05.03.2012, 14:25 Грчки танкер потона во близина на Атина
Едно лице се води како исчезмато откако грчки танкер, кој превезувал над 2.000 тони гориво, потона денеска западно од Атина, соопштија грчките власти.
Според властите, до моментот не е забележано истекување на гориво од танкерот.
Крајбрежната служба соопшти дека бродот, кој потона изутринава во реонот на рафинериите во Елефсина, превезувал 1.800 тони сурова нафта и 235 тони дизел гориво.
Постои можност танкерот да удрил во остатоци од потонат брод, изјави службеник на крајбрежната стража, кој додаде дека до моментот не е забележано загадување или истекување на гориво.
Десет лица од 11-члениот екипаж се спасени, додека продолжува потрагата по еден исчезнат, веројатно капетанот на бродот, соопшти крајбрежната стража.
|