06.03.2012, 14:08 Генералот Биениек во официјална посета на ГШ на АРМ
Висока делегација на Сојузничката команда за трансформација на НАТО, предводена од заменик командантот генерал Миецислав Биениек, денеска претстојуваше во официјална посета на ГШ на АРМ.
Домаќин на генерал Биениек бил заменикот на НГШ на АРМ началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини.
- На разговорите во ГШ на АРМ пред гостите беа презентирани трансформацијата на АРМ, долгорочниот план за развој и искуствата од учеството во меѓународните мисии и оценувањето на декларираните единици на АРМ, информира Генералштабот на АРМ.
За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Биениек оствари средба и со министерот за одбрана Фатмир Бесими.
Генерал Биениек искажал задоволство во однос на прогресот кој АРМ го има направено во реформите и трансформацијата, а како најголем доказ за тоа ги навел успешното учество во мисиите предводени од НАТО, како и придонесот во процесот на трансформацијата во одбраната.
Сојузничката команда за трансформација на НАТО (Allied Command Atlantic „ACLANT“) е лоцирана во Норфолк, Вирџинија, САД. Оваа команда на Алијансата има водечка улога во процесот на промените и континуираното подобрување на капацитетите на НАТО, како и предводење во процесот на трансформација, со цел за подобрување на мисиите, операциите и ефективноста.
|