Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
06.03.2012, 11:24
Оклахома му одржа лекција на шампионот



Со серијата од 8:0 во финишот на средбата, кошаркарите на Тандер трет пат сезонава го совладаа Далас, овојпат со 95:91

Кошаркарите на Оклахома Тандер трет пат сезонава успеаја да слават над актуелниот првак Далас, овојпат со 95-91. Иако шутираа далеку послабо од вообичаеното, Кевин Дурент и неговите соиграчи во самиот финиш направија серија од 8-0 со која што стигнаа до нов значаен триумф, 13-ти во серија на домашен терен за амбициозниот состав од Оклахома.

Вестбрук постигна 24, а Дурент 22 поени за победничкиот тим, за кој Џејмс Харден од клупата додаде 16 коша. Инаку, ударното трио на Тандер немаше добра шутерска вечер, погодувајќи само 16 од вкупно 49 обиди од игра. Сепак, добрата одбрана во финишот им донесе нова победа, вкупно 30-та оваа сезона.

Кај Далас како по обичај најефикасен беше Дирк Новицки со своите 27 поени, но освен од Џејсон Тери (18 поени), Германецот и немаше некоја поголема помош од соиграчите. Дополнителен малер за Мавси беше повредата на стартниот центар Брендан Хејвуд по само 30 секунди игра.

Минесота втор пат во последните седум дена успеа да слави над ЛА клиперс, овојпат на домашен терен со 95-94. Кевин Лав одигра фантастичен меч реализирајќи 39 поени и 17 скокови, со што целосно ги засени ѕвездите од противничкиот табор, Крис Пол и Блејк Грифин.

Резултати: Торонто – Орландо 88:92, Вашингтон – Голден Стејт 100:120, Кливленд – Јута 100:109, Чикаго – Индијана 92:72, Милвоки – Филаделфија 97:93, Оклахома Сити – Далас 95:91, Портланд – Њу Орлеанс 86:74, Денвер – Сакраменто 119:116 по продолжение, Минесота - Л.А. Клиперс 95:94.

Вечерва играат: Шарлот – Орландо, Индијана – Атланта, Бостон – Хјустон, Мајами – Њу Џерси, Детроит – Лос Анџелес Лејкерс и Далас – Њујорк.

ИСТОК: Чикаго 32-8 (победи-порази), Мајами 28-9, Орландо 25-14, Филаделфија 22-17, Индијана 23-13, Атланта 22-15, Бостон 19-17 итн.

ЗАПАД: Оклахома Сити 30-8, Сан Антонио 25-12, Лос Анџелес Лејкерс 23-14, Лос Анџелес Клиперс 22-14, Мемфис 22-15, Далас 22-17, Денвер 22-17, Хјустон 21-17, Минесота 20-19 итн.





Статијата е прочитана 177 пати.

Испрати коментар



Македонија со пад од едно место на ФИФА листата
Протест пред ФФМ против Хаџи-Ристески
Арсенал за малку до чудо против Милан
Македонија потопена на „Кантрида“
Мечот Вардар - Загреб одложен поради смртта на директорот Калеб
Нов пораз на Торус во регионалната БИБЛ лига
Абрамович го сака Јоаким Лев на клупата на Челзи
Де ла Роса нов лидер на возачите
Британските олимпијци советувани да престанат да се ракуваат
Загреб со рекордна победа во СЕХА лигата
Леванте се врати на четвртото место во Примера
Паралелки за фудбал, кошарка, ракомет и тенис
Малиот кристален глобус во слалом за Шилд
Интер се спаси од пораз во дуелот со Катанија
МЗТ Скопје без проблеми на гостувањето кај Торус
Нова победа на Вардар Про во СЕХА лигата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |