Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
05.03.2012, 17:02

Галиите во Вардар се „креација“ на фризерот од „Диор“

Градоначалникот Трајановски нема намера да се откаже од сплавовите, иако во јавноста досега немало толку негативни реакции за некој нов објект

Деспина Трајковска



Познат скопски фризер е идејниот творец на изгледот на сплавовите што ќе се градат во Вардар. Основач на фирмата „Фаланга“, која го предложи идејното решение за двата сплава, е Давор Андреевски, сопственик на фризерското студио „Диор“. Бродовите-сплавови, дефинитивно, ќе се закотват и ќе станат реалност за скопјани наспроти сите негативни реакции во јавноста околу нивниот изглед. Стереотипот, како што градоначалникот Коце Трајановски ги карактеризира, сплавовите кои постојат на многу реки низ Европа, во Скопје ќе се разбивал со изградба на галии.

Градоначалникот воопшто не размислува да се откаже од прифатените идејни решенија. Напротив, едвај чекал да се изградат. Вели воодушевен е од предлозите на инвеститорот „Фаланга ДИМ“, исто како и граѓаните со кои до сега разговарал на оваа тема. Дури го прашувале кога ќе бидат готови оти сакале на нив да слават родендени.

„Мене ми се допаѓаат. Многу граѓани уште отсега ме прашуваат кога ќе бидат готови, бидејќи сакаат да слават роденден таму. И јас би го славел таму роденденот. Нормално е дека има реакции. Граѓаните често реагираат за новите градби, па откако ќе ги реализираме, ги прифаќаат. Така беше и со плажите. Доколку градевме класични сплавови, ќе беше стереотип. Со овој изглед ќе добиеме една нова насока на развој на градот“, коментираше вчера Трајановски.

Тој не можеше да каже кога двата брода-сплава ќе бидат изградени, бидејќи допрва со инвеститорот ќе треба да го потпишат договорот за соработка со кој ќе се утврдат термините за реализација. Сепак, искрено се надева дека се' ќе заврши за кусо време.

„Ако не ова лето, в година сигурно ќе бидат готови“, рече градоначалникот и најави дека Градот Скопје допрва ќе одлучува дали ќе распише оглас за заинтересиран инвеститор за преостанатите два сплава што се предвидени од другата страна на Вардар, едниот пред старо-новиот Театар, а другиот пред планираната Колонада.

Инаку, двата брода на „Фаланга ДИМ“ ќе се постават во Вардар од страната на плоштадот „Македонија“, едниот пред МЕПСО, а другиот спроти новата зграда на МНР. За првиот, инвеститорот понуди да плаќа месечна кирија од 1.050 евра, а за другиот 1.250. Негова обврска ќе биде да ги изгради сплавовите и да плаќа кирија, додека Градот за возврат ќе му дозволи да стопанисува со нив во период 10 години и тоа исклучиво со намена за угостителска дејност. Во меѓувреме, градските власти ќе треба за двата сплава да ја изградат потребната инфраструктура, канализациската мрежа, да спроведат струја... За таа намена, Градот уште од ланскиот буџет предвиде да потроши 150.000 евра.

„Фаланга ДИМ“ е сопственик на фризерско-козметичко студио

Основач на фирмата „Фаланга ДИМ“, која ќе стопанисува со двете галии во наредните 10 години, е Давор Андреевски, газда на познатото скопско фризерско-козметичкото студио „Диор“. Тој, барем досега, не се занимавал со угостителска дејност. Што планира точно да отвора на сплавовите, дали кафуле, ресторан или друг тип угостителски објект, ќе информирал за неколку дена. Со образложение дека е во странство, Андреевски најави дека за деталите околу сплавовите ќе ја информира јавноста кога ќе се врател во државава. (Дс.Т.)

 


Статијата е прочитана 4421 пати.

Испрати коментар



Дупките пополнети со 30 тони асфалт
Изложба „Цртам за мојата мајка“
Скопје ќе се збратими со Белград
Торино идеален модел за ГУП на Скопје



Klovn, 06.03.2012 01:45:56
Amdi Bajram definitivno e vizioner! Pred red godini koga beshe kandidat za gradonacalnik za Skopje vo edna otvorena emisija na TV kaza ... ce turam brod u Vardar za dugo secavanje .... I togash site se smeevme na negovata izjava kako neozbilna shega, da nekolku godini brodovite vo Vardar stanat i realnost preku Koce and Co. i toa po kicherasjski nego li Amdi mozel i da zamisli! Ludje na koe derezde sme?! Amdi ako za boga znaesh spasi ne od Koceta!
hahahahahahahahahaha..... pa ova e vistinaska komedija, 06.03.2012 07:29:20
Мене ми се допаѓаат. Многу граѓани уште отсега ме прашуваат кога ќе бидат готови, бидејќи сакаат да слават роденден таму. И јас би го славел таму роденденот. Нормално е дека има реакции. Граѓаните често реагираат за новите градби, па откако ќе ги реализираме, ги прифаќаат. Така беше и со плажите. Доколку градевме класични сплавови, ќе беше стереотип. Со овој изглед ќе добиеме една нова насока на развој на градот“, коментираше вчера Трајановски.
Boris, 06.03.2012 07:37:42
Sto e mnogu e mnogu me interesira na Vardar ke bidat ukotveni prvo rekata e za nikade nema voda dovolno treto pies gin tonic na brod a mrtov konj pominuva pokrah tebe pa nekoj sporet star sovet kako dobar gradonacalnik popravete nekoja gradinka od humanost vo druga opstina ili nekoe uciliste renovirejte nekoja ambulanta i
vasko, 06.03.2012 07:40:15
A sto ako mu se dopagaat na koce? Imate li bre nekoi proceduri za proekti , Arhitekti. Aloo? Vardar ne mu pripaga samo na gradot. Vodite vo Makedonija se drzavna sopstvenost. Koce nema nadleznost nitu sopstvenost nad Vardar.
mornarica, 06.03.2012 08:37:00
vmro- ovskata mornarica ke dobie dva novi broda KOCE-1 i KOCE-2. pravo da apliciraat za rabota na niv imaat samo vmrovcite od Ohrid,Struga,Resen i Dorjan
glasotnaskopjanecot.blogspot.com, 06.03.2012 08:46:27
Сите сме за сплавови, и навистина е потребно, ама да имаме некакви си пиратски бродови во Вардар тоа НЕ!!!! Промашен изглед ептен .....
Трпе, 06.03.2012 08:57:22
Некој велат дека Вардаро бил загаден а не гледат дека и него го бидува за перење народни пари.Управителот Коцкица назначен од власта и болните умови на Скопјеленд,многу си разбират од математика и тоа ја имат учено од Амди Бајрам.Коцкица не кажува дека има заинтересирани и такви умови кои парите ги имат заработено на чесен начин имат желба родендените да ги прославуват и во вселенски брод.Па во кој век живее овој народ.Но на просечниот граганин и ова му треба сам си го заслужи а и ова му е малку треба уште повеке да биде казнуван од ова власт.Казни од бога не му требат доволно се овие.
nasinec, 06.03.2012 10:12:23
alal da mu e na toj DAVOR, momce bez skolo,prvo imase semkarnica pa prodavnica za pijalaci ,i do gade dotera sega,da dava resenija za brodovi ...papapa...e zemjo nedojdijo...
megi, 06.03.2012 11:39:02
KUD PLOVI OVOJ BROD..?
Skopjanec od Aerodrom, 06.03.2012 11:45:18
Ova vekje ne e ni smesno,ova e tragedija.Stignavme nekoj berber da si igra so centarov na gradov,arhitektite se skroz trgnati na strana,gragjanive molcat.Na cirkuzanton sto izigrava gradonacalniklicno mu se dopagjale i ke slavel rodenden tamu(kakva izjava,kakov vizioner).Da mu se povrati na covek.Pa ovde ne ostana normalen covek.Ne znam samo koj e polud,dali ovie koi ni go unistuvaat gradov ili nie koi toa go gledame i kjutime.Site granici gi pominaa.
Кемал Ататурк, 06.03.2012 12:11:00
Ve molam dajte splavovi za spasuvanje od ovaa beda finnsiska i bada moralna
Go sakam Skopje, 06.03.2012 13:56:18
Dragi sogragjani i site ziteli na Skopje i Makedonija . Propustivme mnogu vreme za da reagiram na diveenjevo na onie sto ni se przstavuvaat (so zborovi ) kako patrioti i Vlada.So nimnoto nevkusno i arogantno nasilstvo i so naseto molcenje ili naivno nezno reagiranje vo pecatot,taka pomegju nas, Skopje ni otide jabana, zaedno so skopjanite i makedoskiot narod. Veke nemozeme da receme,* vaka ne odi na dobro* oti otide celiot grad popusto i e POD dnoto na vkusot i moznost za ziveenje. Zatoa sto na nekoj polupismen nekulturen i so neoformen vkus gradonacalnik i kompanija mu se bendisuva gradot prepraven kako za Procka ili kako za losha teatarska prestava, si dozvoluva da si poigruva so zelbite i vkusot na poveke od 2 miljni beden i trpeliv narod a nie samo si pisuvame i pisuvame. Dosta e veke,dajte da se odbranime od ovoj kic,naezda na nekultura i diktatura. Neka arhitektite go obavestat svetot za sé sto gradot i narodot trpat vo ovaoa mesto na nezakonie i drsko samovolie
1963, 06.03.2012 14:24:31
Kaj i da e i casovnikot na stara zeleznicka ke proraboti i propee.
граѓанин, 06.03.2012 15:23:02
Ова е гротеска.Ова е лудило.Па за што не сметате , за луди? Скопје како Дизниленд , како Лас Вегас...Има ли „пилот во авионот“? Ова е ментална диверзија...врв на кичот, невкусот, слабата интелектуална поткованост, сензационализам„сељаштво“ ...Каде тоа не водите ?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови Вари
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...
(ФОТО) Награден стрипот „Волшебното катче на Цане“ на Тхе Мичо
Еден од најдобрите македонски стрип цртачи, беше награден со специјалната награда во чест на Миодраг Величковиќ – Мивел,...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |