29.05.2013, 17:51 Кои се најбогатите Македонци според „Форбс“
Листата на „Форбс“ е составена врз основа на јавните податоци за вредноста на акциите кои тие ги поседуваат во фирмите што котираат на Берза
Сања Наумовска
Петмина Македонци се најдоа на последната листа на „Форбс“ за најбогатите луѓе во регионот. „Утрински весник“ ексклузивно дознава дека на листата која денеска ја објавува магазинот, сопственикот на „Макстил“, „Бетон“, „Факом“ и на повеќе други фирми, Минчо Јорданов, е најимотниот бизнисмен во земјата. Зад него на листата се Штерјо Наков, сопственик на „Фершпед“, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“, Свето Јаневски, прв човек на „М6“, и Живко Мукаетов, директор на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“.
Листата на „Форбс“ за најбогатите луѓе на Балканот е составена врз основа на јавните податоци за вредноста на акциите кои тие ги поседуваат во фирмите што котираат на Берза. Во Македонија, наведува магазинот, листата може да биде и непотполна, бидејќи постои голема нетранспарентност на пазарот на капиталот. Законот за хартии од вредност не дозволува објава на имињата на акционерите, кои имаат помалку од 5 отсто удел во компаниите. Исто така, во Македонија, голем број фирми кои имаат годишен обрт од милиони евра не котираат на Берза. Но, неодамна беше донесена одлука за задолжително котирање што на Берзата ќе донесе уште 90 нови компании.
„Форбс“ заклучува дека во Македонија во последните години се' поуспешно се води бизнис во телекомуникациите и енергетскиот сектор, а атрактивни се и фирми од фармацијата, трговијата, туризмот и производството на вино. Тројца од петте најбогати Македонци се сопственици на винарници.
Сепак, според богатството, македонските бизнисмени се далеку зад милионерите од регионот. Прв на листата најбогати е Хрватот Ивица Тодориќ, сопственик на концернот „Агрокор“. Вредноста само на прехранбено-трговскиот дел од концернот што котира на берзата е 573 милиони евра. Тодориќ е за околу 160 милиони евра побогат од второрангираниот на Форбсовата листа, Словенецот Санди Чешко. Од бизнисот со душеците „Дормео“ и ТВ-продажбата во „Топ шоп“, тој стекнал имот вреден 410,6 милиони евра. Подолу на листата се Србинот Миодраг Костиќ и „МК група“, Емил Тедески од „Атлантик група“, Мирослав Богиќевиќ од „Фармаком“ и други.
Најбогатиот бизнисмен во нашата земја, Минчо Јорданов, според процените на магазинот, кој во составувањето на своите листи ги анализира вредноста на акциите што котираат на Берза, тежи 27 милиони евра. Во „Макстил“, директно или преку други компании, Јорданов контролира акции вредни 18,7 милиони евра. Во „Факом“ неговите акции вредат 6 милиони евра, а во градежната компанија „Бетон“, ангажирана на најголемиот дел од проектите врзани за „Скопје 2014“, има удел со вредност од 2,4 милиони евра. Во 2012 година фирмите на Јорданов имале 50 милиони евра приходи, а 730.000 евра чист профит. Тој е сопственик и на винарската визба „Стоби“ во која досега има вложено над 20 милиони евра, на приватната клиника „Ремедика“ и на македонскиот шампион во ракомет, клубот „Металург“.
Штерјо Наков, сопственикот на шпедитерската компанија „Фершпед“, хотелот „Александар палас“, винарницата „Сковин“ и други фирми, е вториот на листата најбогати македонски бизнисмени. „Форбс“ за него вели дека е тајкун во сенка, кој пред неколку години бизнисите им ги предал на синовите. Има удели во „Ферршпед“ кои вредат околу 3 милиони евра, а преку оваа фирма контролира акции во други компании, вредни 10 милиони евра. Наков има удел и во фабриката „Европа“, кој се проценува на 2,3 милиони евра. Неговите фирми во 2012 година имале приходи од 76 милиони евра, за разлика од 2011 година кога приходите им биле повисоки за 6 милиони евра. Сепак, и покрај намалениот бизнис, фирмите на Наков имале поголем профит лани отколку во 2011 година.
Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, преку фирмата-ќерка, „Оилко“, ги кон��ролира најголемиот дел од акциите во компанијата. На Берза тие вредат 5,4 милиони евра. Фирмата лани имала приходи во висина од 399 милиони евра, пет милиони евра помалку од 2011 година. Јосифовски, наведува „Форбс“, е еден од ретките бизнисмени во Македонија кој не ја крие платата, која изнесува 140.000 евра годишно.
Македонски крал на пијалаците за магазинот „Форбс“ е Свето Јаневски. Тој долги години беше директор на Пиварницата во Скопје, а неговата компанија „М6“ во 2011 година им ги продаде акциите на „Кока-Кола Хеленик“ и „Хајнекен“ за 34 милиони евра. Јаневски е и сопственик на винарницата „Тиквеш“, каде што поседува акции вредни 6,9 милиони евра. Годишно во „Тиквеш“ се преработуваат околу 55 милиони килограми грозје и се произведуваат околу 35 милиони литри вино. Голем дел од асортиманот на винарницата е наменет за извоз, а најмногу се продава во земјите од регионот. „М6“ има акции и во „Охрид турист“ со вредност од милион евра.
Петтиот меѓу најбогатите Македонци и најмладиот на оваа листа на милионери е Живко Мукаетов, сопственик на „Алкалоид“. Тој во компанијата поседува акции со вредност од 7,3 милиони евра, а неговата сестра Билјана има акции од 5,1 милиони евра. „Алкалоид“ во последните години е меѓу најуспешните компании во Македонија, која има 13 претставништва надвор од земјата и 1.250 вработени. Приходите во 2012 година биле 110 милиони евра, компанијата секоја година бележи раст, а нејзините акции се едни од најатрактивните на Македонска берза. |
Статијата е прочитана 8507 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 30.05.2013 00:30:07 | Koj e najbogat i koj kolku ima vo Makedonija e navistino tesko da se vidi. Eve vo oci mi padna primerot so Zivko Mukaetov od Alkaloid koj go stavile megu 5te najbogati vo Makedonija. Neznam kolku e bogat Gospodinot Mukaetov, no znam deka Alkaloid e edna od najuspesnite firmi vo drzavava, no isto taka znam deka Mukaetov poseduva 5-6% od akciite na Alkaloid(ne sum siguren za procentot, no znam deka e mnogu mal).Se postavuva prasanjeto dali so 5-6% sopstvenost vo edna firma,moze da bides eden od najbogatite vo drzavava, a da go nema Kratovskiot feudalec Gospodinot Drugar Zingo, koj se sto poseduva(a poseduva se i sesto), poseduva 100%.Nema kaj nego drugi akcioneri.Kade e toj? No kade se i nekoj drugi(da ne gi nabrojuvam). |
| Tajkuni so poklonet imot od narodot, 30.05.2013 07:13:59 | Site nabrojani tajkuni stanaa bogati so necesnata privatizacija za bez pari , na firmi izgradeni vo vreme na poranesna Jugoslavija. Ednostavno gi grabna firmite zabadava i si gi prisvoija so kriminalnata privatizacija. i sega izigravaat i dobrotvori. Dali Alkaloid bese privatna sopstvenost od Mukaetovi ili negoviot tatko Trajce ja privatizira kako svoja? Sveto Janevski slicno napravi so Pivara Skopje, a za Steroj Nakov sto da se kazi , koga site znaat kako go privatizira Fersped so manipulacii i kriminal. No na ovaj narod toa i mu treba koga e krotok kako jagne. |
| Граѓанин, 30.05.2013 08:23:35 | Имотот и на наведените бизнисмени и на оние што не се наведени заради немање официјални податоци е неколкукратно поголем, ако ништо друго заради депресираната вредност на акциите на Берзата. |
| ego, 30.05.2013 09:49:15 | Se zaraboteno so pot.....na narodot se razbira |
| mishko, 30.05.2013 10:05:47 | Четирите први личности според фотографиите излегоа како продукти на СДСМ,за Мукаетов незнам и затоа не го коментирам,.Првиот стигна и до министерската фотеља токму во владеењето на СДСМ.А околу стекнатото богаство што би рекол нашиот народ,,па толку се може со овие две раце,,Инаку за сето ова најдобро можат да ни објаснат и тоа ептен релевантно нашите коментаторски колеги кој знаат повеќе од нас останатите поради партиската блискост со овие нашинци рангирани по Форбс. |
| rotschild, 30.05.2013 10:47:35 | So najgolema blagodarnost za doprinosot na ovie ludje i od srce im cestitam za nivnata misija vo koja doprinesoa za narodot a sebe si ne se stedea. Koga bi Makedonija imala uste bar iljada vakvi vizioneri nie bi ziveele eden normalen i srecen zivot i nikoj nema da saka da bega i da bara rabota nadvor od zemjata. Ovie ludje nema nisto so sebe da ponesat od ovoj svet no rabotat makotrpno cel svoj zivot. I porano nie bevme na hartija samo sopstvenici a diektorite bea gazdi bez odgovornost. No ovie ludje imaat hrabrost da ja zemat odgovornost i uste ednas cestitki za hrabrost . Sekoj koj ce od zavist ce gi prekori e tip sto zbori a ne saka da raboti. No koj ne saka da raboti ne treba ni da jade, ova e citat od biblijata. Vladat ako uspee da napravi uste bar iljada vakvi biznismeni ne mora vece nikogas da pozajmuva pari od svetski banki, nikoj pat nema da ima problemi so pari za penzionerite, socijalcite i drugite. |
| zike, 30.05.2013 10:57:46 | lesno e da se kazes bogat si imal akcii od nekolku milioni vo alkaloid,fersped...pa vp 90etite tie so pomos na politicarite(koi bea nagraduvani od ovie direktori)si pisuvaa akcii na svoe ime bez da dadat eden denar za akcija so drugi zborovi organiziran kriminal i sega izegruvat oni i nivnite deca,vnuci biznismeni a nie pristojnite koi go pocituvame zakonot sme prosecni(siromasni)gradjani.......... |
| goko, 30.05.2013 11:15:31 | Ova ne e amerikanskiot son pa nekoj se zbogatil. Sve ova e grabnato od narodot koj prethodno pominal 500 godini pod turcite i dobro naucil kako da trpi koga go vjavaat.
Inaku uste kolku gi ima koi na slicen nacin grabnale toa sto go stvori narodot za vreme na Tito. Ima celi gradcinja vo makedonija kade lokalnite tajkuni vo privatiziranite firmi si gi zaposlile samo zenata i decata, a se drugo nabrkale doma. |
| xy, 30.05.2013 11:21:19 | E navistina Branko e kriv |
| Mark, 30.05.2013 13:06:43 | Toa sto ovie poranesni socijalisticki direktorcinja na drzavni firmi sega se *ceneti tajkuni* kazuva samo edno - deka i segasnive razbojnici po nekoe vreme so ukradenoto ke bidat isto taka *uspesni biznismeni*! Pouka za sekogo - dograbi se do politicka funkcija, kradi kolku mozes - *a vreme leci sve*!! |
| Ристо АндовА, 30.05.2013 13:21:40 | Според моите созанија уште од времето на социјалистичкиот режем, овие петмина беа познати социјалистички бизнисмени...! Во меѓувреме, за време на транзицијата станаа капеталисти, односно, новопечени богаташи или Тајкуни...! Нивното богатство еве го докажува и статистиката...! Всушност, ги паметам како бивши Комунисти, или како синови на бивши Комунисти...! Но има мнозина и други македонски муфљузи, херои на транзицијата и вртикапи, кои овде не се спомнати...! Меѓутоа, ме зафаќа мачнина кога јавно ќе бидат спомнати Минчо Јорданов и Мукаетов...! Овие двајца, без сомнение, може да завземат водечко место рангирани според епитетот нај бескруполозни типови...! Имено, сите овде спомнати и неспомнати македонски богаташи или тајкуни, секагаш биле еве и остануваат да шуруваат со корумпираната власт, социјалистичка или плуралистичка...! Се додека е така, не ни гине опстанокот само во зачараниот круг на стагнацијата...! |
| E moj druze Brane, 30.05.2013 13:36:46 | E moj druze Brane, od ovie i nim slichni zagubi se, a tolku mnogu im dade. Dodusha naroden , ne tvoj lichen imot. E zatoa gubish Brane, poradi svoite *nedela*, a ne poradi *delata* na Grujo. Eh da ti e sega vlast? |
| ELi, 30.05.2013 13:48:12 | Naj bogatiot Makedonec vo momentot gi obvrzuva svoite vraboteni da potpisat novi pet godisen dogovor za rabota so definirana plata od 9.000,00 den za rabota vo tri smeni.... |
| od ostrijot, 30.05.2013 14:15:26 | akose zbogatile so valkani trikovi aram daim bide akose zbogatile na posten nacin alal daime. |
| Od mene od daleku, 30.05.2013 14:27:23 | Site nie dobro znaeme deka bogatstvoto go steknaa so nepravednata tranzicijata tie licno ili preku roditel, kako vo slucajot na Mukaetov !
A komentarot na rotschild, ne mi e jasen dali se raboti za teska ironija, golema demagogija, ili za toa kolku nekomu mu -sece- umot, koga tvrdi deka- nikoj od niv nema da ponese nisto od ovoj svet-, a pritoa gi zaborava nivnite najbliski koi seto toa sto go uzivaat i ke go nasledat ?!
I da zavrsam so parafraza od biblijata -Ne mu zamerajte na rotschild, ne znae sto zboruva !!! |
| Трпе, 30.05.2013 15:49:41 | Истражувачкото новинарство треба да провери дали овие човеци (богаташи ) се со власта или со опозицијата и зошто. |
| goran, 30.05.2013 16:23:40 | gi nema bankarite Komercijalna Banka, go nema gazdata na ROBI odnosno Telekabel, MOBI koj ima iljadnici pretplatnici na kabelska, internet, telefonija vo cela Makedonija, plus trgovski firmi i gradezni. gi nema konfekciite vo stip koi imaat poveke od 500 vraboteni |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Облачно
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 24°C, Мин: 13°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 14°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 15°C
|
Недела
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|