|
Едиторијал
Бензинот чудно мириса
Маја Томиќ
Ни тргна годинава со поскапувањата. Ако вака продолжи, до декември платата веќе нема да ни стасува ни за леб и млеко. Трговците секој ден лепат нови цени и тој процес нема брзо да заврши. Уште ќе лепат.
Во изминатите неколку месеци цените на бензините на секои две недели одат угоре. Ако по нешто друго не можеме да се почувствуваме онака европски, со најновата цена на „Еуросупер“ БС-98 од 77,5 денари или 1,26 евра за литар, станавме Европејци. Сега го стасавме нивото на повеќето европски земји, со кои ама баш по ништо не можеме да се мериме, а најмалку со стандардот.
Кога било тоа Македонците со просечна плата од околу 300 евра, и Германците или Словенците со плата од 1.500 и повеќе евра, да плаќаат речиси исти цени за еден литар бензин? И сите во државава креваат раменици и се прават немоќни да сменат нешто.
Додека граѓаните се' погласно негодуваат и коментираат, Владата упорно си молчи. Никогаш и не помислила да влијае врз намалувањето на цените на бензините преку намалување на данокот на додадена вредност, кој е 18 отсто, или, пак, на акцизите, ко�� се плаќаат за нафтените деривати. Не е луда да ги намали двата најголеми извора што го полнат државниот буџет со стотици милиони евра годишно. Се правда дека со која било интервенција ќе се нарушела буџетската маса. Парите од ДДВ биле однапред проектирани каде ќе се трошат и тука не смеело да дојде до дисбаланс. Притоа, нема врска што нивното евентуално намалување ќе значи и намалување на крајната продажна цена на бензините, секако, во интерес на граѓаните.
И Регулаторната комисија за енергетика си тера по свое, демек, законски. Таа си се држи до својата утврдена методологија за пресметка на цените на дериватите и на секои петнаесет дена, во зависност од движењето на светските цени на нафтата и на курсот на денарот спрема доларот, носи одлуки за нови цени. Тоа е секогаш на барање од ОКТА, единствен увозник и преработувач на дериватите во земјава. Небаре никогаш не смее да и' оди контра на барањето, а повторно во интерес на граѓаните.
И ОКТА е во случајов „чиста“. Си постапува според купопродажниот договор, според кој, има целосно право на секои 15 дена да бара поскапување, ако нафтата станала поскапа на берзите во светот. Без разлика на фактот што сигурно има резерви на нафтени деривати купени по стара, пониска цена. Нема шанси за 15 дена тие целосно да и' се потрошени, па да е принудена експресно да бара од Регулаторната комисија нови, повисоки цени на дериватите. Но, зошто да не, кога на тој начин остварува екстра профити.
Убаво си профитираат и продавачите на бензин кои на основната, рафинериска цена по која ги набавуваат дериватите од ОКТА, си ги пресметуваат и ги додаваат сите други трошоци, маржа, транспорт и слично. На крај бензинските пумпи го продаваат бензинот по двојно повисока цена од набавната. Супер заработувачка. Регулативата им дозволува да пресметуваат маржа од 0,5 до 1,5 денари за литар, но трговците секогаш одат со максималната маржа за да продаваат поскап бензин и да заработат повеќе пари.
Значи, сите профитираат и си ги полнат џебовите. Освен граѓаните. Тие, како и досега, се оние што плаќаат и се во загуба. Што е најстрашно, никој во државата ниту помислува нешто да смени ниту, пак, е загрижен поради тоа. |
#
|
Статијата е прочитана 1435 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 20.01.2011 13:13:49 |
|
Vo Evropa benzinot e 1,5 evra, sto znaci se uste ne sme Evropejci. Se uste e eftino ovde. Doprva doagaat poskapuvanjata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Chicho Mile |
Датум: 20.01.2011 13:19:56 |
|
Gospodo novinari, vi blagodarime na ovie periodicni izlivi na zagrizenost za se pobezobraznata cena na benzinot vo Makedonija, no bi ve zamolil samo za nekolku raboti; imeno bidejki imate kontakt so lugjeto zadolzeni za kreiranje na ovie ceni da gi zaprasate kako toa koga barelot nafta cinese 140 dolari, cenite na benzinite kaj nas bea na segasno nivo, a sega naftata cini 90 dolari za barel? Zosto, ako im se cesni namerite, ne ja objavat javno i transparentno formulata za presmetuvanje na cenata na benzinot i so toa da gi zaprat spekulaciite i "neopravdanoto" nezadovolstvo na gragjanite? Ako im e cista sovesta, ke ja prefrlat topkata na svetskite berzi i so pravo ke krevaat ramenici na prasanjata za postojanite skokovi na cenata na gorivoto. No, vaka, izgleda deka ne ese najcisto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Колјо |
Датум: 20.01.2011 14:33:13 |
|
Повисоки цени на бензините, повеќе пари во Буџетот, што ти е Комуњарска школа, гледан филам а народот си блее ли си блее. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 20.01.2011 15:11:51 |
|
Dodeka ima ovci ke ima i volna,rekol narodot. |
|
|
|
|
|
|
Од: JON |
Датум: 20.01.2011 20:26:50 |
|
Gospogjo Tomic. Sakam samo malku da ve informiram, a so toa i da ve upatam kako treba da se pišuva, odnosno da se analizira tema od vakov karakter. Najnapred treba da izvlečete informacii od site dostapni izvori za glavnite točki za koi pišuvate, što spored mene vo denešno vreme toa ne e nikakov problem. Znači,surova nafta. Nejzinata cena zavisi od berzite, at ie pak ja formiraat spored ponudata i pobaruvačkata. Znači, za site onie koi ja kupuvaat cenata e taa- ista. Trošocite za nejzinata prerabotka se isto taka standardni, t.e. isti za site. Od toa proizleguva i cena na benzin koja so mali otstapki vo poveketo zemji kupuvači ke bide +/- ista. |
|
|
|
|
|
|
Од: Aleksandar |
Датум: 20.01.2011 22:29:17 |
|
Ne e loso g-gjata novinar da proveri na internet kakvi se cenite na benzinite vo Evropskata unija pa potoa da pisuva sto saka. Predpostavuvam deka g-gjata novinar ne e internet-pismena. Nema potreba da me demantira bidejki toa e ocigledno. Vo denesno vreme vakov napis e ednostavno 'BRUKA' |
|
|
|
|
|
|
Од: mb od AU |
Датум: 21.01.2011 06:00:25 |
|
Znaete li kolku e benzinot vo Avstralija? $1.2 do $1.3. Presmetano vo denari, mu doaga od 52 do 57 denari. A platite ovde i ne se bas pomali od makedonskite. Kaj e logikata, neli trebase sekade cenite da bidat isti. E kaj smrdi sega, ovde vo AU ili vo MKD? |
|
|
|
|
|
|
Од: трајко |
Датум: 21.01.2011 10:34:37 |
|
Господине Јон,купувањето на нафтата и нејзината преработка се горе долу исти во сите држави,забораваш дека тие што ја преработуваат кај нас имаат просечна плата од 300 евра, а давачките кои ги зема државата не се ни горе ни долу исти во сите држави.Не мораш да се додворуваш до никого со ваков текст.Или мораш. |
|
|
|
|
|