktichno se duri i da ja smeni silata (chitaj VLASTA) koja i go donela na taa mizerna pozicija. Ona shto dve rabotlivi race mozat da go napravat, nitu iljadnici race koi se molat na Boga ne mozat da go napravat. Toa e fakt i kamo junak da me pobie so svoi fakti. |
| Nikola, 11.04.2012 14:18:19 | Ateisti, Gospod neka vi e na pomosh!!!!!! |
| Кемал Ататурк, 11.04.2012 14:20:35 | PAK TOJ BRANKO CRVENKOVSKI PRAVI UJDURMI I GO LAZE NARODOT A NA VLAST E 20 GODINI |
| selak, 11.04.2012 14:30:32 | Samo vmrovci i sdesovci komentirat edni pravdat drugi mani barat da nemate leb da jadite |
| пчелката Маја, 11.04.2012 14:48:33 | Како не ви е срам? Искрено не верувам во ,,чудово, но не го негирам. Држава ли сме што ли сме, ова е интернет луѓе и дај немојте да бидете малограѓани и така просто да си ги браните своите ставови. Балабанов го има своето право да си го каже своето мислење и никој нема право да го навредува и набедува на спротивното..Како и да е на пола од вас мозоците ви се испрани, па затоа верувате во се што ќе прочитате, али не е до вас, прост народ македонкси се вика тоа, и не само македонски, балкански!...можеби и не е кондензација, кој знае што е, но пред да аргументирате барем отворете уште некоја интернет страница и образувајте се, а впрочем има и книги, со телевизијава ништо не сте напраиле. Поделени сте и видикот ви е ограничен, а сепак ја браните верата и државата, верниците никогаш не би признале дека не е чудо, а атеистите дека е чудо, да луѓе мои се може да биде. да ми бидете живи и здрави а темава оставете ја на стучните лица они нека одлучат што е! |
| Граѓанка, 11.04.2012 15:06:38 | Јас комотно можам до утре да си ломотам за колку најобична хемиска реакција како оксидација, може да прмени нешто, а не пак посложени хемиски реакции и киселини кои откако ќе се нанесат постепено ја разјадуваат сета наталоженост. За нас е може ново, али западу то је ништа ново. Таму за кујните во големите хотели на пример, се користат баш гореспоменатите киселини за да го разјадат сиот бигор, маснотии и црнило од чадовите кое се собрало од водата и пареата. Процесот се одвива неколку часа, зависно од јачината на киселините и тоа колку длабински делува истата. Си има и фино лепо светлуцави честички за политура и ко ќе видиш, чудо, гланца кујната ко сега купена.
И тој процес е видлив, бигорот и црнилото полека се разјадуваат и кога ќе исплакнат со вода, сија... |
| Александар, 11.04.2012 15:07:12 | До сите оние кои веруваат во „чудово“ една молба. Следниот пат кога ќе ви се разболе детето не го носете на лекар бидејќи медицината сепак е наука. Немојте воопшто да ги користите и останатите благодети на науката ако та не ви одговара. Може така??
|
| Trpana, 11.04.2012 15:15:30 | Veruvam vo ova cudo zatoa sto ima nekoja visa sila koja ne ja gledame a pravi cuda za koi nekoj ne veruva i sekoj koj ne veruva ne mora da go ubeduva i drugiot da ne veruva. |
| Ivo, 11.04.2012 15:31:06 | Se prasuvam dali ova ako se slucese vo Grcija ili eve receme vo zapadniot svet Francija pa duri i Amerika. Kako site ke ja prifatea vesta? Labavo ili odma kontra ofanzivno demek nekoj gi napaga, cudoto e toa sto kako moze site komentari ovdeka da se tolku intelegentni i site da se strucnjaci i site da velat deka ako veruvas si prost a zgora na toa pa i prost MAKEDONEC? A moze li i ne makedonci da veruvaat vo cudovo? Moze li ednostavno da si bide misticna makedonska zanimliva prikazna, i na bogata imeto go spomnuvate samo da se kudelo so site nisani a doma uste proletno cistenje ni samite ne ste napravile. |
| meglena1, 11.04.2012 15:37:45 | Г-нот Балабанов може многу лесно да ја докаже својата теорија - во лабораторија. Нека ги репродуцира околностите што ги претпоставува, нека ја користи истата златна боја и еленски рогови и нека ја докаже со експеримент теоријата. Единствен негов залог во експериментот ке биде неговата репутација. По експериментот или ќе биде признат конзерватор и стручњак или политички продаден шарлатан.
За експериментот да се подготви не е потребно повеке од еден ден. |
| dano, 11.04.2012 15:51:30 | neveren narod kazneta drzava |
| Милко, 11.04.2012 16:12:16 | Срамота, неверници, истата екипа на А1, како можат на ова да помислат, ова го нема никаде!!! |
| Граѓанин, 11.04.2012 16:19:16 | Дали е ова чудо или не, не знам, не сум побожен, но ме вознемири народното мнение за луѓето кои се атеисти. Да се биде атеист, не значи и да се биде комунист. Неправилно е и беспредметно е да се споредуваат овие два поима. Атеизмот постои од дамнина, тоа е право на секој човек и не треба да се потврдува преку нечија политичка определба.
Ако говориме за „чуда“, да бидам ироничен, поголеми чуда од тоа што ни се случува низ годините - нема.
* Зголемени цени на производи и гориво - платите не им текнува да ги повишат
* Сиромаштија до гуша - народот убеден дека вториот кризен бран нè докусурил
* Македонија е незначителна во однос на другите земји - ние си создаваме митови за важноста на Македонија во регионот
* Сите други се виновни за нашата состојба - ние за ништо не сме виновни!
Која е пораката што ни ја испраќа чудото од црквата Св. Димитрија, што мислите? |
| eden decko, 11.04.2012 16:21:02 | nevernici,ne e ubavo vaka da zboruvate vie i taka ne veruvate vo boga i vo negovite cuda i ne ste nesto interesni a onoj koj veruva vo boga, veruva i ne proveruva |
| BitolaHamiltonCanada, 11.04.2012 16:29:39 | Kako da ne veruvaat vo ludoto(sakam da recam chudoto) koga bogomolcive seuste veruvaat deka zemjata e plocha,i deka sonceto se vrti okolu zemjata.Ovie objasnuvanja na aftorot imaat logika,no tie vo logicni objasnuvanja ne veruvaat,tie veruvaat vo babini i devottini shto im gi kazuva popot na crkvata.Chudovo se slucuva samo noke koga crkvata e zaklucena,denje ne se slucuva oti site ke vidat kako gorniot toa go pravi i nema da bidi chudo nevideno tuku ke bidi ludo videno. |
| Maja, 11.04.2012 17:12:43 | Не постои атеист кој барем еднаш во животот, во голема болка или во страв, шок, очај, не изустил „Господе Боже“. Не постои таков! Колку млади изгубиле живот - „ги зел Господ“ и колку од сигурна смрт - „ги спасил Господ“ Само тоа се смета за чудо. Се друго си има објаснение. И секако дека има. Се постоело и порано. На нас е само да откриваме. Додека не откриеме - непознатото останува чудо.Но кое е најголемото чудо? Тоа е самото верување! Изворот на сила за оние кои ја немаат или ја губат. Пред хаосот во светот, пред злото кое како рак се шири низ цел свет, што и кому пречи верувањето на луѓето во Светлината наспроти Темнината, во Доброто наспроти Злото? Г. Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, не би сакал со образложението на стручните лица да им се наруши верувањето на луѓето во „чудото“. А што е тогаш поентата на статијата? Или треба луѓето сосем да се предадат на и пред злото, голораки пред сите вртлози, треба ли да останат и без верување?
|
| Ivan, 11.04.2012 17:56:02 | Господине,
суштината е во тоа дека Македонскиот народ, заслужува да верува дека и на неговата територија, и во овие денови на немаштија, чуда можат да му се случат.
Објаснувањата со зголемената влажност и лимените прегради се ирелевантни. НЕБИТНО е дали тоа е божјо дело или сплет на околности!!!
Вакви текстови се непотребни и иритираат. Едноставно оставете не малку да здивнеме и за момент да пробаме да поверуваме дека и Македонија може да биде земја на чуда! |
| Васил, 11.04.2012 18:12:25 | Е да, другарот балабамов кој е истакнат атеист треба да даде експертиза.Па тој и Светата Причест би ја ставил под микроскоп...... |
| anamarija, 11.04.2012 18:13:25 | A zosto samo zlatoto e iscisteno?I kako e mozno sevo ova da se slucuva vo zatvoren prostor?
navistina zalno za tolku ucen covek,iskreno nemozam da poveruvam deka nekoj moze da napise vakvo nesto protiv gospod,no toj gleda i da ne sakate da poveruvate vo ova sto se slucuva eden den ke poveruvate ama ke bide mnogu kasno!
pozdrav |
| До сите учени,цивилизирани и напредни 21вековни, 11.04.2012 20:00:11 | „ И јас сакам да прашам по што се разликува времето од пред 1000 г. и сега 21от век. Оние кои верруваат знаат дека многу тела на многу светители кои се стари по 500 и 600 г. сеуште не се распаднати и се случуваат безброј чуда пред тие тела, каде што луѓето се лечат од неизлечиви болести(тумор,рак,леукемија и сл.). Тоа како ке го објасните како нешто просто,уназадено или не знам што, тие тела и чуда се случувале и пред 500, 600 г се случуваат и сега. Или научниците треба да ги земат на Марс па таму да видат дали ке се распаднат. Колку сте бедни луѓе, чудата во Православната Црква не се од вчера. И ве молам правете разлика која црква убивала научници и спалувала на клада. Православната ли??? Кажете еден научник што го осудила на смрт или било што. Православието е моќ. Безбожието е беда. |
| Gabriela, 11.04.2012 20:00:52 | Gospod neka im prosti na site nevernici koi sto ne se osvestile a verojatno nikogas i nema. I za dragite naucnici edno potsetuvanje fizikata go potvrduva postoenjeto na energijata , verski gledano duhot, neka ja procitaat knigata Holografski univerzum da vidat kako naukata se pronaoga vo verata i obratno. Neka go pobaraat site Boga vo sebe i visokata svest ke im ja pokaze mokta.Vo imeto na Otecot,Sinot i Svetiot Duh. Amin |
| Koj e vo nedoumie..., 11.04.2012 20:12:56 | Site koi se vo nedoumie za toa sto se slucuvalo i se slucilo za mienjeto na freskite, toa sto go govori Balabanov ima mnogu logika i vistina. Zlatnata folija najbrzo se ladi i zatopluva / zagrevanje i ladenje koga se menuva temperaturata. Ako ima vlaga od topla voda ( a ne samo od sostojbite koi gi kazuva Balabanov) kolku i da e taa ke otide na najstudenoto mesto...zlatnata folija i tamu ke se kondenzira. Komu ne mu se veruva nekadojde kaj mene posle upotrebata na tusot...hodnikot koj sto e povisok od kupatilot , osobeno kubeto/tavanot se iskapani vo voda pa mlaznici tecat po dzidovite (onie nadvoresnite koi se postudeni, a vnatresnite pak ne! Spontanosta na ovoj nastan kako CUDO e navistina za odbelezuvanje zatoa sot site okolnosti naveduvaat na razmisluvanje ZOSTO TOKMU SEGA? Pa ete, zatoa sto VMRO DPMNE i se e mozno, i koga gresime nie osvauvame! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
|