Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Бабунски шокиран од двата пораза

Моите играчи мораат да ги ценат ривалите, а не да мислат дека се најдобри во лигата, вели тренерот на Работнички

Миодраг Мицковиќ

По двата неочекувани пораза, против Вардар и последниот против Ренова, нему му е сигурно најтешко. Тим менаџерот на Работнички Бобан Бабунски е се уште под шок од овие неуспеси кои го одалечија неговиот тим од одбрана на титулата. Наместо бодовната разлика со лидерот на табелата Македонија да се намали на само 6 бода, како што сите беа уверени во Работнички пред пролетниот старт, таа уште повеќе се зголеми на речиси недостижни 12 бода на 11 кола пред крајот на годинашново првенство.

Разочаран, депримиран, речиси и немаше зборови да ги објасни двата пораза против Вардар и Ренова првиот човек на Стручниот штаб на Работнички Бобан Бабунски. Одвај најде зборови обидувајќи се изнајде причини за еден ваков дебакл на неговиот тим, за кој сите сметаат дека има најдобар играчки состав во лигата.

-Што да кажам, се уште не сум свесен, ниту јас ниту моите играчи што не снајде во овие две кола, беа првите зборови на Бабунски. Зарем е можно да ги загубиме двата меча на кои очекувавме сигурни победи, но гледате и тоа се случи. Моите играчи мораат да имаат поголем респект кон своите противници, да не мислат дека се тие најдобри во лигата, дека е доволно само да излезат на теренот и да победат. Морам и да кажам дека играат под еден голем психолошки товар дека мора да победат, таа улога на големи фаворити во битка за титулата скапо не чинеше. Особено таа самоувереност кај играчите. Меѓутоа, јас имам доверба во овој тим, во нивниот квалитет. Убеден сум дека ќе играме многу подобро можеби ја загубивме шансата да ја одбраниме титулаа но тука е купот за да се појавиме во Европа. Но, сигурно со еден поинаков пристап кон играта и односот на теренот.

Дали ќе има парични казни за еден ваков дебакл, размислувавте ли за тоа?

-Јас не сум приврзаник на парични казни, тоа е најлесна работа да се казнат фудбалерите кога ќе загубат. Па тие самите себе си се казнија. За овие два меча имаа добри премии, имаа и посебни парични награди од спонзорите доколку победат. И видовте, ништо од тоа. Секој првотимец остана покус за околу 2.500 евра, не е тоа мала сума. Овој месец играат само за плата. Па сега нека размислуваат како ќе играат на наредните мечеви.

-Морам да кажам, продолжи Бабунски дека малку ни се поремети концепцијата во играта и подготовките бидејќи Масев, Божиновски, Пандев и Вандаир ни се приклучија подоцна, ќе треба време да се уиграат во овој состав. Го нема и голгетерот Кировски кој си замина во странство и сега треба да бараме нови решенија. Овој тим на Работнички има десетина нови играчи, не е тоа малку, ќе треба време сето тоа да се укомпонира и уигра.

-Знам дека сме погодени и разочарани по овие неочекувани порази но мислам дека се сепак добредојдени, играчите малку да се спушат на земја, да не летаат во облаци, да играат без потценување кон своите противници, премногу се занесоа дека се дрим-тим во Првата лига. А за тоа треба игра, треба и да се победува.


Статијата е прочитана 403 пати.

Испрати коментар

Од: TEDI
Датум: 17.03.2009 01:12:59
Hahaha dream team so igraci sto se izbrkani od tretoklasni klubovi od stranstvo.Se milsat deka se nesto posebno, a Vardar gi stavi vo djeb so 17 godisni deca.Podobro za niv da gi stisnat ga.ovite i da pocnat da igraat kako sto treba a ne da se umisluvaat deka se nekakvi zvezdi vo nasava utepana liga
Од: od fudbaler
Датум: 17.03.2009 10:36:57
retko koj trener posle 2poraza,ke rece veruvam vo ovie igraci i ne treba da se kaznat fudbalerite,bravo za babunski se gleda deka e golem covek i bese ekstra fudbaler,im posakuvam se najdobro i siguren sum deka ke izlezat pojaki od ovaa rezultatska kriza
Од: zare
Датум: 17.03.2009 14:13:00
Koga go smeni Santrac i bese V.D. selektor vo eden sportski vesnik pisuvase ; Babunski za Santrc bil Murino;. SMESNO
Од: zoran od skopje
Датум: 17.03.2009 15:12:49
mu dadova se najdobri igraci pari ine uspeja da bide prv kako ke bide prv trenerot e pocetnik toj treba da raboti so mladi pa nekoj da kaze deka go biva pa zatova ponavljaat
Од: oski-bt
Датум: 17.03.2009 18:12:50
Babunski e najgolemata zabluda na MAK-fudbalot i koga nastapuvase za Vardar i za reprezentacija bese ocaen kade se negovite Cileanci Boban,Suker, Prosinecki ....Najdobro da si podnese ostavka i da im go ostavi trenerskoto mesto na onie koj znaat i umeat toa da go rabotat.

Најди! во Утрински
Спорт
Почина Борис Мутиќ, легендата на хрватското спортско новинарство
Чеси ќе им судат на младинците во Грција
Исланд со респект за Македонија
Победи на лејкерси и на кавалирси, 17. пораз сезонава на селтикси
Фудбалски вести
Рекордерот Леб гладен за нови победи
Суперлига- Ѓорче Петров падна во Кичево!
Тодоровска му даде седум гола на Хипо
Поради изборите, колото ден порано
Јотовски без главен турнир во Анталија
Црна серија на Македонците на ЕП во шах