Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Земјите од БРИКС бараат место во ММФ

Меѓународниот монетарен фонд не може да биде ексклузивен имот на старите сили од Европа

Во мај тие со стиснати тупаници удрија на масата и рекоа „не!“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не е ексклузивен имот на старите сили на северот, на Европа, велат тие, барајќи контролата врз неодамна обезглавената меѓународна организации да премине рацете на новите сили во подем, таканаречените БРИКС-земји.

Оваа информација за јавноста беше обелоденета во Вашингтон, седиште на ММФ, и на неа стојат пет потписи, оние на земјите-членки на БРИКС: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Еден ден откако поранешниот прв човек на ММФ, Доминик Строс Кан, поднесе оставка, петчлениот клуб се соедини за да се побуни и да ја преземе својата должност.

Две недели претходно, додека се собираа во Санја, Кина, во провинцијата Хаинан, лидерите на БРИКС и формално излегоа со официјално соопштение, еден вид повелба за нивните барања. Претседателите на Јужна Африка, Бразил, Кина, Индија и Русија - Џејкоб Зума, Дилма Русеф, Ху Џинтао, Манмохан Синг и Дмитриј Медведев - ја демонстрираа својата подготвеност да носат поголема тежина во сите меѓународни организации. Заедно тие бараат политичката улога пропорционална на нивната економска важност. Тие сакаат да бидат портпароли на групата во подем што го предизвикува стариот поредок, остатоци од време кога во светот се' уште доминираа САД и Европа. Тие ја осудија традицијата прифатена во времето кога ММФ и Светска банка беа формирани, во 1945 година, што налага европското лидерство на ММФ и американска контрола на Светска банка.

И неколку недели подоцна, беше обелоденето името за најверојатниот наследник на Строс Кан, а не доаѓа од Индија, Бразил или некоја друга земја од земјите во развој, туку од Франција: Кристин Лагард. Зошто? Бидејќи земјите во подем, додека постигнуваа согласност од една страна за предизвикување на стариот светски поредок, всушност не беа во можност да постигнат согласност за тоа како тоа би го направиле.

Јасен пример е нивниот неуспех да се постигне консензус за единствен кандидат за функцијата прв човек на ММФ. Ова прашање оди подалеку од случајот со ММФ. Во најголем дел, БРИКС се всушност сили во подем. Но, тие немаат ниту политичка едноликост, ниту доволно заеднички интереси или вредности неопходни за формирање на блок. Во реалноста оваа група од пет земји постои само на хартија. Тие имаа доволно време за средби и „семејни фотографии“ во крајбрежниот град во Кина, но не и за нешто повеќе.

Некои аналитичари ја интерпретираат оваа промена во географијата и економската моќ како почеток на поделба на два политички поредоци. Од една страна победничкиот југ, а од друга заморениот дефанзивен запад. Овој став воопшто не е точен. И покрај поделената реторика наследена од студената војна, југот е длабоко поделен.

Во текстот под наслов „Дали постои БРИКС?“, од извонредниот веб-сајт „Телос-еу.цом“, политичкиот експерт Заки Лаиди заклучува дека земјите во подем се сила кога станува збор за упатување барања и протестирање. Но, објаснува Лаиди, тие не нудат никакви реални предлози. Наместо тоа, тие и понатаму остануваат заглавени во нивните утврдени регионални ривалства.

Во трката за следен директор на ММФ, тешко е да се замисли Бразил отворено да го поддржи единствениот вистински кандидат од југ, Мексиканецот Аугустин Карстенс. Наречете го тоа латино егоизам. Исто така, тешко е да се замисли дека Индија ќе застане во одбрана на кандидатурата на Кина.

Истото се случува и на политичкиот фронт. „Повелбата“ од Санја на БРИКС објаснува одредени различни ставови. Во овој период минатата година, Кина и Русија беа првите кои ги отфрлија обидите на Бразил и Турција да го доведат Иран на маса за да дискутираат за неговата нуклеарна програма. Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Москва и Пекинг имаа сопствени прерогативи. Кина е неспособна да формира обединет азиски фронт што ќе стои зад неа. Кавгаџиските барања на власта за голем број островчиња во Јужното Кинеско Море ги тероризираат соседите на Кина кои застанаа зад Виетнам (иронија на историјата) и побараа поддршка по секоја цена: како и американско засилување.

Во меѓувреме Русија е заглавена меѓу два света. Еден вид на почесен член на БРИКС-земјите, таа не е земја во подем туку непостојана земја. Како членка на Г-8, што треба да е составена од стари индустриски држави и демократии, Русија едвај може да се смета за легално формирана држава. Додека вистинските земји во подем имаат моќни технократски елити, руските „шерпаси“ минаа од аматери во холовите на глобалната власт.

Кога станува збор за современите проблеми на светот, земјите во подем немаат некакви конкретни планови. Тие немаа што да кажат во борбата против ширењето на нуклеарното оружје, борбата против морските пирати, дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток или глобалните климатски промени. Повеќето од „работата“ на овие прашања се' уште се прави од „стариот свет“.

Силите во подем може великодушно учествуваат во развојната помош, тука и таму, на билатерално ниво. Но, тие се спротивставуваат на се' што претставува мултилатерален фронт во државните работи. Стариот свет, со други зборови, не оди никаде. (Ле монд)


#
Статијата е прочитана 439 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
НАТО жестоко го бомбардира Триполи
Ќе има ли патник во авионот?
Шатлот „Ендевор“ паркиран во вселената
Конгресменот-воајер да си даде оставка
Одбиена тужба против Дик Марти
Да се јават сите жртви на Строс-Кан
Аризона во пламен
За независна Шкотска - два референдума
Хрватска до јули во ЕУ
Над 120 Сиријци избегаа во Турција

"""