Никол Кидман и Кит Урбан
Добија втора ќерка
Австралиската актерка Никол Кидман и нејзиниот сопруг музичарот Кит Урбан објавија дека добиле втора ќерка, која ја крстија Фејт Маргарет Кидман Урбан. Девојчето се роди на 28 декември во болницата во Нешвил, Тенеси, а веста досега се држеше во тајност. Бебето го роди сурогат-мајка.
„Нашето семејство е навистина благословено и благодарно што ја доби Фејт Маргарет. Немаме зборови со кои можеме да ја опишеме нашата благодарност кон сите што не' поддржуваа во последниве месеци, посебно кон сурогат-мајката“, велат Кидман и Урбан во својата заедничка изјава.
Очигледно, Кит и Никол, кои и обајцата имаат по 43 години, чекаа да помине доделувањето на „Златен глобус“ за да ја објават веста. Двојката е во брак од 2006 година, а во 2008 ја добија ќерката Сандеј Роуз. Кидман има и две посвоени деца од претходниот брак со Том Круз, Изабел и Конор. |