Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
04.03.2012, 18:36

„Соочување со иднината“ - нов арт-фестивал

Во петокот во Битола се одржа фестивал кој ги обедини и градовите Похолц, Гдањск и Бремен



Битола - „Соочување со иднината“ е арт-фестивал што деновиве го организираше Националната установа Завод и музеј-Битола со цел да го прикаже поврзувањето на културното наследство со помош на нови уметнички технологии на изразување.

Битолскиот музеј на овој фестивал обедини повеќе европски градови како што се Похолц, Гдањск, Бремен и Битола, токму преку изразувањето на културното наследство. На овој фестивал, кој всушност значи „муза на уметноста - уметноста на музеите“, беа прикажани видеопроекции, инсталации, мултимедијални перформанси, краткометражни филмови, а се реализираше во соработка со Институтот „Ми Ту“ од Бремен, Германија, Уметничка галерија од Полска и Текстилен музеј од Германија.

„Сакавме да направиме еден мост меѓу минатото и иднината и затоа е одбран музејот како културно наследство. Поврзување на културното наследство со идните технологии како дигиталните медиуми и други алатки и перформанси и да се постиг��е комуникација меѓу старата и новата форма на изразување на уметноста“, рече координаторот на проектот Мартин Коклин.

Во петокот вечерта, учесниците на фестивалот секој на свој уметнички начин и со нова форма, го изразуваат своето видување на културното наследство, а беа вклучени уметници од Полска, Германија и од Македонија.

„Филмот е краток анимиран филм. Дете навлегува во виртуелниот свет, не знае дали е сон или јаве. Дејството се одвива половина во вистинскиот, половина во виртуелниот свет. Работен е во 3Д“, рече Никола Танчевски, еден од учесниците.

Арт-фестивалот ќе продолжи да се реализира во текот на оваа година, најавуваат од битолскиот музеј.

„Ќе следи работилница во јуни, а голем број наши заинтересирани уметници ќе можат да се стекнат со обука за аплицирање со вакви проекти до европските фондови, бидејќи и овој фестивал е реализиран на тој начин. Последниот настан ќе се одржи на 26 август на повеќе локации низ Битола, на отворено, со учество на голем број уметници и очекувам дека ќе бидат интересен. Уметниците ќе дадат многу од себе да ја привлечат уметничката публика“, најави Лилјана Христова, директор на Завод и музеј-Битола. (А. Б.)


Статијата е прочитана 161 пати.

Испрати коментар



Слики на Сашо Блажески на „Сараевска зима“
Македонските книги, сепак, се продаваат
„Златни обетки за Марија“
Александар Прокопиев доби „Балканика“ за „Човечулец“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Среда
Мешавина од дожд и снег
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |