Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Почина Борис Мутиќ, легендата на хрватското спортско новинарство

Во 70. година од животот, по тешко боледување, почина Борис Мутиќ, легендарниот новинар и коментатор на Хрватската телевизија. Тој беше официјално во пензија, но и натаму коментираше, бидејќи не можеше без својата голема љубов.

На брилијантните коментари и неповторливиот глас на магот на спортското новинарство, кој беше известувач од 16. Олимписки игри и од 42 светски и европски првенства првенства (од нив шест фудбалски од СП во Германија 1974 до СП во САД 1994), се сеќаваат и постарите љубители на спортот во државава. Мутиќ коментираше 22 спорта, но специјалност му беа скијањето, гимнастиката и кошарката, а со голема страст коментираше и пливање, уметничко лизгање и коњички спорт. Триесетина години коментираше и фудбал, а беше познат по тоа што за натпреварите се подготвуваше разговарајќи со спортистите, тренерите и членовите на екипите. „За време на преносот треба да се создаде врска со гледачот и никако да не се скријат емоциите во вистинскиот момент“, знаеше да каже Мутиќ.

Во 2004 година тој ја прими наградата од Хрватскиот олимписки комитет за посебни заслуги во спортското новинарство.

Мутиќ е роден во Карловац 1993 година, а заврши учителска школа во Загреб. Дипломираше кинезиологија во Загреб, во првата генерација студенти на тогашниот Факултет за физичка култура. Со новинарство почна да се занимава во послдната година од студиите 1964 година, по речиси случајната средба со тогашниот главен и одговорен уредник на телевизија Загреб Марко Војковиќ и повикот да го дополни составот на спортската редакција. Како спортист Мутиќ играше во загрепската Индустромонтажа, а за атлетскиот клуб Динамо настапуваше во дисциплината скок во височина и троскок.


Статијата е прочитана 344 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Чеси ќе им судат на младинците во Грција
Исланд со респект за Македонија
Победи на лејкерси и на кавалирси, 17. пораз сезонава на селтикси
Бабунски шокиран од двата пораза
Фудбалски вести
Рекордерот Леб гладен за нови победи
Суперлига- Ѓорче Петров падна во Кичево!
Тодоровска му даде седум гола на Хипо
Поради изборите, колото ден порано
Јотовски без главен турнир во Анталија
Црна серија на Македонците на ЕП во шах