Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.03.2012, 17:01

Запад не го милува Ѓукановиќ

Поради организираниот криминал, Црна Гора тешко дека ќе може да ги исполни условите за влез во ЕУ во блиска иднина

Црногорската влада се соочува и со остри критики од Запад. Во еден ден минатата недела беа проголтани две горки пилули.

Најпрво беше објавено дека американската агенција „Стратфор“ оценила оти „цела Црна Гора, вклучително и нејзината влада, се дел од организираниот криминал“, а слични оцени изнесе и германската фондација „Фридрих Еберт“. Во годишниот извештај за состојбата во земјата се оценува дека „поради поврзаноста на политиката, економијата, корупцијата и организираниот криминал, Црна Гора тешко во блиска иднина ќе може да ги исполни условите за влез во ЕУ“.

Констатирајќи дека власта во Црна Гора не е промената од 1945 година, експертите на оваа германска фондација оценуваат дека Црна Гора е „полуконсолидирана демократија“. Притоа, се наведува и дека младиот премиер Игор Лукшиќ не ги исполнил очекувањата на граѓаните и западните земји.

Од црногорската владејачка коалиција беше единствено соопштено дека се збунети со овие оценки. Досега толку остри оцени на сметка на властите во Подгорица никогаш не дошле од Запад. По правило, оцените во најголем дел беа без искажувани пофалби, нешто што експремиерот Мило Ѓукановиќ и неговите соработници вешто го користеа во борбата против политичките противници.

Милка Тадиќ-Мијовиќ, извршна директорка на независниот неделник „Монитор“, вели дека е очигледно оти дошле нови времиња и дека од Запад дуваат некои нови ветришта.

„Оваа анализа на ’Фридрих Еберт‘ е она за што ние овде зборуваме со години. Мора да се прифати реалноста дека Црна Гора има сериозен проблем со криминалот и дека на врвот на криминалната пирамида е една политичка гарнитура која сите овие години опстојуваше на власт благодарение токму на врските со криминалот“.

Тадиќ-Мијовиќ смета дека Црна Гора ја очекува „хрватско сценарио“, односно дека на обвинителната клупа, слично како и во Хрватска, наскоро би можел да се најде поранешниот премиер.

„Мислам дека Ѓукановиќ би можел да биде таа ’крупна риба’ која ја бараат ЕУ и некои други европски влади како доказ дека Црна Гора се пресметува со криминалот“.

Во секој случај, пред Црна Гора е многу значаен период. Од судбината на експремиерот, кого германската фондација „Фридрих Еберт“ го нарекува „некрунисан крал на Црна Гора“ и „црногорскиот Путин“, ќе зависи и брзината со која таа држава ќе напредува кон ЕУ.






Статијата е прочитана 696 пати.

Испрати коментар



Градот доби четири нови сувенирници
Вацлав Клаус сака да ја растури ЕУ!
Приказната за македонската економија стигна и до Мумбај
Бесими - Реформите ќе продолжат без оглед на Чикаго
Предлози за имиња на улици во Скопје
Затворен францускиот „бос“ на имплантите
Становите лани биле поевтини во однос на 2010
Синдикатите најавуваат прекин на желез��ичкиот сообраќај
Македонската економија стабилна и покрај должничката криза
Тинејџер прободен со нож на Бит-пазар
Родова еднаквост само на хартија
Шест британски војници убиени во Авганистан
Пападимос изврши реконструкција на грчката Влада
Економска презентација на Македонија во Мумбај
Падот на „Фејсбук“ ги стресе електронските зависници
Амбасадорот Перо Стојановски поднесе оставка
Латас осуден за навреда на Героски
Источна Либија прогласи автономија
„Тата“ понуди 350 милиони долари за „Сааб“
Тодоров разреши двајца директори на Детската клиника
Тадиќ го претстави новото „фиќо“
Полицијата ги засилува уличните патроли
Источна Либија прогласи автономија
Јамајка се откажува од британскиот трон!
Генералот Биениек во официјална посета на ГШ на АРМ
Барозо - Излегувањето на Грција од еврозоната би било катастрофа
Се интензивира македонско-британската соработка
Познат нарко-бос уапсен во Косово
Арифи денеска на средби со Филе и Брок
Девојката од Древеник се самоубила
Владиниот тим денеска во индискиот град Пуне
Грција намерно го одолговлекува решавањето на името
Џон Мекејн со поддршка за воздушни удари врз Сирија
Во Бугарија уапсен сопственикот на „Џумајлија“
Каде е Перо Стојановски?
Торнадо однесе бебе во поле
Пешевски - За промени во договорот со ОКТА треба согласност од двете страни
Арифи во Брисел ја претстави Националната стратегија
СДСМ со пакет економско-социјални мерки до Владата
Илјадници Германци штрајкуваат за поголеми плати
Грчки танкер потона во близина на Атина
Италијанец осуден за импотенција
ЕУ воздржано реагира околу победата на Путин
Одземени 10 возила при инспекција на диви превозници
Потпишан Меморандум за соработка меѓу МТСП и Филозофски факултет
МНР - Никој освен Грција нема дилеми за членство на Македонија во НАТО
Премиерот вети поддршка за индиските инвеститори
Победата на Путин ќе ги заживее руските финансиски пазари
Мистериозна смрт на девојка во битолско Древеник
Милибанд - Народот ќе го урне Путин од власт
Вицепремиерката Арифи во посета на Брисел
Попоски: Македонија да ја добие заслужената одлука
Владина делегација по инвестиции во Индија
(ВИДЕО) Новиот руски претседател се вика Путин!
Исчезнат ресенчанец пронајден мртов
Полицаец фатен при шверц на мигранти



Весна.С. од Прилеп, 07.03.2012 02:17:22
Западот нормално не ги милува политичарите од ковот на мМило Ѓукановиќ односно истите ги милува се додека не ги завршат валканите работи за сметка на Западот ,а спротивно од очекувањата на тие кои ги избрале,а потоа западот ги отфрл како предмети за еднократна употреба.Истата судбина ќе ја доживеат сит политиќчари на Балканот,а кај нас тогашкога ќе го смениме името на државата т.е. нашиот идентитет .
K.Veleski, 07.03.2012 09:18:42
Zarem, toj ne e nivni proizvod.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Облачно

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: 1°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |