Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.03.2012, 11:04
Грција намерно го одолговлекува решавањето на името



Претседателот Иванов очекува НАТО да ја почитува одлуката на Судот во Хаг и да овозможи прием на Македонија во Северноатлантската воена алијанса

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“ истакнува дека Грција намерно го одолговлекува решавањето на прашањето за името, и оти очекува НАТО да ја почитува одлуката на Судот во Хаг и да овозможи прием на Македонија во Северноатлантската воена алијанса.

- Македонското прашање не е високо на политичката агенда на Атина. Во услови кога се справува со економската криза, Грција не е преокупирана со решавање на отворените прашања. Ние имаме проблем, Грција нема никаков проблем. Ние изгубивме 20 години, затоа што Атина го блокира почетокот на преговорите со ЕУ. За членството во НАТО ги исполнивме сите критериуми, но Атина во 2008 година стави вето. Однесувањето на Грција има негативни последици за целиот регион. Нас не блокираат, Косово не го признаваат. Истото што го прават со Кипар, го прават и со нас. И тоа го прават од позиција на членка на ЕУ. Тоа е логиката на одолговлекувањето. Сe поочигледно е дека како што се справува со економијата, Грција така се справува и со политиката, наведува претседателот Иванов.

Со блокирањето на влезот во НАТО, пососчува Иванов, Грција ја прекрши Времената спогодба, поради што Македонија беше принудена да иницира процес во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

- Судот пресуди дека Грција ја прекрши спогодбата и очекуваме НАТО да ја прифати таа пресуда, истакнува шефот на македонската држава.

Тој се осврнува и на неодамнешната посета на генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен на Атина, при што Грците како подарок му дадоа реплика од мечот на Александар Македонски, оценувајќи оти симболиката на пораката во овој случај можеби била дека со него би требало да го пресече Гордиевиот јазол.

Македонската јавност, според Иванов, ја разбира ситуацијата и фактот дека правиме сe што е во наша моќ да го затвориме ова прашање. Истакнува и дека граѓаните на Република Македонија и Република Грција немаат проблеми меѓу себе.

- Многу Македонци традиционално одат на одмор во Грција, и голем број грчки бизнисмени инвестираат во Македонија. Многу грчки граѓани секојдневно патуваат во Македонија и ги користат услугите кои кај нас се поевтини. Двете општества немаат никаков проблем во комуникацијата, тој проблем е создаден од грчката политичка елита. Грчки политичари профитираат со користењето на оваа политика кон Македонија, нагласува претседателот Ѓорге Иванов Иванов во интервјуто за австриски Де Пресе.












Статијата е прочитана 605 пати.

Испрати коментар



Градот доби четири нови сувенирници
Вацлав Клаус сака да ја растури ЕУ!
Приказната за македонската економија стигна и до Мумбај
Бесими - Реформите ќе продолжат без оглед на Чикаго
Предлози за имиња на улици во Скопје
Затворен францускиот „бос“ на имплантите
Становите лани биле поевтини во однос на 2010
Синдикатите најавуваат прекин на железничкиот сообраќај
Македонската економија стабилна и покрај должничката криза
Тинејџер прободен со нож на Бит-пазар
Родова еднаквост само на хартија
Шест британски војници убиени во Авганистан
Пападимос изврши реконструкција на грчката Влада
Економска презентација на Македонија во Мумбај
Падот на „Фејсбук“ ги стресе електронските зависници
Амбасадорот Перо Стојановски поднесе оставка
Латас осуден за навреда на Героски
Источна Либија прогласи автономија
Запад не го милува Ѓукановиќ
„Тата“ понуди 350 милиони долари за „Сааб“
Тодоров разреши двајца директори на Детската клиника
Тадиќ го претстави новото „фиќо“
Полицијата ги засилува уличните патроли
Источна Либија прогласи автономија
Јамајка се откажува од британскиот трон!
Генералот Биениек во официјална посета на ГШ на АРМ
Барозо - Излегувањето на Грција од еврозоната би било катастрофа
Се интензивира македонско-британската соработка
Познат нарко-бос уапсен во Косово
Арифи денеска на средби со Филе и Брок
Девојката од Древеник се самоубила
Владиниот тим денеска во индискиот град Пуне
Џон Мекејн со поддршка за воздушни удари врз Сирија
Во Бугарија уапсен сопственикот на „Џумајлија“
Каде е Перо Стојановски?
Торнадо однесе бебе во поле
Пешевски - За промени во договорот со ОКТА треба согласност од двете страни
Арифи во Брисел ја претстави Националната стратегија
СДСМ со пакет економско-социјални мерки до Владата
Илјадници Германци штрајкуваат за поголеми плати
Грчки танкер потона во близина на Атина
Италијанец осуден за импотенција
ЕУ воздржано реагира околу победата на Путин
Одземени 10 возила при инспекција на диви превозници
Потпишан Меморандум за соработка меѓу МТСП и Филозофски факултет
МНР - Никој освен Грција нема дилеми за членство на Македонија во НАТО
Премиерот вети поддршка за индиските инвеститори
Победата на Путин ќе ги заживее руските финансиски пазари
Мистериозна смрт на девојка во битолско Древеник
Милибанд - Народот ќе го урне Путин од власт
Вицепремиерката Арифи во посета на Брисел
Попоски: Македонија да ја добие заслужената одлука
Владина делегација по инвестиции во Индија
(ВИДЕО) Новиот руски претседател се вика Путин!
Исчезнат ресенчанец пронајден мртов
Полицаец фатен при шверц на мигранти



