04.03.2012, 18:16 Исчезнат ресенчанец пронајден мртов
Во ресенското село Златари во подножјето на Баба Планина завчера е пронајден мртов шумарскиот инженер Љупчо Демиџиевски (59), жител на општина Ресен, кој пред 20-ина дена беше регистриран како исчезнато лице.
Потрага по исчезнатиот Демиџиевски спроведоа специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување и околу 200 доброволци планинари и други познавачи на овој планински предел.
Според информациите од СВР-Битола, врз телото на Љупчо Демиџиевски нема видливи траги на насилство и, најверојатно, починал поради смрзнување.
Истражен судија наредил да се изврши обдукција и спроведе истрага за да се утврдат причините за овој несреќен случај со шумарскиот инженер од Ресен. (МИА) |