Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.03.2012, 14:30

Седум романи во потесен избор за „Роман на годината“



Заклучокот на жири-комисијата од денешниот состанок е дека повеќето од пристигнатите романи се занимаваат со историја, антика, суеверие.

ФОТО: Киро Попов

„Огнени птици“ од Илхами Емин, „Проколнати“ од Љубомир Јовановски - Кара, „Писание за Страшниот суд“ од Владимир Костов, „Единаесет жени“ од Снежана Младеновска - Ангелков, „Лифтот (не) е за двајца“ од Христо Петрески, „Црвоточина“ од Трајан Петровски и „Роман во една ноќ“ од Љубомир Цуцуловски, се седумте романи кои ја продолжуваат трката за годинашната награда „Роман на годината“ на „Утрински весник“.

На денешниот состанок по пат на тајно гласање, селекцијата на романите што влегоа во третиот круг ја изврши жири-комисијата во состав: Душко Родев, претседател (минатогодишен лауреат на наградата), и членовите: Трајче Кацаров, Ирена Јорданова, Лорета Георгиевска-Јаковлевска и Манчо Митевски.

Во нашата редакција за престижната награда „Роман на годината“ годинава пристигнаа 31 роман, чии извадоци ги објавивме на страниците на рубриката за култура. До крајот на жирирањето има уште две селекции, а годинешниот лауреат на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март.

Бројот на пристигнатите романи за годинашното, тринаесетто издание на „Роман на годината“ очекувано е зголемен во однос на минатите години. Тоа покажува дека интересот за оваа награда која уште од самиот почеток оствари респектирачко место во книжевната и културната јавност во земјава, е навистина голем. Сепак, генералниот заклучок на жири-комисијата, барем она што се дискутираше на вчерашниот состанок, е дека повеќето од пристигнатите романи се занимаваат со историја, со антика, со суеверие. Односно, дека инспиративните моменти авторите повеќе ги бараат во историјата, отколку во современието.

Жирито констатираше дека и годинава има многу различни романи, од најкласичната модернистичка нарација, до постмодерни децентрирани приказни, но дека авторите, барем поголемиот дел од нив, како да се плашат да се соочат со современите настани, како да живееме во време кое не може да инспирира и таа инспирација да се преточи во уметничко дело.

Жирито констатираше и дека дел од пристигнатите романи имаат извонредни приказни, но кај нив, пак, недостига занаетчискиот пристап.

Само да потсетиме, досега за наградата „Роман на годината“, почнувајќи од 1999 година, конкурирале над триста романи, а делата на добитниците побудувале голем интерес кај македонската читателска јавност.

Некои од наградените романи, пак, се здобиле и со престижни меѓународни награди. Покровител на наградата чија парична вредност изнесува 150.000 денари и годинава е „Т-мобиле“. (Т.И.)

Список на романи што влегоа во третиот круг на „Роман на годината“ на „Утрински“

1. „Огнени птици“ - Илхами Емин, „Три“
2. „Проколнати“ - Љубомир Јовановски - Кара, „Култура“
3. „Писание за Страшниот суд“ - Владимир Костов, „Матица“
4. „Единаесет жени“ - Снежана Младеновска - Ангелков, „Или - Или“
5. „Лифтот (не) е за двајца“ - Христо Петрески, „Феникс“
6. „Црвоточина“ - Трајан Петровски, „Матица“
7. „Роман во една ноќ“ - Љубомир Цуцуловски, „ВиГ зеница“














Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Петра Јовановска доби Гран при за „Анонимни вагини“
„Мугер Фугер“ со концерт во МКЦ
Дуке Бојаџиев со нов материјал пред њујоршката публика
Шестмина кандидати за директор на „Охридско лето“
Режисерот Џон Блондел пристигна во Битола
„Пет капки сон“ на Манчевски во Белград
(ФОТО) Голите гради на Кристина Хендрикс излегоа на интернет
Вечерва се отвора 14. Зимски салон
ВИП преживеан стартува од 12 март
„Новинарите пеат“ на 30 март во Универзалната сала
Стана Смиљковиќ ја доби меѓународната награда „Ана Франк“
(ФОТО) Промовирана биографијата на Стив Џобс
Брахим и понуди брак на Мадона, поп-кралицата се двоуми
Значење на датумот за раѓање
„Соочување со иднината“ - нов арт-фестивал
Александар Прокопиев доби „Балканика“ за „Човечулец“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |