06.03.2012, 15:01 „Тата“ понуди 350 милиони долари за „Сааб“
Индискиот конгломерат „Тата“ понуди 350 милиони долари за купување на банкротираната шведска автокомпанија „Сааб“, пишува денеска „Фајненшел експрес“, повикувајќи се на неименуван извор близок до компанијата.
Тимот ја компанијата „Тата“ за глобални преземања преговара со „Сааб“ и со приватни инвеститори за можноста шведската презадолжена компанија да ја купи британската фирма „Јагуар Ленд ровер“, која се наоѓа во сопственост на индискиот конгломерат.
Официјален претставник на групата „Тата мотори“ одби да го коментира пишувањето на печатот.
Минатиот месец, претставници на „Сааб“ соопштија дека најмалку четири компании излегле со понуда за преземање на фирмата, од кои голем дел се надвор од Шведска.
„Сааб“, чиј сопственик е холандската компанија „Шведски аутомобили“ побара судска заштита од банкрот во декември минатата година, по серијата неуспешни преговори за продажба и спас на познатиот шведски бренд.
|