05.03.2012, 12:26 Нова победа на Вардар Про во СЕХА лигата
„Црвено-црните“ синоќа на гостувањето во Нашице беа убедливи во дуелот со хрватскиот преставник Нексе совладувајќи го со 27:21
Ракометарите на Вардар Про ја остварија 14-та победа во регионалната СЕХА лига. „Црвено-црните“ синоќа на гостувањето во Нашице беа убедливи во дуелот со хрватскиот преставник Нексе совладувајќи го со 27:21 (полувреме 15:12).
Најефикасен во победничкиот тим беше Тихомир Додер со 9 голови, додека Стојанче Стоилов и Добривоје Марковиќ постигнаа по 4 голови, а Филип Лазаров 3.
Вториот македонски претставник во ова натпреварување екипата на Металург, својот натпревар од ова коло против Црвена Ѕвезда го одложи поради обврските на противникот во шампионатот на Србија.
Следните настапи во СЕХА лигата, Вардар Про и Металург ќе ги имаат в среда и четврток во Скопје. Во Автокоманда, Металург ќе одигра два натпревари со тимот на Босна (7 и 8 март), а Вардар Про ќе биде домаќин на Загреб Кроација Осигурање на 8 март.
Табела: Вардар Про 44 бода (18 натпревари), Загреб 38 (15), Татран Прешов 37 (17), Металург 36 (15), Нексе 33 (17) итн.
|