05.03.2012, 15:36 Паралелки за фудбал, кошарка, ракомет и тенис
Со меморандумот што денеска го потпишаа Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и националните федерации за фудбал, кошарка, ракомет и тенис, се предвидува отворање паралелки специјализирани за изучување на овие четири спорта. Двете државни институции и четиритите спортски организации со меморандумот се обврзуваат да соработуваат за воведување паралелки за овие спортови во Државното училиште за физичка култура „Методија Митевски-Брицо“ во Скопје од идната учебна година.
Ќе биде распишан конкурс и стручни екипи од федерациите ќе избираат ученици кои сакаат да бидат дел од паралелките. Втората селекција на кандидатите ќе ја прават истакнати спортисти од регионот што за финалниот избор ќе бидат поканети во Македонија. За учениците надвор од Скопје ќе биде обезбеден превоз и сместување во ученичките домови.
|