Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

За независна Шкотска - два референдума

Лондон - За евентуална независност на Шкотска ќе биде потребно одразување не на еден, туку на два референдуми, изјави министерот за Шкотска во британската влада Мајкл Мор.

Според неговото објаснување, референдумот што би го организирала шкотската Влада би бил само „советодавен“, по што би уследил втор плебисцит, што би го организирала британската ��лада, со кој би можела да се определи иднината на овој дел од Велика Британија.

Изјавата на Мор за Би-Би-Си-Шкотска предизвика гневна реакција на Владата во Единбург, а првиот министер Алекс Салмонд го оквалификува ваквото толкување на плановите за отцепување како „бесмислица“, нагласувајќи дека може да има само еден референдум за независност.

Салмонд и неговата Шкотска национална партија (СНП) се заговорници за раскинување на повеќе од 300 години старата Унија меѓу Англија и Шкотска и за отцепување на северот од Обединетото Кралство.

Во претходниот мандат Владата на Салмонд не можеше да организира референдум затоа што имаше мнозинство од само еден пратеник во Парламентот, но по убедливата победа на мајските избори тој сега има доволен број пратеници за да се закаже референдум. Во Единбург се верува дека тоа ќе се случи во втората половина на овој четиригодишен мандат меѓу 2013 и 2015 година.

Според Мор, владата на Салмонд нема законска основа самата да прогласи независност на Шкотска, како и дека тоа може да се случи само со преговори со британската влада за изградба на заедничка платформа по ова прашање.

Премиерот на Шкотска Салмонд денеска престојува во Лондон каде во Даунинг стрит 10 разговара со британскиот премиер Дејвид Камерон. Главната тема на разговорот е унапредувањето на економијата во земјата, но се верува дека на средната ќе стане збор и за најавите за организирање референдум за шкотската независност.


#
Статијата е прочитана 691 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 09.06.2011 11:29:03
Istorijata za Skotlanganite vo veza so antickite Makedonci za vreme na Romanskata imperija, ne se spomnuva zaradi tie razlozi, sto istoricarite na Evropa, ne najdoa nacin na koj da ne gi spominjat Makedoncite, kako sto gi spomnuvat vo istorija na Skotlanganite. Tie sakat na nekoj nacin da im dadat taa istorija na Grcite. I taka sporot so imeto ke doprinese, glavoboljki na golema skala so istoricarite so politicka tendencija. Iako Grcite, ne postojale v o toa vreme, a ako gi smatrate Atinjani da se Grci, togiska ste na totalno pogresna istorijska tema. A do sega ne sum znala da Skotlanganite ne se samostojni. Cudno da nie ja delime istata sudbina. A na Makedonija site se prkosat kako nekoji vlastodrzci od antikata. Budali ima dosta ako im dozvolime da ne gjutkat.
Од: Niko
Датум: 10.06.2011 12:46:01
Kaj si bre dedo Dimo, ovaa tvojata od anglo-saksonskiot svet pak lupeta nesto.

Најди! во Утрински
Свет
НАТО жестоко го бомбардира Триполи
Ќе има ли патник во авионот?
Шатлот „Ендевор“ паркиран во вселената
Конгресменот-воајер да си даде оставка
Одбиена тужба против Дик Марти
Да се јават сите жртви на Строс-Кан
Аризона во пламен
Земјите од БРИКС бараат место во ММФ
Хрватска до јули во ЕУ
Над 120 Сиријци избегаа во Турција

"""