06.03.2012, 13:37 Загреб со рекордна победа во СЕХА лигата
Противникот на Металург во четвртфиналето на ЛШ ја декласира Црвена Звезда со неверојатни 25 голови разлика (50:25)
Ракометарите на Загреб Кроација Осигурање со рекордни 25 голови разлика ја совладаа Црвена Ѕвезда во натпревар од регионалната лига. Конечниот резултат на заостанатиот натпревар од 17.коло во Сеха лигата одигран вчеравечер во Загреб изнесуваше 50:25.
Хрватскиот претставник е следниот противник на двете најдобри македонски екипи кои учествуваат во оваа лига. Во четврток на 8 март, Загреб Кроација Осигурање гостува во Скопје кај Вардар Про, додека на 11 март во Вараждин, како домаќин ќе игра против Металург.
Македонскиот првак Металург утре и в четврток ќе одигра два натпреври против екипата на Босна Сараево и тоа како домаќин во својата сала „Автокоманда“.
Табела: Вардар Про 44 бода (18 натпревари), Загреб 41 (16), Татран Прешов 37 (17), Металург 36 (15), Нексе 33 (18) итн.
|