Тодоровска му даде седум гола на Хипо
Капитенот на македонската женска ракометна репрезентација Наталија Тодоровска со седум гола беше најефикасна во редовите на Подравка Вегета, која загуби од Хипо Нидерестерајх со 38:28 во Виена во претпоследното коло по групи од вториот круг во Лигата на шампионите. Тодоровска досега има 46 погодока во ЛШ, а на листата на стрелците води Германката Грит Јурак од Виборг со 83.
Група 1, петто коло: Виборг - Икаст 34:29, Хипо Нидерестерајх - Подравка Вегета 38:28. Табела: Хипо 10, Виборг 8, Подравка 2, Икаст 0.
Група 2, петто коло: Ѓер - Крим Меркатор 34:33, Олчим Валчеа - Будуќност Т-мобиле 31:22. Табела: Ѓер 7, Олчим 6, Крим 4, Будуќност 3. |