Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Кога шефот дискриминира...

Комисијата за заштита од дискриминација, тукушто формирана, веќе почна да добива поплаки од граѓани

Жаклина Ѓорѓевиќ


Вработен се жалел на дискриминирачки однос од својот шеф. Директори на фирми им плаќале помала плата на инвалиди што работат кај нив само за да останат дома и да не доаѓаат на работа... Првиот случај е пријавен во тукушто формираната Комисија за заштита од дискриминација, додека за вториот допрва се очекува да пристигаат поплаки на адресата на ова тело, кое во иднина ќе ги разгледува сите случаи на дискриминација. Комисијата, која брои седум члена и ќе функционира како посебна институција, допрва ќе треба да ја докажува својата способност да се справи со случаите на дискриминација. Досега до неа пристигнале неколку претставки, но се очекува тој број нагло да се зголемува. Прогнозите се дека најголем број поплаки ќе се однесуваат на дискриминаторскиот однос на шефовите спрема своите вработени.

На Комисијата во јавноста се гледа како на трошка надеж во борбата против дискриминацијата што ја има буквално на секој чекор, но не секој се осмелува да проговори јавно за тоа. А и кога е така, се' се завршува само на зборови.

За предизвиците и очекувањата на Комисијата разговаравме со нејзиниот прв човек, Душко Миновски, кој има долгогодишно искуство во сферата на социјалните работи, а моментално работи како државен советник во Министерството за труд и социјална политика.

Миновски објаснува дека Комисијата е формирана врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Како што вели, граѓаните, конечно, имаат место каде што може да реагираат ако се чувствуваат дискриминирани врз која било основа.

„Значи, граѓаните можат да се обратат кај нас, а ние во рок од 15 дена треба да ја контактираме другата страна и ќе решиме што натаму. Може, на пример, да останеме само на иницијативата, може да процениме дека е потребно да се испеглаат работите. Но, доколку процениме дека има дискриминрачки однос од едната страна, тогаш може да и' помогнеме на странката при подготовка на предметот за да се процесуира пред надлежниот суд“, објаснува Миновски.

Комисијата би требало да се произнесе за одреден случај во рок од три месеци. Ако е потребно, можат да побараат и увид во документите на конкретна фирма.

За тоа кој ќе може да поднесува претставки, Миновски вели дека широка е лепезата на оние што би можеле да се чувствуваат дискриминирани, почнувајќи од полот, па возраста, образованието, здравствената состојба, политичката припадност, религијата, бојата на кожата... Тој посочува дека и досега во Министерството се знаело за многубројни неправилности, како што е тоа случај со инвалидите што ќе можат да се пријавуваат во комисијата.

„Во инспекциските надзори врз работодавците што вработуваат вакви лица и поради тоа имаат субвенции од државата постојано се констатираат неправилности. Па така, ако примаат плата од девет или 10 илјади денари, работодавците им препорачуваат на лицата со хендикеп да седат дома, а за возврат, на први во месецот им исплаќаат половина или триесет отсто од платата само да не доаѓаат на работа. Но, со тоа комплетно се запоставува ефектот што сакаше да го постигне Владата, а тоа е тие лица да бидат вклучени во системот, да се социјализираат и да се почувствуваат дека се општествено корисни“, вели првиот човек на комисијата.

Според него, срамно е што имаме некултурно однесување кон одредена група граѓани. За пример го посочи однесувањето кон Ромите во јавните институции каде што постои различен третман во споредба со Македонците, иако тоа не смее да се случува. „Евидентно ни се случува такво нешто. Живеат гетоизирано и немаат услови да ја одржуваат личната хигиена, но тоа не ни дава право различно да ги третираме“, додава тој.

Тужба за дискриминација, според Законот, може да поднесе не само поединец, туку и здруженија и фондации ако сакаат да ги заштитат интересите на групата што ја застапуваат. За оние што повикуваат или поттикнуваат дискриминација се предвидени казни во износ од 400 до 1.000 евра. Толку изнесуваат и казните за оние ш то ќе го повредат достоинството или создаваат заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, или ако го доведат во неповолна состојба лицето што пријавило дискриминација или на кој било начин учествувале во постапката за дискриминација.


#
Статијата е прочитана 2575 пати.

Испрати коментар

Од: другар му на Амди
Датум: 20.01.2011 12:31:11
Ова тело ќе биде само препраќач на граѓаните до органите кои се навистина надлежни за решавање на овие прашања. И досега беше предвидена заштиата од дискриминацијата и и постоеја надлежни органи. На пример, Уставниот суд, редовните судови, народниот правобранител и многу други. Вистината е што нашите домашни „експерти“ ја продадоа оваа идеја да има посебна Комисија и земаа пари, а на Буџетот остана да дава пари за уште една непотребна институција.
Од: trajanka od probistip
Датум: 20.01.2011 14:12:58
nemi e jasno dusko so vakvi rabototi se zanimava vo ministerstvo a mnogu povazni raboti kako uslovi,prava,centri za hendikepirani lica staveno na sporeden kolosek.............
Од: јордан јовановски
Датум: 20.01.2011 17:02:28
Абе Дуле Миновски имам само едно прашање. Кога тебе пред година или две, не знам, преку ноќ те сменија од местото ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР, и на твое место седна, оној несреекен ЗАБОЛЕКАР, за кој не знаеме ни како изгледа, за државен секретар за труд и социјална политика, ДАЛИ ТИ СЕ СПРОТИВСТАВИ? Или тое беше чисто ПАРТИСКА РАБОТА? Ајте олади. Мој совет тие да не се појавуваш како порано во јавноста.Ке те сменат...
Од: Barbi
Датум: 21.01.2011 04:56:08
Tie 400-1000 evra odat kade? Vo nekoj budzet ili kako odsteta na diskriminiraniot rabotnik? Vo sekoj slucaj mala e taa globa. Ako vo edna sivalna za tekstil deset rabotnicki se dolgo vreme diskriminirani i gazdata plati samo 1000 evra nisto ne ste napravile ako ne go globite 1000 za sekoj zlostavuvan rabotnik i obavezno da se obesteti rabotnik so pari. I sekoj rabotnik treba da bide zastiten od dopolnitelno matretiranje koga ke prijavi diskriminacija. Samo sedum lica za cela Makedonija? I toa e malku.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Политиката ја продолжи тутунарската сага
Бензинот чудно мириса
Резил од протест
Тачи се навредил од поканата за лидерска
Бледнее ли ѕвездата на Груевски?
Полицијата заплени 1,5 килограми висококвалитетен кокаин
Голем концерт во Скопје на 19 март
„Како бити херој у ова шугава времена?“
Возовите уште долго ќе не' клацкаат со 50 км на час
Годинава поскапо и авансното рентање велосипеди
Штом молчат министрите, ќе царуваат шпекулациите
Груев „Волјата на револуционерна Македонија“
Ајде сите сами на избори
Добија втора ќерка
„Мајки“ не влезе во потесниот круг за „Оскар“
Карикатура
Украинските автобуси подготвени да тргнат за Скопје
Уапсен Македонец за шверц на злато
Прва фотографија од синчето Флин
Со коката Боливија ќе војува со „Кока-кола“
Македонија и Грција ќе се соочат на 21. март
Стил
Денеска средба меѓу политичките лидери