Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.03.2012, 14:12
Јамајка се откажува од британскиот трон!



Дебата дали островот да се откаже од кралицата како шеф на државата и да стане република

Принцот Хари во понеделник ќе ја посети Јамајка, како дел од јубиларните прослави на кралицата. Иако веројатно ќе биде топло пречекан, тој, исто така, ќе се најде сред дебатата дали Јамајка треба да ја замени кралицата како шеф на државата и да стане република.

Ако, и кога, ќе се случи тоа, ќе сигнализира прекинување на долготрајните врски со британската монархија. Во централниот парк во Кингстон, главниот град на островот, се наоѓа статуа на кралицата Викторија – еден од многуте симболи на колонијалното минато на Јамајка.

На 5 август 1962 година на полноќ, британското знаме беше спуштено и за прв пат беше издигнато знамето на Јамајка во црна, златна и зелена боја, и беше ставен крај на британската власт од 307 години. Педесет години подоцна, Јамајка се подготвува за посетата на внукот на кралицата. Работниците ја освежуваат со боја резиденцијата на генералниот гувернер, Кралската куќа, а градините се средуваат.

Пред само два месеца новоизбраната премиерка на Јамајка, Портија Симпсон-Милер, вети дека кралицата ќе биде отстранета како шеф на државата. „Треба да го завршиме кругот на независноста. Во тој поглед, ќе иницираме процес на наше одвојување од монархијата, за да станеме република со наш сопствен шеф на државата“, изјави таа во инаугуралното обраќање.

Ова не е прв пат лидерите на Јамајка да го постават ова прашање, но сега се чини дека има политичка волја да се оствари. За време на кампањата за изборите во декември, уставните промени беа едно од прашањата за кои постигнаа согласност двете главни партии, Народната национална партија (ПНП) и Лабуристичката партија на Јамајка (ЈЛП).

За првата фаза од реформите ќе биде потребна поддршка од двете страни за да помине во парламентот и сенатот, а разговорите веќе се започнати.

„Ја почитуваме Велика Британија. Британскиот народ не треба да го сфаќа ова како некој вид омаловажување“, изјави министерот за правда Марк Голдинг. „Не станува збор за тоа, туку за земја што созрева и сака да го репатриира својот суверенитет – и сите сме на тој пат“.

Со поддршка од политичките партии, во втората фаза ќе има јавно гласање на реферндум. За гласањето ќе биде потребно мнозинство од три петтини од електортот, за да се стави крај на монархијата. (Би-Би-Си)

Статијата е прочитана 905 пати.

Испрати коментар



Градот доби четири нови сувенирници
Вацлав Клаус сака да ја растури ЕУ!
Приказната за македонската економија стигна и до Мумбај
Бесими - Реформите ќе продолжат без оглед на Чикаго
Предлози за имиња на улици во Скопје
Затворен францускиот „бос“ на имплантите
Становите лани биле поевтини во однос на 2010
Синдикатите најавуваат прекин на железничкиот сообраќај
Македонската економија стабилна и покрај должничката криза
Тинејџер прободен со нож на Бит-пазар
Родова еднаквост само на хартија
Шест британски војници убиени во Авганистан
Пападимос изврши реконструкција на грчката Влада
Економска презентација на Македонија во Мумбај
Падот на „Фејсбук“ ги стресе електронските зависници
Амбасадорот Перо Стојановски поднесе оставка
Латас осуден за навреда на Героски
Источна Либија прогласи автономија
Запад не го милува Ѓукановиќ
„Тата“ понуди 350 милиони долари за „Сааб“
Тодоров разреши двајца директори на Детската клиника
Тадиќ го претстави новото „фиќо“
Полицијата ги засилува уличните патроли
Источна Либија прогласи автономија
Генералот Биениек во официјална посета на ГШ на АРМ
Барозо - Излегувањето на Грција од еврозоната би било катастрофа
Се интензивира македонско-британската соработка
Познат нарко-бос уапсен во Косово
Арифи денеска на средби со Филе и Брок
Девојката од Древеник се самоубила
Владиниот тим денеска во индискиот град Пуне
Грција намерно го одолговлекува решавањето на името
Џон Мекејн со поддршка за воздушни удари врз Сирија
Во Бугарија уапсен сопственикот на „Џумајлија“
Каде е Перо Стојановски?
Торнадо однесе бебе во поле
Пешевски - За промени во договорот со ОКТА треба согласност од двете страни
Арифи во Брисел ја претстави Националната стратегија
СДСМ со пакет економско-социјални мерки до Владата
Илјадници Германци штрајкуваат за поголеми плати
Грчки танкер потона во близина на Атина
Италијанец осуден за импотенција
ЕУ воздржано реагира околу победата на Путин
Одземени 10 возила при инспекција на диви превозници
Потпишан Меморандум за соработка меѓу МТСП и Филозофски факултет
МНР - Никој освен Грција нема дилеми за членство на Македонија во НАТО
Премиерот вети поддршка за индиските инвеститори
Победата на Путин ќе ги заживее руските финансиски пазари
Мистериозна смрт на девојка во битолско Древеник
Милибанд - Народот ќе го урне Путин од власт
Вицепремиерката Арифи во посета на Брисел
Попоски: Македонија да ја добие заслужената одлука
Владина делегација по инвестиции во Индија
(ВИДЕО) Новиот руски претседател се вика Путин!
Исчезнат ресенчанец пронајден мртов
Полицаец фатен при шверц на мигранти



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |