Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

5 прашања 5 одговори

Ајде сите сами на избори

Марјан Додовски, претседател на ВМРО-НП

Александра М. Митевска


Дали ВМРО-НП останува на определбата за самостоен изборен настап, со оглед на најавите за обединување на десничарскиот камп контра ВМРО-ДПМНЕ?


ВМРО-Народна партија е единствената политичка партија во македонскиот политички блок што досега секогаш настапувала сама на избори. Настапот сме го темелеле врз изворните принципи на ВМРО и секогаш со реална економска и социјална програма. Пораката што се испраќаше до македонскиот граѓанин секогаш беше авангардна со јасни пораки за стабилна и просперитетна иднина за македонскиот граѓанин и за македонската држава. Од таа гледна точка на сите партии им упативме порака сите да излезат на избори сами за да знаат граѓаните за која програма и политика реално да се определат, без затскривање зад големи и обемни коалиции, кои претставуваат параван за најразлични манипулации и создавање нереални и безлични политички фигуретки на македонската политичка сцена.



На каков изборен резултат и на каква позиција по изборите се надевате?

По следните парламентарни избори една работа ќе биде сосема јасна, а тоа е дека без ВМРО-НП нема да може да се формира следната македонска влада. Тоа би значело дека во следниот македонски парламент ВМРО-НП ќе биде гарант на демократијата и фактор за зачувување на демократските вредности во нашата држава. Кога би говореле низ бројки, тоа би значело дека очекуваме да ја добиеме поддршката на минимум една третина од стандардното вмровско гласачко тело, кое вкупно брои околу 300 илјади гласачи, а, секако, значаен е и моментот на пристапување на поддржувачи и членови што досега воопшто не биле партиски и политички активни. Значи, кога денес би се одржале парламентарните избори, очекуваме во македонскиот парламент да бидеме присутни со 12 до 15 пратеници.



Вашата партија пред извесно време го стави во функција Републичкиот изборен штаб. Не мислите ли дека малку избрзавте, бидејќи се чини извесно дека изборите ќе бидат во редовниот термин?

Одлуката да се формира Републички изборен штаб се покажа како целосно исправен потег во концептот на нашето партиско функционирање. Ние сме единствената политичка партија што на 23 октомври -Денот на ВМРО, излезе со политичка порака до граѓаните на Македонија. Истакнавме дека е дојдено времето за повторни промени, со што би се вратило достоинството, надежта и иднината кај македонскиот граѓанин. Човекот е во центарот на вниманието со почитување на христијанските вредности и со порака за благосостојба за сите.

Републичкиот изборен штаб претставува и тело што темелно се конституира и прецизно се подготвува за избори - независно какви ќе бидат, дали предвремени или редовни. Во таа насока се одвиваат и теренските активности преку консолидирање на целокупната партиска инфраструктура. ВМРО-Народна заедно со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се единствените политички партии што имаат партиска инфраструктура на целата територија на Македонија.



Како ги коментирате тврдењата во јавноста дека соработувате со владејачката ВМРО-ДПМНЕ и дека поради тоа не се конфронтирате толку жестоко меѓу себе?

Многупати досега сме истакнале дека како партија функционираме како дупла опозиција - и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што нашата партија има засилен раст и се' поголема поддршка кај македонските граѓани претставува сигнал за политичките противници повторно да започнат да се занимаваат со најразлични конструкции, шпекулации и манипулации. Сме издржале многу. Знаеме колкава е нашата сила и имаме јасен концепт за организирање и функционирање. Досега многупати сме биле предмет на најразлични конструкции и манипулации, па во таква насока ја гледаме и оваа последнава.



Ќе имаат ли избирачите можност да го видат Љупчо Георгиевски како кандидат за пратеник во кампањата за престојните парламентарни избори?

Да. Едно е сигурно, нашиот почесен претседател, а воедно и досега најуспешниот македонски премиер, најдиректно ќе биде вклучен во целиот изборен процес. Георгиевски на следните парламентарни избори ќе биде носител на листа во една од Изборните единици со директен ангажман во водењето на кампањата.


#
Статијата е прочитана 1814 пати.

Испрати коментар

Од: Zlatko
Датум: 20.01.2011 12:26:07
vreme e da se vrati vistinskoto VMRO koj e gen na makedonskiot kod i makedonskata zemja.Sto pobrzo toa podobro za site nas.
Од: забеган.
Датум: 20.01.2011 12:38:21
Ако се врати ЉУБЧО верувајте ќе имате голем успех.Се уште од дружејне со познаници се декларират со зборот ние сме Љубчовисти.Љубча и ако не сум за Десницата ако веќе постојат Десни и Леви.Пошто сите се Лева рака десни џеб.Сепак не заборавам дека за времето на Љубчо имаше ДЕМОКРАТИЈА.Имаше градејне се направија невидени работи.Ако не беше ЉУБЧО се уште ќе висеа бандерите за струја изградени во времето на ТИТО. И ќе чекавме на секое ветерче да нема струја по 10 дена.За негово време имаше за сите што има денес.
Од: Od Bolivija
Датум: 20.01.2011 13:24:48
Sega ke odi celata postapka vo Sobranieto na ON i MSP! Najgolem broj Nevrzanite ke ne podrzhat!
Од: Дејан
Датум: 20.01.2011 13:43:43
Јас сум Љубчовист и се гордеам со тоа. Се до дека Народна Партија го има Љубчо ќе има и идеологија. Се до дека има идеологија ќе има и следбеници кои веруваат во идеологијата за побогата Македонија и никогаш нема да гледаат на Парртијата како Агенција за вработување. Затоа секогаш имало и ќе има „Љубчовисти„.
Од: meto
Датум: 20.01.2011 14:08:06
hahah bez VMRO NP nemalo da se formira vlada.. zar uste veruvate deka nekogas ke imate rezultat posle site sramni raboti sto gi napravi vasiot Ljupco...
Од: Ljupco
Датум: 20.01.2011 15:11:18
Враќањето на Љубчо на политичката сцена ќе ги разреши сите дилеми кај ВМРО-вското гласачко тело. Верувам дека и голем дел од неопределените ќе се потсетат колку квалитетно се живееше кога тој беше премиер и ќе му ја дадат својата доверба. Тој досега е единствен политичар кој ја сноси одговорноста за секој свој искажан став, а тоа народот знае да го цени.
Од: bitolcanec
Датум: 20.01.2011 15:22:35
edinstvenata partia koja go soocuva narodot so realnosta vo site polina bez ronka pardon kon drugite toa e vistinskoto VMRO. Ljupco nie sme so tebe od den na den se pobrojna e cetata vojvodo
Од: Karokan
Датум: 20.01.2011 16:02:17
G-dine zabegan,se gleda deka so odredena doza na simpatija (navivacka) zboruvas za Ljubco i negovoto vreme.Toa e tvoe legitimno pravo.Jas ne bi navleguval vo polemiki okolu demokratskoto ziveenje,kvalitetot na zivotot i sl. Edno nesto me stavi vo nedoumica??? Potocno na sto mislese so ona za banderite za struja i cestoto snemuvanje na struja poradi toa????? Eve,navistina ova mi ostana nejasno!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: stefan
Датум: 20.01.2011 16:36:07
Drugari nesakajki naletav ovde pa koga sum tuka da stavam i moje mislenje a toa e deka site ovije ljupco brane grujo se izliteni i site treba da si odat tamo na havaji i ida si gi arcat parite sto gi ukradoja i da gi ostavat mladite da ja opraat nasava zemja.Dosta patime bre ludje
Од: ivan
Датум: 20.01.2011 17:01:31
Uveren sum samo so Lupco Makedonia ke ima podobra idnina, ideolog, vizioner se nadevam deka ke dobie podrska od graganite na Makedonia ako se podsetime na negovite kvaliteti.
Од: Лајтнан
Датум: 20.01.2011 17:10:57
Малите риби се движат во јато, големите риби се движат самостојно! Љубчо е ајкула, кит на политичката сцена. Јасен, константен и прецизен во својата политичка порака. И покрај крајно безобразната пропаганда против него, вистината излегува на виделина! Кај е Љубчо за нив гласам и јас
Од: Dragan
Датум: 20.01.2011 17:41:19
Честитам на партијата што направи големо освежување во сите општински комитети. Оваа идеологија била поддржана порано ќе биде поддржана и сега. Само ваква чисто православна партија конечно може да ги обедини Македонците. Да живе Македонија.
Од: Трпе
Датум: 20.01.2011 19:18:17
Фали ме усто да не те раскинам.Во РМ се случуват парадоксални работи,Кога е познато за кого се бори десницата а таа најголемиот број на гласови ги добива од сиромаштијата.Кој и да дојде на власт на следните избори,тешко да ја опорави земјата,по ова цунами која ја снајде од пропагандната влада.Мора да се превземат голем број непопуларни мерки, за сепак се исправат некои рушевини.
Од: snajper
Датум: 20.01.2011 19:19:50
bre majkata site sakaat izbori.. se siri koalicijata sdsm-dpmne.. ne im e na predavnicite jasno deka nema vonredni izbori dodeka ne se resi problemot so imeto i toa prema predlogot na Nimic i nikoj drug udbaski i stalinisticki predlog.
Од: Fi-00003
Датум: 20.01.2011 21:20:50
Ludje kako Ljubco se rozdavet ednos na sto godini(taka velet starite).Ljubco tea i go dokaza.Toj e edinstven politicar sto nikvas ne izmomil,a mie,vakvi kakvi sto sme,taa doblest ne znajme da ja cenime i od nego naprajvme cern djaol.ZAtva ce ni se slucvet politicarcinja kako Gruja i Cervenka a i ne se samo tie.Ljubco e MESIJA za MAKEDONSKIOT NAROD!
Од: pero magacinero
Датум: 20.01.2011 22:14:49
ako luBco povtorno dojde na vlast potrebno bi bilo i dosta dimovska da se vrati i da se postavi nivnata zamislena granica kaj grupcin,a ke ni kazat od kade ni se korenite za da ne sme go lazele svetot,ovoj dodovski e obicen pion na bugaromanskata propaganda i se gleda so nego nee vo red,ovaa partija treba pod hitno da se zabrani i antimakedoncite lubcovistite da se proteraat od makedonija
Од: coece
Датум: 21.01.2011 01:31:41
vreme e da se vratat vistinskite VMROVCI dosta bese od ovie vmrovcina novopeceni koj do vcera bea SDSMOVCI i sega ni ja vodat drzavata so cesni isklucoci
Од: sv diitrija
Датум: 21.01.2011 04:18:22
Navistina zalosno .Vo mala drzava kako Makedonija da ima tolku politichki partii e kako CIRKUS. Znaci ako chovek vo djepot ima nekoe evro mozi da organizira politichka partija..Ova e samo rabota na poedinci za da dojdat do pratenichka stolica i da zibeat slobodno i bogato.Drugoshto me interesira Dali vo Makedonija ima luge shto glasaat za Lubcho BUGARINOT.nazistina ako ima toa e zal za Makedonija.
Од: перо швалеро
Датум: 21.01.2011 09:32:42
Имењак,уште мислиш дека го лажете светот? Да не се лажете себе?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Политиката ја продолжи тутунарската сага
Бензинот чудно мириса
Кога шефот дискриминира...
Резил од протест
Тачи се навредил од поканата за лидерска
Бледнее ли ѕвездата на Груевски?
Полицијата заплени 1,5 килограми висококвалитетен кокаин
Голем концерт во Скопје на 19 март
„Како бити херој у ова шугава времена?“
Возовите уште долго ќе не' клацкаат со 50 км на час
Годинава поскапо и авансното рентање велосипеди
Штом молчат министрите, ќе царуваат шпекулациите
Груев „Волјата на револуционерна Македонија“
Добија втора ќерка
„Мајки“ не влезе во потесниот круг за „Оскар“
Карикатура
Украинските автобуси подготвени да тргнат за Скопје
Уапсен Македонец за шверц на злато
Прва фотог��афија од синчето Флин
Со коката Боливија ќе војува со „Кока-кола“
Македонија и Грција ќе се соочат на 21. март
Стил
Денеска средба меѓу политичките лидери