Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Есиен го задржа Челзи во трката

Челзи го одржа чекорот заедно со Ливерпул во трката за титулата со Манчестер јунајтед благодарејќи на голот на Есиен во 18 минута од мечот против Манчестер Сити. Во мечот на „Стемфорд Бриџ“, кој британските медиуми го нарекоа „битка на кешот“ домаќините постојано доминираа и на крајот заслужено победија. „Не знам како на сето ова ќе реагира Манчестер јунајтед. Кога си во возачкото седиште и некој доаѓа мора да сте малку нервозен. Сега е малку поотворена битката“, вели тренерот на Чели, Гус Хидинк.

На Јунајтед му остануваат 10 меча до крајот, вклучувајќи ги и натпреварите со Сити и со Арсенал на свој терен, а Челзи и Ливерпул имаат уште девет меча. „Доколку беа само четири бода разлика, ќе беше навистина блиска разлика, но вака Јунајтед ја има играта во свои раце, иако по поразот од Ливерпул се врати тензијата во лигата. Наше е да победиме во преостанатите натпревари. Така ќе се одржи притисокот, што би било добро за сите“, додаде Гус Хидинк, кој не се сложува со оние кои битката за титулата ја гледаат како битка меѓу Фергусон, Бенитез и него.

„Ова не е битка на менаџерите. Ова е битка меѓу играчите. На крајот секогаш тие победуваат“, потенцира Хидинк, кој уште еднаш потврди дека по 30 мај заминува, иако играчите го молат да остане. „Кажав јасно уште пред неколку недели. Не сакам сега да повторувам“.

Инаку, Челзи победи во своите први шест меча под палката на Хидинк, а седмиот беше нерешен 2:2 со Јувентус , резултат кој го одведе неговиот тим во четвртфиналето.

„Би сакале да го смени мислењето и да каже дека останува во наредните три години. Сите чувствуваме дека е фантастичен тренер“, вели Балак.

Резултати од последните два меча од 29. коло во Премиерлигата: Челзи - Сити 1:0, Астон Вила - Тотенхем 1:2. Табела: Јунај��ед 65 (-1), Ливерпул 61, Челзи 61, Арсенал 52, Астон Вила 52......

Кака: Сега навистина сум загрижен



Бразилската ѕвезда на Милан кажа дека нема идеја колку долго ќе отсуствува по новата повреда заработена на мечот со Сиена. Кака се врати викендов по рехабилитација од повредата на стапалото заработена на 7 февруари против Реџина. Влезе во вториот дел, но во 72 минута мораше да излезе: „Сега навистина сум загрижен. Не знам кога ќе бидам способен да се вратам на теренот. Не знам што да направам. Ја чувствувам истата болка“, изјави Кака.

Робен: Хунтелар, замолчи!



Двајцата Холанѓани во Реал Мадрид Арјен Робен и Клас Јан Хунтелар жестоко се судрија за време на мечот со Атлетик Билбао. Имено, по еден напад откако пропадна еден два додавањето Хунтелар го праша Робен зошто не му ја додал топката. А овој дрско му пора да ја затвори устата. Хунтелар тука не застана па постариот колега од холандската репрезентација го потсети дека тој не е оној кој треба да кажува кој да молчи. Во продолжение од мечот двајцата имаа тивки конфронтации па Хуанде Рамос реши да ги замени со Дани Преџо и Жулиен Фобер.

Барса не ја дава предноста



По победата на Реал М. на гостувањето кај Атлетик Билбао од 5:2, навивачите на „кралевите“ чекаа нов кикс на Барса. Но не дочекаа. Благодарејќи на блиц крикот на Бојан Кркиќ, кој за 180 секунди и' даде два гола на Нумансија (53 и 56 минута), Барса ја одржа предноста во однос на Реал М. на шест бода.

Резултати од 27. коло во Примера: Сантандер - Нумансија 5:0, Атлетико Мадрид - Вилјареал 3:2, Еспањол - Мајорка 3:3, Спортинг - Депортиво 3:2, Малага - Севилја 2:2, Валјадолид - Гетафе 1:0, Бетис - Осасуна 0:0, Алмерија - Барселона 0:2. Табела: Барселона 66, Реал М 60, Севилја 51, Вилјареал 45, Малага 43, Атлетико М. 43.....

Навивач убил фудбалер во шанса за израмнување во 90. минута



Еден ирачки фудбалер е убиен од навивач од огнено оружје во момент кога бил во шанса да го постигне израмнувачкиот гол, пренесува Би-Би-Си. Трагичниот инцидент се случил во последните моменти од натпреварот меѓу локалните екипи Синјара и Бухајре во гратчето Хил, во близина на Багдад, потврди полицијата. Се наведува дека фудбалерот бил погоден во глава и дека бргу починал.

Милан ја декласира Сиена, 300. гол во кариерата на Инзаги

 

Милан ја декласира Сиена со 5:1 во мечот од 28 коло во Серија А, победа со која „росонерите“ ја задржаа третата позиција на табелата, но и бодовната разлика во однос на Џенова, а останаа и на бодовниот минус зад Јувентус. Но, јунак на натпреварот беше Филипо Изнаги. Постигна два гола (45 минута и 71 минута) од петте на неговиот тим и стигна до бројката од 300 гола во кариерата. Покрај него во листата на стрелци за гостите од Милано се запишаа уште Пирло во 7 и Бразилецот Пато во 55 и 78 минута. Почесниот погодок за домашниот состав беше дело на Макароне во 62 минута.

Поефикасен натпревар видоа само гледачите во Палермо каде истоимениот домаќин го порази Лече со 5:2. За домашните поентираа Кавани во 11 и 58 минута, Симплицио во 18, Миколи во 41 и Кјаер во 55, двоен стрелец за гостите беше Тирибоки во 17 и 33 минута.

По поразот од Манчестер Јунајтед и елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампионите фудбалерите на Интер го продолжија походот кон скудетото во Серија А. Во дербито на коло викендот „нероазурите“ на својот тревник ја поразија Фиорентина со 2:0. Двоен стрелец за составот на Мурињо беше Златан Ибрахимовиќ. Во 11 минута среќно ја погоди мрежата на Фреј, но во четвртата минута од судиското продолжение на второто полувреме упати вистинска бомба од слободен удар при што гостинскиот голман беше немоќен да реагира.

„Од меч во меч ни' е се потешко бидејќи секој нареден меч е различен од претходниот. Од година во година е се' потешко да се стигне до титулата“, рече Ибрахимовиќ за ТВ Скај по мечот.

Рома и Сампдорија ги поделија бодовите во Џенова играјќи 2:2. Пацини ги постигна двата гола за домашниот тим, Баптиста двата за гостинскиот кој во 62 минута остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Мота.

Серија А, 28. коло



Резултати: Интер - Фиорентина 2:0, Сиена - Милан 1:5, Аталанта - Торино 2:0, Лацио - Киево 0:3, Палермо - Лече 5:2, Реџина - Наполи 1:1, Сампдорија - Рома 2:2, Удинезе - Катанија 1:1, Јувентус - Болоња 4:1, Калјари - Џенова 0:1.

Табела: Интер 66, Јувентус 59, Милан 54, Џенова 48, Фиорентина 46, Рома 46, Палермо 42, Лацио 41, Калјари 39, Аталанта 39, Наполи 36, Удинезе 36, Катанија 34, Сампдорија 33, Сиена 31, Киево 27, Болоња 26, Торино 24, Лече 23, Реџина 20.


Статијата е прочитана 485 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Почина Борис Мутиќ, легендата на хрватското спортско новинарство
Чеси ќе им судат на младинците во Грција
Исланд со респект за Македонија
Победи на лејкерси и на кавалирси, 17. пораз сезонава на селтикси
Бабунски шокиран од двата пораза
Рекордерот Леб гладен за нови победи
Суперлига- Ѓорче Петров падна во Кичево!
Тодоровска му даде седум гола на Хипо
Поради изборите, колото ден порано
Јотовски без главен турнир во Анталија
Црна серија на Македонците на ЕП во шах