od ostrijot, 06.03.2012 11:24:23
ah be george umot telaze nema koj dati kaze a kolu nasite nesakat resenije toa ne e vazno.
pile, 06.03.2012 11:59:33
Stetata koja sto ja trpat dvete sosedni zemji vo izminatite 20 godini,kako na ekonomski taka i po politickiot ugled na megjunaroden plan, kako rezultat na sporot za razlikite za imeto pomegju dvete sosedni zemji,izmislen vo tekot na 1988-89 godina, i samite politicki kreatori, nekoi veke pokojni, se somnevam deka mozjele da ja pretpostavat, so tendencija da istata prerasne i vo regionalni Evropski ramki, so nesogledlivi posledici.Ugledniot megjunaroden profesor G-din Daniel Server, neodamna posle posetata na Belgrad izjavi, deka R.Srbija treba da gi priznae svoite sosedi i da ne im pravi precki na patot kon EU i NATO integraciite.Vo toj kontekst ne ja spomna R.Grcija ne samo zaradi faktot deka ne e zemja sosed so R.Srbija, tuku i, nadevajki se najverojatno deka prethodnata poraka iznesena vo izjava za DW,,Grcijo dokazji mi deka gresam``ja slusnale nadlezjnite politicari vo R.Grcija.
snajper, 06.03.2012 12:21:20
odolgovlekuvanjeto ne e od nikoj drug osven od predavnickata koalicija sdsm-dpmne predvodena od branko i grujo.. sto sakate sega trtlajte ve ceka iznenaduvanje i vas i vasit grcki komunjarski kolegi..
ха,ха,ха, 06.03.2012 12:44:57
Што тоа правите за да го решите сопорот????? Каде се вашите предлози кои ќе придонесат за решавање на спорот???? Кое е тоа решение што нема да ги наруши интересите на нашата земја??? Не не` бламирајте во светот.Светот знае дека НЕ ПРАВИТЕ ништо за да се реши спорот,ВИЕ не правите,а не Грција!
Македоналдс, 06.03.2012 15:27:51
г.Иванов, вашето интервју е соодветно поскоро за некој наш вечерен весник, отколку за австрискиот Ди Пресе. Македонија постои само од 02.08.1944, а за овој краток период веќе два пати си го менува идентитетот од основи, како заедно со тоа дрско jа присвоjува историјата на два соседа. То не бевме словенски Македонци, то не бевме антички Македонци - две меѓусебно исклучувачки се теории. Овие манипулации минуваат само овде, но не и во странство. Затоа не барајте светот да ни аплаудира за тоа, а направете компромис како Србија и како советуваат Волерс, Меркел, Расмунсен, инаку со дадениот им од Груевски гратис надвор од НАТО од 5 и повеќе години, Албанците како ништо ќе направат трета албанска држава.
од Хомер, 06.03.2012 17:20:26
Ок, Џоле нема друго, ја ќе ти објаснам.По ред,1. Спомениците на Александар и Филип 2. Автопатот,Аердодромот 3. Стадионот 4. Картите со 2/3 од Грција, не само по улиците, него дури и во учебниците 5.Проектите на МРТВ, за мене најгнасни, занеш зошто, затоа што ти во нив не ја новопишуваш твојата историја, туку ја новопишуваш историјата на друга држава, друг народ,6. Не е точно дека таму елитата се одржува со овој проблем, таму се изменија неколку влади, ама тука се одржува една клика веќе 7 години 8.Јас како хомер сега дознав дека не сум бил грк, туку македонец, а тоа го дознав од тебе 9. Јас ја напишав Илијадата и Одисеата, ама ти Ахил и Одисеј ми ги направи дека се од Валандово, кај го има тоа!? 10. Граѓанската војна во Грција, е мој Џоле! рана која ја носи секој грк,нема семејство кое не било засегнато,со иселени преку 3 милиони грци од 1948-53, загинати 300.000 грци, а ти ми кажуваш тоа грците го решавале македонското прашање.Не ли ти е срам?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |