04.03.2012, 18:00 Српска принцеза - македонски промотор
Српската кралска наследничка досега немала директен контакт со нашата земја, а во мај ќе биде почесен гостин на Охрид
Веле Митаноски
Охрид - Српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ, единствената ќерка на кнезот - кралски намесник Павле К��раѓорѓевиќ и на кнегињата Олга, која сега живее во Белград, изрази желба да дојде во Македонија. Таа ова и' го ветила на македонската делегација на неодамна завршениот Саем за туризам во Белград, на кој била специјален гостин на македонскиот штанд. Принцезата била одушевена од вкусот на македонските вина и од македонското сирење, како и од културно-историските вредности и севкупни туристички потенцијали на Македонија кои и' биле презентирани, па решила тоа пошироко да го афирмира.
„Со особено задоволство ја прифаќам поканата да бидам почесен гостин на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во мај и одблиску да ги доживеам убавините на Македонија“, рекла принцезата, која досега имала само една допирна точка со Охрид, кога во 2008 година за победникот на фестивалот „Охридски трубадури“ испратила Плакета за хуманизам на Фондацијата „Големо срце“.
Принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ е потомок на српската кралска династија која владеела со Србија, а потоа и со кралствата СХС и Југославија. Нејзин владетелски претходник е династијата Обреновиќ. Таа е внука на кралот Александар Караѓорѓевиќ (1888-1934 ), првиот крал на кралството на Србите, Хрватите и Словенците кое тој подоцна го преименувал во кралство Југославија. Татко и', принцот Павле, е прв братучед на Александар Караѓорѓевиќ и бил еден од тројцата кралски намесници (1934-1941) по смртта на кралот Александар.
Караѓорѓевиќи се крвно поврзани и со првата српска владетелска династија - Немањиќ. Се мажела три пати, меѓу кои и со поранешниот перуански премиер Мануел Уљоу Елијас, додека, меѓу два брака имала врска со славниот сопруг на Елизабет Тејлор, пријателот на Јосип Броз-Тито, Ричард Бартон. Државјанка е на САД и на Србија.
Принцезата Јелисавета, која во Белград се врати во 1989 година е мајка на американската актерка Катарина Оксенберг, позната како ѕвезда на холивудската сапуница „Династија“. И таа поседува и српски пасош и е српски државјанин. Во 2004 година принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ се кандидираше за претседател на Србија.
Со владеењето на нејзиното династичко семејство Караѓорѓевиќ, покрај сите негативни историски факти во однос на Македонија, се поврзуваат и два настана од позитивно историско значење, а се однесуваат на Охридско и Струшко. Првиот е враќањето на манастирот „Свети Наум“ од Албанија на југословенското кралство, во времето кога се исцртувала дефинитивната граница, односно се разрешувал дипломатскиот спор помеѓу двете земји по Првата светска војна и толкувањето на Лондонскиот протокол од 1913 година, со кој е повлечена границата со Албанија на западното и јужното крајбрежје на Охридско Езеро од селото Лин до манастирскиот комплекс „Свети Наум“. За големата победа на српската дипломатија и династичкото семејство Караѓорѓевиќ, дури и денеска се говори со пиетет, особено во струшки Дримкол (за зајадливците „Мала Шумадија“). За манастирот „Свети Наум“ има една приказна според која дипломатската битка ја извојувала, па дури и дека го платила во злато тогашната српска кралица, што не е историски потврдено. Меѓутоа, за регионот од неколку села - северозападно од реката Црн Дрим, документирано се знае дека останале од оваа страна на границата, само поради случајноста што регионот си имал свој министер во кралската влада, извесен Шуменковиќ. Дримколци цитираат дека тој му рекол на кралот „Ако тој дел припадне во Албанија, тогаш каде јас припаѓам?“.
И, додека принцезата Јелисавета досега немала директен контакт со Македонија, нејзината роднина, принцезата Катарина де Силва, ќерка на вториот син на Александар II Караѓорѓевиќ, принцот Томислав Караѓорѓевиќ, веќе два пати била во Македонија. И при двете посети била третирана како висока ВИП-личност, почестена со приеми кај двајца наши претседатели. Првиот пат дошла во мај 2007 година и тогаш во вилата „Билјана“ ја примил Бранко Црвенковски. Дошла заедно со кралски наследнички од британското аристократско друштво „Лондон сизн“ во функција на организација на хуманитарен бал, а средствата да ги донира во Македонија. Вторпат дошла во јули 2009 година, кога била примена од претседателот Ѓорге Иванов. |
|
Статијата е прочитана 4989 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 05.03.2012 00:42:03 | Zosto Srpska. Pa ovie bile i nasi kralevi. Koga veke e pocestena so pocesen gostin, ne e loso da i go vratime i imotot, vinarii...... A bre Makedonce, do koga ke gi castis okupatorite. Pa tie kralevi/monarhisti i nivnite podrzuvaci i do den denes ne smetaat za juzni Srbi, nejkat da cujat za Makedonija, ja omalovazuvaat kade stignat, vie zivi radosni vi dosla na poseta i ke bila nas promotor. Bedno. Viknete barem i nekoj vnuk od Bugarskiot Car i nego da go pocastime so nekoja titula, pa da bideme kompletni vo glupostite. |
