Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.03.2012, 14:22
Одземени 10 возила при инспекција на диви превозници



Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведоа акциска контрола на дивите превозници во близина на наплатната станица во Глумово и на неколку локации во Скопје.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, при извршената контрола во согласност со Законот за превоз во патниот сообраќај, времено се одземени 10 возила кај кои е констатирано незаконско вршење превоз во патниот сообраќај.

Согласно членот 99 од Законот за превоз во патниот сообраќај предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за вршење јавен превоз, превоз за сопствени потреби и такси превоз без лиценца, злоупотреба на потврда за членство и возен картон, превоз на патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај без дозвола, и доколку се врши такси превоз спротивно на условите пропишани од страна на советот на општината односно на Советот на Градот Скопје.

Покрај предвидената глоба согласно законот се предвидени и времено одземање на возилото во период од шест месеци до една година.

Против решението на инспекторот за патен сообраќај не е дозволена жалба, а против решението на инспекторот за патен сообраќај може да се поднесе тужба за управен спор во рок од 8 дена од сторувањето на прекршокот. Тужбата за управен спор не го одлага извршувањето на решението за времено одземање на возилото донесено од инспекторот за патен сообраќај. Трошоците кои ќе се настанат за времетраење на спроведување на решението за времено одземање на возило до истекот на рокот за враќање на возилото паѓаат на товар на сторителот на прекршокот.

Во соопштението се наведува дека инспекциската контрола во патниот превоз континуирано и секојдневно ќе се одвива и во следниот период, предвидени се инспекциски контроли во сите градови во Република Македонија со цел воведување ред во превозот во патниот сообраќај и доследно почитување на законските прописи.








Статијата е прочитана 1091 пати.

Испрати коментар



Пападимос изврши реконструкција на грчката Влада
Економска презентација на Македонија во Мумбај
„Фејсбук“ падна на неколку часа
Амбасадорот Перо Стојановски поднесе оставка
Латас осуден за навреда на Героски
Источна Либија прогласи автономија
Запад не го милува Ѓукановиќ
„Тата“ понуди 350 милиони долари за „Сааб“
Тодоров разреши двајца директори на Детската клиника
Тадиќ го претстави новото „фиќо“
Полицијата ги засилува уличните патроли
Источна Либија прогласи автономија
Јамајка се откажува од британскиот трон!
Генералот Биениек во официјална посета на ГШ на АРМ
Барозо - Излегувањето на Грција од еврозоната би било катастрофа
Се интензивира македонско-британската соработка
Познат нарко-бос уапсен во Косово
Арифи денеска на средби со Филе и Брок
Девојката од Древеник се самоубила
Владиниот тим денеска во индискиот град Пуне
Грција намерно го одолговлекува решавањето на името
Џон Мекејн со поддршка за воздушни удари врз Сирија
Во Бугарија уапсен сопственикот на „Џумајлија“
Каде е Перо Стојановски?
Торнадо однесе бебе во поле
Пешевски - За промени во договорот со ОКТА треба согласност од двете страни
Арифи во Брисел ја претстави Националната стратегија
СДСМ со пакет еко��омско-социјални мерки до Владата
Илјадници Германци штрајкуваат за поголеми плати
Грчки танкер потона во близина на Атина
Италијанец осуден за импотенција
ЕУ воздржано реагира околу победата на Путин
Потпишан Меморандум за соработка меѓу МТСП и Филозофски факултет
МНР - Никој освен Грција нема дилеми за членство на Македонија во НАТО
Премиерот вети поддршка за индиските инвеститори
Победата на Путин ќе ги заживее руските финансиски пазари
Мистериозна смрт на девојка во битолско Древеник
Милибанд - Народот ќе го урне Путин од власт
Вицепремиерката Арифи во посета на Брисел
Попоски: Македонија да ја добие заслужената одлука
Владина делегација по инвестиции во Индија
(ВИДЕО) Новиот руски претседател се вика Путин!
Исчезнат ресенчанец пронајден мртов
Полицаец фатен при шверц на мигранти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 6°C, Мин: -1°C

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |