06.03.2012, 14:48 Тадиќ го претстави новото „фиќо“
Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска присуствуваше на презентацијата на новото „фиќо“ на автомобилскиот саем во Женева. „Фиат 500 l“ ќе се произведува само во Србија, во фабриката Крагуевац. Проценките се дека од извозот на тој автомобил, годишниот приход треба да биде над 1.3 милијарди евра.
„На извесен начин се враќаме на сеамот на „фиќото“ туку и на проектот ’Југо Америка“ изјави Тадиќ кој истакна дека „Фиат 500L“ ќе биде извезуван во САД.
Почетната цена на овој автомобил ќе биде 16.000 евра.
|