05.03.2012, 15:15 Малиот кристален глобус во слалом за Шилд
Австријката заврши како трета во слаломот во германски Офтершванг во кој триумфира младата Канаѓанка Ерин Мјелжински
Канаѓанката Ерин Мјелжински победи во слаломската трка во германски Офтершванг што се возеше во рамки на Светскиот куп во алпско скијање, но причина за славје и задоволство имаше Марлес Шилд. Австријката заврши на третата позиција што беше доволно да го осигура Малиот кристален глобус во оваа дисциплина.
Што се однесува со Мјелжински, ова е нејзин прв триумф во кариерата. Времето што притоа го оствари изнесува 1:53,59 минути што беше за 5 стотинки подобар резултат во однос на Американката Реси Штиглер на втората позиција. Шилд заостана 7 стотинки зад младата Канаѓанка чии најдобри постигнувања досега беа две 13 места во Куршевел и Цвајсл.
Резултати од женската слаломска трка во Офтершванг: Ерин Мјелжински (Канада) 1:53,59 минути; Реси Штиглер (САД) 1:53,64 мин.; Марлес Шилд (Австрија) 1:53,66 мин.; Тања Путиаинен (Финска) 1:53,72 мин.; Мари Мишел Гањо (Канада) 1:53,80 мин.; итн.
Генерален пласман во слалом: Марлес Шилд (Австрија) 660 бода; Тина Мазе (Словенија) 361; Михаела Кирхгасер (Австрија) 334; Тања Путиаинен (Финска) 320; Катрин Цетел (Австрија) 305; итн.
Генерален пласман во светскиот куп во алпско скијање: Линдзи Вон (САД) 1708 бода; Тина Мазе (Словенија) 1214; Марија Хефл Риш (Германија) 1075; Елизабет Гергл (Австрија) 914; Џулија Манкусо (САД) 823; итн.
|