Хрватска до јули во ЕУ
Виена- Хрватска очекува за неколку денови да добие зелено светло за финални преговори за членство во ЕУ, изјави хрватскиот вицепремиер Домагој Иван Милошевиќ.
"Многу сум уверен. Сите сигнали се многу позитивни. Верувам дека многу брзо, се работи за денови, дека ние ќе го имаме конечниот датум", истакна Милошевиќ во интервју за време на средба на Светскиот економски форум.
Тој додаде дека успешните преговори можат да ја доведат Хрватска до членство во Унијата во 2013 година.
"Тоа ќе овозможи зајакнување на економијата со пристап до најголемиот заеднички пазар во светот, ќе ги натера компаниите да бидат конкурентно поспособни и ќе ги внесе структурните фондови на ЕУ", објасни хрватскиот вицепремиер. (МИА) |