Шатлот „Ендевор“ паркиран во вселената
Фотографиите се направени на 23 мај, но НАСА ги објави во вторникот
Фотографијата е фантастична и ќе биде репродуцирана повторно кога и да стане збор за историјата на американскиот вселенски шатл. Фотографијата ја направи италијанскиот астронаут Паоло Несполи, кога ја напушти Меѓународната вселенска станица (ИСС) во мај, со капсулата „Сојуз“ за да се врати на Земјата. Според безбедносните процедури, руското летало никогаш нормално не би транзитирало кога е присутен шатл.
Тоа значи дека е прва фотографија на американски орбитер, закотвен на ИСС. Шатлот „Ендевор“ цврсто стои на предниот дел од станицата, која се движи преку површината на Земјата со брзина од 27.000 км на час и на висина од приближно 355 км.
Камерата на Несполи го следи носачот на ИСС, односно ’рбетот што ги носи четирите сета на гигантски соларни крила. Задниот дел е зафатен од европскиот роботски товарен брод „Јоханес Кеплер“.
Фотографиите се направени на 23 мај, но американската вселенска агенција НАСА ги објави во вторникот. Љубителите на вселената со нетрпение ги очекуваа.
Несполи помина многу време во текот на својот 159-дневен престој на станицата, фотографирајќи ја Земјата и животот на вселенската станица. Многу од тие фотографии се поставени на адресата на неговата мисија „Фликр. Оттука, беше многу очекувано дека астронаутот на Европската вселенска агенција ќе направи одлични снимки при единствената посета. Тајмингот и предметот за фотографирање, исто така, се совршени. На фотографиите се гледа како „Ендевор“ го изведува последниот лет во орбитата и го прави последното големо американско доставување - физички експеримент со честички од две милијарди долари, познат како „Алфа магнетен спектрометар“. Сега апаратот со тежина од седум тони е поставен на врвот на платформата.
Покрај тоа, „Ендевор“ беше избран орбитер што ќе го пренесе првиот американски сегмент на платформата, кога започна проектот кон крајот на 90-тите години. (Би-Би-Си) |