06.03.2012, 15:20 Шестмина кандидати за директор на „Охридско лето“
Шестмина кандидати се пријавиле на конкурсот за директор на фестивалот „Охридско лето“, кој по скратена постапка го распиша Министерството за култура, а беше отворен до 5 март.
Според Министерството, каде што денеска се очекуваше пристигањето и на последните испратени пријави по пошта, апликациите ќе ги разгледува посебно формирана комисија, а шестемина кандидати в четврток ќе бидат примени кај министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска.
По оставката на двајцата последни селектори и директорот Васко Василевски, на чело на фестивалот е в.д. директорката Анита Алоска, поранешна секретарка. (К.Р.)
|