Поради изборите, колото ден порано
Поради претстојните претседателски и локални избори во Македонија на 22 март натпреварите од 22 коло во првата лига се поместени за ден порано. Прволигашите своите обврски, наместо вообичаено во недела, ќе ги одработат во сабота на 21 март со почеток во 14 часот.
Во 19 коло во втората лига поместен е само натпреварот меѓу Тетекс и Маџари Солидарност. Наместо во сабота дуелот ќе се одигра во петок во 14 часот. Останати дуели во оваа конкуренција се на програмата во сабота во истиот термин. |