Јотовски без главен турнир во Анталија
Томислав Јотовски нема да игра на главниот турнир во рамките на тенискиот фјучерс во турскиот град Анталија (земја, 10.000 долари), бидејќи беше запрен во четвртото и последно квалификациско коло. Тенисерот со два настапа за македонската репрезентација во Дејвис купот во решавачкиот дуел загуби со 3-6, 6-2, 6-3 од четвртиот носител Стефан Пиро од Франција, кој е втор на ИТФ-листата до 18 години и 1006. на АТП-листата.
Со тоа, во Анталија ќе игра само Илија Мартиноски (843.), кој на главниот турнир влезе по откажувањето на Предраг Русевски, а противник на стартот ќе му биде Рикардо Сиџа (896.) од Бразил. Популарниот Пецко, пак, следната седмица ќе настапи на фјучерс во Египет. (Р.Д.) |