| BRANKO TETOVO, 05.03.2012 04:49:12 | Veruvam deka na site citateli na UTRINSKI VESNIK ne im je poznato deka nejzinava EKSELENCIJA PRINCEZA JELISAVETA KARAGORGEVIK DEKA NE SAMO STO JE SRPSKA TUKU I MAKEDONSKA PRINCEZA.Po Dogovorot od BUKUREST od 1913 MAKEDONIJA odnosno VARDARSKA BANOVINA uste i DEN DENESKA je TERITORIJA NA SRBIJA .Ako nekoj smeta poinakvo togas PIRINSKA I EGEJSKA MAKEDONIJA bi trebalo da se smetaat kako MAKEDONSKI TERITORII pod OKUPACIJA NA BUGARIJA I GRCIJA isto kako sto je KOSOVO pod albanska i n.a.t.o.OKUPACIJA .Jas nemozam da i posakam DOBREDOJDE vo poseta na DUSANOVOTO I MARKOVOTO CARSTVO od site makedonski gragani jas ova i go posakuvam licno od mene i od mojata FAMIJA i od ISTOMISLENICITE sto se LOJALNI GRAGANI I BRANITELI NA MAKEDONIJA . |
| drimkolec, 05.03.2012 08:04:26 | Golema blagodarnost za Ilija Sumenkovic koj Drimkol go ostavi vo sostav na Kralstvoto na SHS,a za informacija istiot e Doktor po pravni nauki,presedadel na Sobranieto na Kralstvoto Jugoslavija,Minister za nadvoreshni raboti,a 1941 godina beshe jugoslovenski ambasador vo Turcija.Toj e edinstven minister koj Tito mu dade soglasnost da se vrati vo Jugoslavija koj kategorichno go odbi od ideolishki prichini.Vo samostojna svoja R.Makedonija ovaa vlast im dozvoli na decata vo Drimkol svojot Makedonski jazik da do zamenat so albanski-jazik koj ne go znaat nivnite majki,tatkovci i babi,da ni gi palat nashite crkvi,edno golemo blagodarnost koj srbomanite od Drimkol kade i den denes glas za VMRO e predavstvo
|
| Nikola - Kumanovo, 05.03.2012 10:23:28 | E Jovane Jovane pesna neopeana. Da ne e bil Aleksandar Karadjordjevic koj znae kade bi bila granicata na Makedonija i dali bi postojala. Pa sto ti mislis deka drzava so dve vostanija se sozdava . Nego ti cuvaj si ja kuburata za losite denovi i pokloni mu se na tatkoto na nasata nacija koj gi protera turcite od ovie kraevi. |
| patriot, 05.03.2012 10:37:02 | Jovane vo pravo si.Bugarofilite ne se tolku za bugarija kolku protiv srbite,a srbite smetaat deka vardarska makedonija e nivna zemja. |
| Jug, 05.03.2012 12:54:31 | Site ste stanale istoricari politicari i ne znam sto .
Mislite deka nasava Makedonija e centar na svetot i sme lideri vo se. Abe koga bi mozel cel zivot bi ostanal vo VANUATO. Veke banalno stana se toa pak toa : (zarem Srbija nema svoi ubavini i pametni lugje, zarem Bugarija nema svoi ubavini i pametni Bugari ,,,,, sto mislite vo Grcija nema li svoi ubavini i pametni lugje) Premnogu samobendisani sme a realnosta ni e za nikade,,,ajde simnete se malku na zemjata ili razbudete se od sonot slatok sto go sonuvate. |
| Роберт Јосифоски, 05.03.2012 14:26:07 | Дали знаете како Бугарија се протна во Европската Унија, а без да ја исполни својата обврска да си ги признае своите малцинства? Бугарскиот претседател му ја пееше на колена на принцот Чарлс, песната All you need is love на Битлси. Треба да се биде снаодлив, и да се потплатат вистинските луѓе, така викаат Бугарите. Затоа ни Србија ни Македонија нема да влезат во ЕУ, зашто Македонија ќе биде спречена од Грција (на само чекор до членство), а Србија ќе биде спречена од Романија, бидејќи не сака да ги признае Власите како Романци (Власите не ни сакаат да бидат Романци)... хехехе! Учете од снаодливите соседи, и не ги потценувајте кралските семејства. Зашто, првиот бугарски крал и првиот грчки крал биле Германци, заради тоа Бугарија и Грција станале држави и се отцепиле од Турската империја. А ние??? Ние со главите дигнати, горди Македонци, никој не не сака и никој не нѐ прима никаде. Еден ден и Србија ќе ја молиме да нѐ прими, и таа ќе нѐ одбие. (Иронично но вистинито) |
| milos, 05.03.2012 14:40:17 | abe jovan so komentaorv samo se gleda kolku si jaden i polno so komplexi garant nemas skrsen denar vo dzeb i poln si so gnev ...ali ne trba na drugite da ima bides pocni od tie sto ti ja vodat drzavata |
| Pjotr, 05.03.2012 14:44:32 | @Branko Tetovo
Ke ne prosvetlis li so uste nekoja budalastina?Se cudam na Utrinski kako voopsto objavuva vakov antimakedonski provokatorski imbecilen post od nekoj vnuk na srpski kolonizator.
Makedonija i denes bila del od Srbija.Bre majkata...Kolku godini si prespal?Ili sto je babi milo,to joj se i snilo? |
| VP, 05.03.2012 15:41:59 | Eх голема работа е тоа.
Треба да покажат и музејот а ла Тисо во Скопје, каде што се македонските “контраверзии”.
Таму има едни луѓе – маргиналци, како што вели една професорка, кои ако беа живи, госпогата ќе беше вчудоневидена со тоа што точно сака да промовира.
Па да поканат и Китин Мунјос со сопругата Калина - нивниот син барем се вика Симеон Хасан. А Зог на Албанија и Константин на Грција - со нив што ќе биде ...
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Магла
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: -1°C
|
Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 10°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|