Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Конгресменот-воајер да си даде оставка

ВАШИНГТОН - Висок републиканец побара од демократскиот претставник Ентони Вајнер да поднесе оставка, истакнувајќи дека Конгресот не може да си дозволи да биде деконцентриран поради фотографиите и пораките со сексуална содржина, што тој им ги праќал на жени. Лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Ерик Кантор од Вирџинија е првиот висок законодавец кој изјави дека Вајнер, отворен либерал кој минатата година лесно доби седми двегодишен мандат во Претставничкиот дом, „треба да поднесе оставка“.

„Во земјата има многу сериозни предизвици и многу работа што треба да ја заврши Конгресот. Последната работа што ни е потребна е да се задлабочуваме во дискусии за конгресменот Вајнер и неговите активности на ’Твитер’“, рече Кантор.

Демократите беа уште погневни поради Вајнер, жалејќи се дека тој ефективно создал промени за републиканците, пренасочувајќи го вниманието на јавноста кон неговите пораки, а не кон нивниот непопуларен план да се намали програмата за здравствена заштита на постарите луѓе.

Вајнер, оженет со долгогодишна помошничка на државната секретарка Хилари Клинтон, призна дека испраќал непристојни фотографии од него и имал несоодветни онлајн врски со неколку жени. Но, тој рече дека не прекршил ниту еден закон и нема да поднесе оставка. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 523 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
НАТО жестоко го бомбардира Триполи
Ќе има ли патник во авионот?
Шатлот „Ендевор“ паркиран во вселената
Одбиена тужба против Дик Марти
Да се јават сите жртви на Строс-Кан
Аризона во пламен
Земјите од БРИКС бараат место во ММФ
За независна Шкотска - два референдума
Хрватска до јули во ЕУ
Над 120 Сиријци избегаа во Турција

"""