Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Да се јават сите жртви на Строс-Кан

Адвокатот на собарката упати апел и преку телевизијата

Париз - Адвокатот на собарката, која го обвини Доминик Строс-Кан за обид за силување, апелира и до другите жртви што имаат поплаки против поранешниот директор на ММФ да му се јаваат.

„Ги молиме сите жени во Африка и во Франција, кои евентуално биле злоупотребувани од Строс-Кан, да ни се јават, сакаме да разговараме со вас, сакаме да ви помогнеме, рече Кенет Томпсон преку француската телевизија Теле ТВ. Тој упати сличен апел и преку телевизијата Франс 2.

Доминик Строс-Кан, кој до неодамна важеше за еден од главните кандидати за претстојните претседателски избори во Франција во 2012 година, во понеделникот се изјасни за невин по обвинението за сексуален напад врз 32-годишната собарка во хотелот на Менхетен во кој отседна во мај.

Неговите адвокати тврдат дека имаат докази дека сексуалниот контакт со собарката се случил со двострана согласност, што Томпсон одлучно го отфрла. 

Адвокатот на француската писателка Тристан Банон по апсењето на Строс-Кан изјави дека неговата клиентка размислува за поднесување тужба против него поради сексуален напад  во 2002 година. Банон не сака да сведочи во САД во случајот што не е нејзин. 

Доколку биде осуден Строс-Кан се соочува со казна до 25 години затвор.




#
Статијата е прочитана 516 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
НАТО жестоко го бомбардира Триполи
Ќе има ли патник во авионот?
Шатлот „Ендевор“ паркиран во вселената
Конгресменот-воајер да си даде оставка
Одбиена тужба против Дик Марти
Аризона во пламен
Земјите од БРИКС бараат место во ММФ
За независна Шкотска - два референдума
Хрватска до јули во ЕУ
Над 120 Сиријци избегаа во Турција

"""