Над 120 Сиријци избегаа во Турција
ИСТАНБУЛ - Вкупно 122 Сиријци, меѓу кои жени и деца, во текот на ноќта ја минаа границата со Турција и побараа засолниште од безредијата во северозападна Сирија, објави вчера државната новинска агенција Анадолија. Агенцијата јави дека тие се сместуваат во шатори поставени во близина на границата, во турската провинција Хатај. (Ројтерс)
|