Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
04.03.2012, 18:42

Значење на датумот за раѓање

Датумот на раѓање на секој од нас значи нешто посебно. Дознајте што носат во себе нумеролошките одредници на раѓањето

1. Луѓето родени на првиот ден од месецот се како шеќер и сол. Тие горат во љубовта и не се повлекуваат во тишина. Не е добро човек да им се налути.

2. Родените на вториот датум се карпи. Да се биде со нив е голема чест, но и меч. Никогаш не простуваат предавство.

3. Оние што се родени на трети се како камен. Опиеноста од себе, често им се удира од глава. Без нив не се може, а со нив не е лесно.

4. Личностите родени на четврти се како малечки кученца. И оние милостивите гризаат, зарем не? Со нив во љубовта никогаш не сте на сигурно.

5. Петките споредете ги со чаша полна со мед, но под медот има вода. Да се допре до нивното срце не е едноставно, затоа долго останувате жедни.

6. Луѓето од шестиот ден се како гаврани. Она што ќе го најават и го исполнуваат. Лесно се повредуваат. Многу се чувствителни.

7. Седумките се како птици во лет. Малку се на небо, малку на земја. Тие се добри набљудувачи, но и забавувачи.

8. Оние што се родени во осмиот ден во месецот се како театарски актери. Долго чекаат на улога, а кога ќе ја добијат, ќе направат се' како што треба. По свое!

9. Деветките се како кожурци. Се развиваат во убави пеперутки, но брзо згаснуваат ако не ги храните со љубов.

10. Родените на десетти имаат личност на желки. Секогаш пристигнуваат на целта, колку и да мораат да патуваат и ништо не им е тешко.

11. Тие се како море. Неистражени и привлечни, но опасни ако ги измамите. Не ветувајте им ништо ако не сте во состојба да исполните.

12. Оние од датумот 12 се како шатки. Немирни однадвор, мирни однатре. Добродетели на своја штета.

13. Луѓето од бројот 13 тешко се откриваат. Личноста им е како коприва. Додека сакаат се' простуваат, дури и неверство.

14. Бројот 14 е лавовски. Ловат додека не уловат, но и отфрлаат ако мирисот не им одговара. Многу се паметни.

15. Тие се како кртови. Никогаш не се откажуваат. Сакаат додека не изгорат. Држат до стилот.

16. Родените на шеснаесетти се како бамбусово дрво. Лесно се виткаат, но и итри се. Лесно е да им се пријде, зашто примаат секого. Дарежливи се додека некој не ги изневери.

17. Седумнаесет е како прилив и одлив. Многу се добри, но и внимателни во одлуките. Клучот е секогаш во нивни раце.

18. Тие се како корали. Тешко се доаѓа до нив, но кога човек ќе ги освои, тие стануваат украс. Горат одвнатре, но надвор тоа тешко го покажуваат.

19. Истрајни се во она што ќе наумат, длабоки во духот. Оставаат траги каде и да се појават.

20. Тие се полжави. Бараат сигурност, а би сакале да се авантуристи. Тешко е да се определат, зашто се несигурни во себе.

21. Тоа е бројот на стоногалката. Необична спојка на љубов и војна. Премногу нешто посакуваат одеднаш. Се шират на сите страни, па тешко се составуваат.

22. Луѓе - срни. Топли и полни со сочувство за другите. Многу се свесни за своите можности и никогаш не ги надминуваат.

23. Тие се како гускин пердув. Од едната страна галат, но од друга страна бодат директно во срцевината. Често се непредвидливи.

24. Тоа е бројот на мравките. Организирани и стабилни во одлуките. Паѓаат под товарот, но само ако е навистина претежок.

25. Како коњи - малку бараат за себе, а многу поднесуваат. Повеќе сакаат да прашаат, зашто не се склони кон грешки. Ниту туѓите грешки не ги прифаќаат лесно.

26. Слонови. Чувството на припадност за нив е најважно. Повеќе би премолчеле напад отколку да возвратат со навреда.

27. Тие се видри. Среќата не ги одминува, но на неа долго чекаат. Иако сослушуваат, често не го слушаат соговорникот. Се исклучуваат по потреба.

28. Родени се како луѓе - земја. Се борат за правда, иако често губат. Активни се и огнени, сакаат да го сменат светот и правилата.

29. Овие личности се како петли. Го чуваат своето од секаква напаст. Големи романтичари се, молчат за тоа, но покажуваат со дела.

30. Во овој број се родени луѓето - мачки. Ненаметливи се и постојано. Она што го велат, навистина и го мислат.

31. Многу се совесни и горди. Иако сакаат да зборуваат, не откриваат многу за себе.


Статијата е прочитана 6617 пати.

Испрати коментар



Што прават денеска
Како да го вратиме времето
Како Џенет Ли во филмот за Хичкоковиот „Психо“
По рехабилитацијата, одмор на Кариби
Ќерката го наследува сиот имот на Витни Хустон
Mobile World Congress 2012

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Облачно

Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 6°C, Мин: -1°C

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |