Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.03.2012, 15:18

Режисерот Џон Блондел пристигна во Битола

Блондел денеска со 14 актери од битолскиот театар ги почна подготовките за претставата „Хенри Шести“

Познатиот театарски режисер Џон Блондел пристигна во Битола и денеска со 14 актери од битолскиот театар ги почна подготовките за претставата „Хенри Шести“ која ќе биде изведена на културната Олимпијада во Лондон. Актерите на НУ Народен театар-Битола на 12 и 13 мај ќе настапат во светски познатиот „Глоб-театар“ во Лондон, а влезниците кои веќе се продаваат, чинат 35 фунти.

„На фестивалот во Лондон ќе настапат 37 театарски компании кои ќе имаат претстави на својот јазик и тоа е импресивно. Пред две недели овој текст премиерно беше одигран во Санта Барбара, а истражувањето го продолжувам тука во Битола каде во наредните 14 дена ќе работиме интензивно“, посочи Блондел на вчерашната прес конференција.

Во претставата „Хенри Шести“ трет дел, учествуваат Петар Горко, Габриела Петрушевска, Борис Чоревски, Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Мартин Мирчевски, Иван Јерчиќ, Васко Мавровски, Соња Михајлова, Кристина Христова Николова, Николче Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски и Александар Стефановски –Гаргачот. Преводот на текстот го направи Драги Михајловски, сценографијата е на Валенти Светозарев, кореографијата на Рисима Рисимкин, костимографија Благој Мицевски и музика Миодраг Неќак. На 21 март во Битола ќе престојуваат претставници на „Глоб-театар“ и посебна телевизиска екипа од Лондон.


Статијата е прочитана 309 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Петра Јовановска доби Гран при за „Анонимни вагини“
„Мугер Фугер“ со концерт во МКЦ
Дуке Бојаџиев со нов материјал пред њујоршката публика
Шестмина кандидати за директор на „Охридско лето“
Седум романи во потесен избор за „Роман на годината“
„Пет капки сон“ на Манчевски во Белград
(ФОТО) Голите гради на Кристина Хендрикс излегоа на интернет
Вечерва се отвора 14. Зимски салон
ВИП преживеан стартува од 12 март
„Новинарите пеат“ на 30 март во Универзалната сала
Стана Смиљковиќ ја доби меѓународната награда „Ана Франк“
(ФОТО) Промовирана биографијата на Стив Џобс
Брахим и понуди брак на Мадона, поп-кралицата се двоуми
Значење на датумот за раѓање
„Соочување со иднината“ - нов арт-фестивал
Александар Прокопиев доби „Балканика“ за „Човечулец“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |